Author: Media Point

Нова победа и нови три бодови за екипата на ЖФК Каменица САСА со победата над ЖФК Топ Гол од Битола. Во рамки на 18. Коло од Првата македонска фудбалска лига, ЖФК Каменица САСА славеше со високи 0:6. “Одигравме одличен натпревар, сосема очекувана и рутинирана победа на нашите девојки, кои прикажаа квалитет и класа на кои, сепак домашната екипа не изнајде начин да парира” – изјави стратегот на каменичани, Зоран Златковски Стрелци на головите за ЖФК Каменица САСА беа Ана Димитровска (4), Елена Паневска (1) и Пејтон Чик (1) Со оваа победа ЖФК Каменица САСА, актуелниот шампион на Македонија останува во…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера одиграното 26. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија (Исток) донесе многу возбудувања на фудбалските терени. На Градскиот стадион во Македонска Каменица, Кожуф триумфираше против Каменица Саса со 0-1. Стрелец на голот беше Костадинов во 80. минута. Каменичката екипа покажа бледо издание, без конкретна реализација во нападот. Целосна Фотогалерија од натпреварот ТУКА Прилепска Победа се враќа на прволигашката сцена, откако прилепчани денеска на свој терен го совладаа составот на Пехчево со 2-0, и стави печат на првото место на табелата. Победа сега има три бода повеќе од Беласица, и подобар меѓусебен скор од струмичани во трите натпревари сезонава. Победа…

ПОВЕЌЕ ...

На 05.05.2022 во 17.20 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода И.А.(34) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и кои ќе бидат вратени на сопствениците. И.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Двајца жители на Кочани, момче и девојка, изминатата ноќ биле избодени со нож во тепачка што се случила во градот, соопшти МВР. Околу еден часот по полноќ, полицијата го уапсила 26-годишниот М.Н. од селото Спанчево, откако било пријавено дека со нож ги нападнал 35-годишниот О.С. и 25-годишната Б.Ј. од Кочани. Поради тешките повреди лицата итно биле пренесени во Клиничката болница во Штип. „Ноќеска се примени двајца пациенти со убодни рани и скршеници, при што машкото лице беше во тешка клиничка состојба, со убоди во пределот на вратот и во левата рака, имаше тешко крварење и е однесено во…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица објави соопштение за граѓаните кои ја користат улица Церска, дека на ден 07.05.2022 година (сабота), во периодот од 10.00-13.00 часот ќе има прекин во сообраќајот на улица Церска во Македонска Каменица. “Улица Церска е во завршна фаза на градба и потребно е да бидат поставени пропусти на неколку локации” – стои во соопштението објавено денес од официјалниот налог на социјалните мрежи на општина Македонска Каменица

ПОВЕЌЕ ...

Свети Георгиј беше родум од Кападокија. Со Христос се запозна во својот дом. Кога татко му пострада за Христа и прими маченички венец, тој и мајка му се преселија во Палестина. Момчето порасна и стапи во војската на 20-годишна возраст дојде до чинот трибунал. Како таков му служеше на императорот Диоклецијан. Кога Диоклецијан почна да ги гони христијаните, младиот трибунал самиот објави дека е христијанин. Почнаа разни тешки измачувања, но великомаченикот истраја во сите нив, а благодетта Божја му помагаше и го исцелуваше. Неговото мачеништво, т.е. сведоштво наведе многумина да поверуваат во Христа. Во 303 година му ја отсекле главата.…

ПОВЕЌЕ ...

На 05.05.2022 во 01.20 часот во ОВР Македонска Каменица било пријавено дека на регионалниот пат Македонска Каменица – с.Саса патничко моторно возило „бмв“, управувано од Г.Г. од Македонска Каменица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото констатирани во Клинички центар Штип. Извор: Билтен на МВР

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, 52 дечиња од најголемите групи во детската градинка Бамби добија бесплатни офталмолошки прегледи. Прегледите се прават во самата градинка од страна на стручни медицински тимови. Како шти изјави директорката на детската градинка Бамби, Тодорка Велиновска „Со овие бесплатни прегледи, дечињата покрај ран скрининг и детекција на оштетувања на видот, добиваат и потврда за упис во основно училиште“. „Бесплатните офталмолошки прегледи се прават со болницата Медика С, а финансиски се обезбедени во соработка со општина Македонска Каменица и градоначалникот Димчо Атанасовски“, – дополни во изјавата директорката Велиновска Општина Македонска Каменица е прва општина во регионот која обезбедува офталмолошки прегледи за…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04.05.2022 година – Општина Македонска Каменица објави вест дека започна асфалтирањето на локалниот пат до Буќерско маало, дел од Стара Каменица. „Во текот на денешниот ден, овој пат кој е во вкупна должина од 510 метри и ширина од четири метри (асфалт во ширина од три метри и банкини од двете страни по 0.5 метри) ќе биде комплетно завршен“, – стои во изјавата од Општината, од каде најавуваат дека „По поставување на пропусти и крилни ѕидови на мост ќе биде асфалтирана и улица Церска. Согласно динамиката, оваа улица ќе биде комплетно завршена до крај на месец мај“. Со…

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика објави дека вечерва по полноќ поскапуваат нафтените деривати. Бензините од 95 и 98 откани поскапуваат за два денара по литар, а дизелот за 1,5 денар. Еве ги цените кои ќе важат од полноќ: Моторен бензин еуросупер БС – 95 86,00 (денари/литар); Моторен бензин еуросупер БС – 98 88,00 (денари/литар); Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар); Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар); Мазут М-1 НС 52,294 (денари/килограм).

ПОВЕЌЕ ...