Author: Media Point
Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови старешини и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград,…
Македонска Каменица, 23.05.2022 година – ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица со пригодна културно-уметничка програма и редица училишни спортски натпревари го обележа својот патронен празник. Сите денешни активности на учениците, спроведени во рамки на одбележувањето на патронот на училиштето беа во знакот на ликот и делото на македонските сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј. Во Домот на култура се оддржа пригодна културно уметничка програма, каде беа изведени редица на музички перформанси, драмски точки и рецитали на тематски литературни творби. Свое обраќање кон присутните ученици, колегиумот при основното училиште и присутните граѓани на Македонска Каменица имаа градоначалникот на општина Македонска…
Нова висока победа на ЖФК Каменица САСА од 6:0 против екипата на ЖФК Шкендија. И овој пат, гстинскиот терен не беше никаква пречка за убедлива победа на каменичките девојки. Одлично го одиграа натпреварот од 20. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија и остануваат во игра за трета последователна шампионска титула. Кон противничката голманска мрежа немилосрдни беа Мила Талевска (1), Ана Димитровска (3), Ангелика Икеда (1) и ПејтонЧик (1). Денеска, имаме нова убедлива победа и нови три бода за нашата екипа. Прикажавме одлична и борбена игра во одбрана и ефективна реализација на напаѓачите против цврстата и борбена екипа на…
Бадел 1862 е освојувачот на овогодишното издание на Првата женска кошаркарска лига откако во финалната серија славеше со 3-1 против Баскет Кам. Скопскиот состав до трофејот стигна со „брејк“ во Македонска Каменица триумфирајќи со 71-77 во четвртиот натпревар. Во изедначената игра во првата четвртина подобро се снајдоа домашните кошаркарки кои реализираа во последниот напад од првата четвртина за предност од 20-17. Добриот ритам Баскет Кам го задржа и на отварањето на втората четвртина во која стигна до предност од 27-19 за подоцна да влезе и во серија зад линијата 6,75 со која поведе и со двоцифрена предност (37-24). Сепак гостите…
По повод Денот на пожарникарите, денеска во Македонска Каменица е формирано првото доброволно противпожарно друштво ДПД “САСИ” – Македонска Каменица. Доброволното противпожарно друштво, согласно статутот, ќе функционира како доброволна, хуманитарна и непрофитна граѓанска организација. Основна цел на друштвото е помагање при гаснење на пожари и справување на елементарни непогоди. Веќе од понеделник, ДПД “САСИ” Македонска Каменица ќе објави Јавен повик за нови членови, на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани граѓани на Македонска Каменица, без разлика на пол, вера, возраст и национална припадност. По завршувањето на Јавниот повик ќе биде извршена обука на кандидатите, како и средби за…
https://youtu.be/TkTH_mTs5gQ Одбележан Денот на пожарникарите во Македонска Каменица Со посета на детската градинка Бамби, пожарникарите при ТППЕ Македонска Каменица ги започнаа активностите за одбележување на нивниот празник. Посетата на “Чичко пожарникар” во “Бамби” кај дечињата донесе многу радост и задоволство. Им беа презентирани и редица, прилагодени за возраста, едукативни содржини поврзани за пожарникарството, причините за настанување на пожар, како и заштита при настанување на истите. По повод денешниот празник на пожарникарите, командирот на ТППЕ Македонска Каменица, Малин Трајчевски покрај честитките до колегите пожарникари, даде краток осврт за значајот од ваквите едукативни настани, каде дечињата можат непосредно да се запознаат…
Претрес во Виница, приведен дилер На 18.05.2022, поциски службеници од Одделението за внатрешни работи Виница го лишиле од слобода С.Д.(37) од Виница. При претрес во дом и други простории во Виница, кои што ги користел С.Д., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени ампули со кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Финалето во женска конкуренција станува интересно. По двата порази во низа, Баскет Кам се разбуди во третиот меч, на гостувањето кај Бадел 1861 славеше со 73-74 по продолжение и намали на 2-1 во серијата. Алексиќ е херојот на актуелниот бранител на титулата, во последната секунда од продолжението постигна тројка и се избори за радост во редовите на својот тим и тага кај „баделки“ кои беа на секунди до пехарот. Истата кошаркарка беше причината поради која Баскет Кам се избори за продолжение, со тројка во финишот на последната четвртина изедначи ан 63-63, на другата страна Кметовска не успеа да го возврати…
Екипата на ЖФК Каменица Саса одигра доминатнен натпревар и славеше над АС Јунајтед (4-0), за прва титула во Купот на Македонија. Тимот од Македонска Каменица имаше контрола на играта и заслужено дојде до висок триумф, кој можеше да биде уште поголем да не беа голманките на тимот од Струга кои интервенираа во неколку наврати. И АС Јунајтед во ова финале го бараше првиот трофеј во Купот, но за него ќе мора да почека. Фотогалерија од натпреварот ОВДЕ Извор: gol.mk
Синоќа во Кочани во 71 година од животот почина Киро Герасимов. Герасимов остави длабоки траги во кочанското издавачко творештво. Беше поет, новинар, публицист и преведувач за што имаше добиено голем број признанија како во општината, во Македонија, така и надвор од неа. Кочанската јавност ќе го памети по големиот број на издадени книги од речиси сите области, почнувајќи од театарскиот живот, па преку музиката и спортот во градот се до областа од историографијата и археологијата. Последната негова книга „Зборува Радио Кочани“ ја доживеа својата промоција на 16 март оваа година. Izvor: Komarec.com.mk
