Author: Media Point

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението. Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред Велигден. Се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи…

ПОВЕЌЕ ...

На 15.04.2022 во времето од 15,00 до 16,00 часот во Кочани по претходна судска наредба од Основен суд Кочани од полициски службеници од СВР Штип и ОВР Кочани се лишени од слобода С. А.(20) и Н. А.(21) двајцата од Кочани, затоа што по извршен претрес во домот на С.А. во Кочани пронајдена и одземена е прашкаста материја и други предмети. За настанот е  известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

https://youtu.be/T9Bai3qQQYU Македонска Каменица, 16.04. 2022 година – Во осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА со 6:0 славеше против ЖФК Шкендија. Во листата на стрелци денеска се впишаа Ана Димитровска (3), ЛенчеАндреевска (2) и МилаТалевска (1 погодок). “Денеска прикажавме одлична игра. Извојувавме значајна победа во осминафиналето против одличната екипа на Шкендија од Тетово”, – кратко изјави стратегот на актуелниот државен шампион, Зоран Златковски кој додаде “одигравме навистина супер натпревар со дисциплинирана игра и многу создадени шанси и ефикасна реализација”. Фотогалерија од натпреварот: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=485515806412319&id=100048617124099 #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

ПОВЕЌЕ ...

Македонец и Бугарин вчера биле приведени во Делчево, откако биле фатени како разменуваат медиицински материјал. Според информациите, тие допатувале во дворот на Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево со службени возила на лаборатории од Скопје и Република Бугарија, каде што биле вработени, при што биле затекнати како вршат размена на медицински материјал. При претрес во возилата, извршен со судска наредба, во возилото на бугарскиот државјанин Д.К.И. била пронајдена и одземена ќеса со повеќе епрувети наполнети со течност. Извор: makfax.com.mk

ПОВЕЌЕ ...

19-годишен жител на кочанско село е уапсен – полицијата го сомничи дека силувал малолетна девојка, која била во несвест откако пиела алкохол, соопшти МВР. „На 14.04.2022 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода И.А.(19) од кочанско село. Тој се сомничи дека, по претходно консумирање алкохол, откако паднала во бессознание, извршил обљуба врз малолетна девојка од кочанско село, по што ја однел во болница за укажување на лекарска помош“, велат од полицијата. По целосно документирање на случајот, против осомничениот силувач ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Македонска Каменица, 14.04.2022 година – Унгарскиот амбасадор Н.Е д-р Ласло Иштван Дукс ја реализираше најавената посета на општина Македонска Каменица. Во рамки на посетата, оствари работна средба со градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. “Ги презентиравме потенцијалите за економски развој на Општина Македонска Каменица, за можностите за продлабочување на соработката помеѓу нашата и општини од Унгарија, но и за начините за привлекување на унгарски инвеститори” – изјави градоначалникот Атанасовски по завршувањето на работната средба Соработката, како што стои во соопштението за јавност, ќе биде интензивирана и на културен и образовен план, а сите…

ПОВЕЌЕ ...

Организаторите на Д Фестивал го потврдија учеството на Kalata чиј фронтмен е Симеон Ангеловски. Релативно ново музичко име на домашната сцена кое веќе сериозно го привлекува вниманието како на публиката, така и на музичката критика особено надвор од Македонија, – велат организаторите на фестивалот Црпејќи ја инспирацијата од изворната македонска музика, Калата ни доаѓаат со 9 музичари. Москито Стејџот е резервиран за претставање на впечатлив музички израз со игрива паралела помеѓу традиционалниот и современиот звук. Д Фестивал ќе се случи од 1 до 3 јули во Дојран: https://dfestival.mk/vleznici/

ПОВЕЌЕ ...

Културно-информативниот центар”Романса”Македонска Каменица распиша Конкурс за избор на најубаво украсено велигденско јајце. По повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, 22.04.2022 година, со почеток од 11:00 часот, пред Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица“, ќе се одржи избор на најубаво украсено велигденско јајце. Настанот е во организација на КИЦ “Романса” Македонска Каменица, а истиот е поддржан од општина Маједонска Каменица. Пријавувањето започнува денес, 14.04.2022 год, а ќе трае до пред почетокот на настанот, петок 22.04.2022 година, 11:00 часот . Заинтересираните учесници може да се пријават во просториите на Домот на Културата, секој работен ден од 09.00 до 15.00…

ПОВЕЌЕ ...

Поради изведување на градежни активности за поправка на дел од водоводната мрежа, без вода за пиење од градскиот водоводен систем ќе бидат корисниците од Суво Маало во Македонска Каменица. Планиран период, како што известуваат од ЈП КаменаРека, за прекин во снабдувањето со вода е три часа, односно од 09:00 до 12:00 часот.

ПОВЕЌЕ ...

Фото: Архива на Нова Македонија Бугарските власти продолжуваат да го спречуваат регистрирањето на здруженијата на етничките Македонци, како што се ОМО Илинден, Друштвото на угнетени Македонци, жртви на комунистички терор, Граѓанско здружение за заштита на фундаменталните индивидуални човекови права и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, наспроти 14-те претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права во врска со нарушувањето на слободите на здруженијата, се вели во извештајот на Стејт департментот за човековите права во Бугарија за 2021 година. Во еден пример, на 31 мај, Апелациониот суд во Софија ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација од ноември 2020…

ПОВЕЌЕ ...