Author: Media Point

Како што во телефонски разговор ни соопшти командирот на каменичката противпожарна единица, Малин Трајчевски пожарот кој денеска избувна над м.в Јуручки гробишта, во непосредна близина на врвот Китка, е локализиран и целосно е изгаснат во 15 часот. Во гасењето на пожарот учествуваа пожарникари од ТППЕ Македонска Каменица. Дел од теренот каде пожарот опустоши над 10 хектари нискостеблеста вегетација и трева е релативно тешко достапен.

ПОВЕЌЕ ...

Избувна пожар над Јуручки гробишта, во близина на врвот Китка Според командирот на каменичката противпожарна единица Малин Трајчевски на површина од околу 10 хектари горат трева и нискостеблеста вегетација. – “Станува збор за пожар на отворен простор, на релативно тешко пристапен терен. Зафатени се трева и нискостеблеста вегетација. Пожарот се уште е активен, екипите на ТППЕ остануваат на терен се до локализирање и гаснење на истиот” вели командирот Трајчевски Пожарот се наоѓа во непосредна близина на еден од изворите за вода, изворот Китка, од кој Македонска Каменица се снабдува со вода за пиење.

ПОВЕЌЕ ...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: За слободата на Македонија загина Никола Карев, претседателот на Крушевската Република Предавство во смрт го однесе претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, кој на денешен ден пред 117 години во нерамноправна битка, на 28 годишна возраст, го даде својот живот за слобода на Македонија. Карев, кој е роден во Крушево во 1877 година загина на 27 април 1905 година во месноста Свиланово, во близина на кочанското село Рајчани. По неуспешните обиди легално да се врати во Македонија, пролетта 1905 година, Карев решил да го стори тоа илегално. За Македонија тргнал со товар литература и со намера да…

ПОВЕЌЕ ...

КУД “Вера Јоциќ” започна постапка и интензивни подготовки за возобновување на т.н возрасна група во рамки на друштвото. Во наредниот период, како што стои во објавата, ќе бидат известени сите поранешни членови. “Почетната проба е на 29.04.2022 година, со почеток од 19:00 часот во Дом на Култура Македонска Каменица” – изјавуваат од КУД Вера Јоциќ во поканата упатена до сите заинтересирани кои сакаат да се вклучат иницијативата. Повторно да ја исполниме душата со нашата фолклорна традицијата и да се подсетиме на добрите поминати моменти во КУД,,Вера Јоциќ”. Линк до објавата: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=5060585914030805&id=100002383394041

ПОВЕЌЕ ...

Основните и средните училишта и утре нема да работат. Наставниците продолжуваат со штрајкот бидејќи не им е прифатлива понудата на Владата за зголемување на платите за 12 отсто. За разлика од нив вработените во градинките од утре го прекинуваат штрајкот и се враќаат на работа, што значи нормално ќе се згрижуваат децата. Претседателот на Синдинактот на образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков кажа дека на членството им била изнесена понудата од Владата за покачување на платите за 12 отсто и за повеќето од нив таа е неприфатлива. „Од вкупно 480 синдикални организации коишто се изјаснија, 388 беа  да се…

ПОВЕЌЕ ...

Земјотрес во источна Македонија е регистрран во 18 часот и 31 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како што се наведува, земјотресот е со магнитуда од 4,2 степени според Рихтер. Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, на 115 км југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна, регистрираше изутринава во 6:36 часот телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево. Ова го соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје од каде посочуваат дека земјотресот бил почувствуван во…

ПОВЕЌЕ ...

Во ноќен клуб во Виница затекнати малолетници, неиздавање фискални сметки На 24.04.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Биро за јавна безбедност и Секторот за внатрешни работи Штип спроведоа заедничка контрола во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во ноќен клуб во Виница. При контролата, од страна на Управата за јавни приходи е сочинет записник за неиздавање на фискални сметки, а од Државниот пазарен инспекторат записник за непоседување лиценца. Од страна на полицијата во објектот после 24 часот се легитимирани 19 малолетници и едно лице кое врши работи од обезбедување без лиценца за обезбедување, за што…

ПОВЕЌЕ ...

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, доцна вечерва ја погоди Босна и Херцеговина. Силниот земјотрес се почувствува и во Македонија откако граѓани од Скопје, Тетово и Прилеп на социјалните мрежи објавија за силниот земјотрес. Босанските медиуми објавија дека земјотресот предзвикал вознемиреност на граѓаните во повеќе градови поради што има зголемена фреквенција на луѓе по улиците. На фотографија која ја објави Дневни аваз се гледа улица во Мостар каде што паднале керамиди од кров на зграда после потресот. Граѓаните во БиХ информирале дека почувствувале силен земјотрес, додека оние кои живеат на повисоките катови во колективните згради изјавиле дека…

ПОВЕЌЕ ...

Распоред на Богослужбите за Велигденските празнувања во храмот Св.Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица: Велики Четврток 08:00 часот – Св.Литургија на св. Василиј Велики Света тајна Маслосвет (веднаш по литургијата) 17:00 часот – Читање на 12те Евангелија за Христовите страданија Велики Петок 07:00 часот – Царски часови со Голема вечерна и изнесување на светата плаштаница 17:00 часот – Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос со пеење на статии Велика Сабота 23:30 часот – Полуноќница со биење на црковните камбани 00:00 часот – објавување на Воскресението Христово. Следува Паскална Утрена и света Златоустова Литургија Децата до 7 – годишна возраст…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера се одигра редовното 16. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Во Тетово силите ги вкрстија, моменталниот лидер на табелата ЖФК Љуботен и двократниот шампион на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица. Она, на што реагираат од гостинската екипа и добрите познавачи на фудбалската игра е начинот на кој беше делена фудбалската правда на овој меч. Во целост ви го пренесуваме соопштението за јавност од управата на ЖФК Каменица САСА, како реакција на начинот на делењето на правдата по вчерашниот натпревар, кој требаше да биде вистинско фудбалско дерби. Нерешен резултат и само до бод во…

ПОВЕЌЕ ...