Author: Media Point

https://youtu.be/kP6JEr6u94c ЖФК Каменица САСА супериорна во дуелот против ЖФК Истатов од Дојран. Убедливи 4:1 за домаќинките на натпреварот од 19. Коло од Првата женска фудбалска лига. Во листата на стрелци за домашната екипа се зспишаа Мила Талевска (2), Ангелика Икеда (1), Пејтон Чик (1). “Забележавме нова победа и нови три бода. Одигравме динамичен натпревар. Многу интересни ситуации на двете страни. Имаме победа против младата и одличната екипа од Дојран” – изјави Зоран Златковски, тренерот на ЖФК Каменица САСА Во продолжение на изјавата Златковски нагласи дека “денеска, тимот ќе ја прослави оваа значајна победа, но тие веќе размислуваат за големото куп…

ПОВЕЌЕ ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 мај. Денеска е Св. пророк Еремија. Овој голем пророк се роди 600 години пред Христос, за кого пророкуваше (поточно, пророкуваше за падот на египетските идоли и за доаѓањето на Дева Марија со Синот Исус Христос, во Египет). Почнал да пророкува во својата 15-та година. Во текот на неговиот живот се изменувале неколку јудејски цареви, кои Еремија преку своите пророштва се трудел да ги насочува кон праведно и правилно управување. Истите пораки им ги упатува и на своите сонародници, кои во тоа време биле длабоко западнати во идолопоклонство. Во врска со тоа…

ПОВЕЌЕ ...

Стојменова е родена 1985 година во Македонија, а во 2002 година се преселила во Марибор.(Фото:СДК.МК) Мандатарот за словенечка влада, претседателот на Движењето Слобода Роберт Голоб, кажа дека кандидат за министер за дигитална трансформација ќе биде Македонката Емилија Стојменова Дух. Таа на неодамнешните избори беше кандидат на Социјалдемократите, но во вторникот ја напушти партијата и сега е кандидат за министер на партијата на Голоб. “Движењето Слобода ме препозна како личност која може да помогне со носење на ефективна и успешна дигитална трансформација и јас сум им благодарна за тоа” изјави Стојменова за Н1. Стојменова е родена 1985 година во Македонија, а…

ПОВЕЌЕ ...

Македонци украле 150 литри дизел од паркиран камион во Словенија. Taмошните медиуми објавија дека тројца македонски државјани украле 150 литри дизел од паркиран камион „Сканија“. Жител на словенечкото место Бивје ги забележал трите лица кои му биле сомнителни и решил да се јави во полиција. Полицијата фатила двајца од нив, а третиот избегал во кафеана, каде што се криел половина час. Тројцата Македонци престојуваат во Словенија. Izvor: https://www.faktor.mk/trojca-makedonci-ukrale-150-litri-dizel-od-kamion-vo-slovenija

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 13.05.2022 година – “Асфалтиран е патот до Дракарска маала во село Луковица. На овој локален пат останува да бидат финиширани банкини од двете страни”, – стои во соопштението, денес објавено од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, во чие продолжение се вели “Продолжуваме со изградба на патишта во сите средини и трајно ги решаваме на инфраструктурните проблеми на нашите жители”. Со овој Договор ќе бидат реализирани локални патишта во неколку рурални и приградски средини.

ПОВЕЌЕ ...

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „лихварство” предвидено во член 260 став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во месец октомври 2018 година на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг. С.И., злоупотребувајќи ја тешката имотна состојба и потребата на пријавителката, во периодот од ноември 2018 до март 2022 година остварила противправна имотна корист во износ од 33.000 денари и предмет во вредност од 20.700 денари. Односно, оштетената за заем од 50 евра на…

ПОВЕЌЕ ...

На 12.05.2022 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Виница, по добиена судска наредба, извршиле претрес на дом и други простории кај О.А.(40) во Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „тешка кражба“ од две викенд куќи, едната во место викано Среден дол, атар на Виница, другата во место викано Вршник, атар на с.Блатец, виничко. При претресот одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. О.А. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, во Македонска Каменица се одржува еднодневен Саем на книги во организација на КИЦ Романса Македонска Каменица. Настанот “Сакам книги” се реализира пред Домот на култура, каде во присуство на директори и претставници на институциите од локалната самоуправа, присуствуваше и градоначаникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Во кратката изјава, дадена по тој повод, Атанасовски вели “Радува фактот што културата повторно ја враќаме на највисоко ниво и бројот на културни настани од месец во месец е во постојан подем”. Летната сезона, како што стои во соопштението од градоначаникот Димчо Атанасовски, ќе ја заокружиме со ново издание на манифестацијата “Каменичко Културно Лето”…

ПОВЕЌЕ ...

10.05.2022 Македонска Каменица, Состанок на партнерите: Агенција за економски развој од Разлог, Еколошко друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица и Шумарски институт од Софија во проектот ” Градење капацитет за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони CAPLOCOM” Проектот е финансиран од: Преку граничната програма за соработка: Interreg – IPA CBC 2014-2020, помеѓу Р. Бугарија и Р.С. Македонија, број на договор: RD-02-29-68/05.03.2021

ПОВЕЌЕ ...

https://m.youtube.com/watch?v=GmPfxQsbaGI&feature=youtu.be ДПД Кочани организираше Гала вечер: Се надеваме на нашата подадена рака и вие ќе возвратите со подадена рака Како што веќе претходно беше најавено, во среда (11.05.2022) година, во просториите на ресторан Ла Спеса за првпат Доброволното противпожарно друштов Кочани (ДПД Кочани) организираше Гала вечер. Истата помина во пријатна и позитивна атмосфера, за што најдобро сведочат реакциите од гоститете кои ја пофалија организацијата,а воедно и целиот настан. Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на сите присутни, но и на оние кои уплатија карта, но поради оправдани причини не беа во можност да присуствуваат. Нам, како ДПД Кочани…

ПОВЕЌЕ ...