Author: Media Point
По повод 1. Јуни Меѓународниот ден за заштита на децата, од детската градинка порачуваат дека треба децата треба постојано да се грижиме за зравјето и среќата на децата. Да ги правиме среќни не само денес, туку секој ден исекој момент. По повод одбележувањето на овој Меѓународен ден, децата од ЈОУДГ „Бамби” ја посетија изложбата на илустрирани афоризми, дело на нашата млада сограѓанка Софија Ситновска. Изложбата на илустрирани афоризми и сликовници од младиот уметник од Македонска Каменица, Софија Ситновска започна во 12:30 часот, а во рамки на настанот најмалите се запознаа и со делата „Палави афоризмичиња“ и ,„Во светот на палавите…
Македонска Каменица, 01.06.2022 година – Општина Македонска Каменица го објави почетокот на асфалтирањето на улица Церска. „Со претставници на Светска банка, фирмата-изведувач и надзорот на проектот утврдивме дека работите на терен се одвиваат со одлична динамика и во наредните неколку денови проектот ќе биде комплетно завршен. На улица Церска ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација“ – стои во соопштението од општината Општина Македонска Каменица , како што стои во текстот од соопштението, „инсистираше улица Церска во должина од скоро 2,5 километри, да биде асфалтирана пред веќе потврдените настани кои ќе се одржат на Манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец”, со цел да…
Од денеска престанаа да важат владините антикризни мерки, кои на 13 февруари годинава стапија на сила, а со тоа „скокнаа“ и цените на основните прехранбени производи, објави Радио МОФ. Граѓаните од денеска во маркетите ги купуваат по повисоки цени маслото за јадење, лебот, јајцата, тестенините и другите основни прехрабнени продукти. Една од анти-кризните мерки беше намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 отсто на 0 отсто, односно на брашното топ 400, лебот, шеќерот, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, оризот, свежото месо, и јајцата. Од денеска ДДВ-то за нив е повторно 5 отсто. Престанува да…
Уште во текот на денешниот работен ден, екипите на ЈП Камена Река започнаа со интензивни работни активности за отстранување на настанатите штети при вандалскиот чин врз фонтаната на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Оштетувањата на фонтатаната и останатата урбана опрема веќе се отстранети и истите повторно се ставени во функција. Како што информираат од претпријатието, случајот е пријавен кај надлежните и очекуваат соодветни мерки против сторителите. Исто така, упатуваат апел до граѓаните да ги пријавуваат забележаните сторители кои оштетуваат урбана опрема.
(ФОТО) Вандализам во Македонска Каменица: Уништена фонатаната и урбаната опрема на Градскиот плоштад
Македонска Каменица, 01.06.2022 година – Во текот на изминатата ноќ, од страна на непознати сторители, на вандалски начин е уништена на фонтаната од градскиот плоштад во Македонска Каменица. Со овој вандалски чин, како што известуваат од ЈП Камена Река, покрај фонтаната, во голема мера е уништена и останатата урбана опрема на плоштадот. “Градежните екипи на ЈП Камена Река веќе работат на поправка на оштетувањата, при што санацијата на уништената опрема ќе биде завршена во најкус можен рок”, – велат од Јавното претпријатие, од каде додаваат дека, “овие активности создаваат дополнителни финансиски импликации за претпријатието, што ќе се одрази и врз…
Претрес во Скопје, приведен дилер на дрога од Делчево Денеска (30.05.2022) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена теговија со дрога и оружје при СВР Скопје лишен е од слобода Д.Д.(32) од Делчево. При претрес извршен со наредба од Судија на претходна постапка во дом во Скопје каде што лицето престојува, пронајдени се 45 пакувања марихуана и една вага. Лицето е приведено во Полициска станица Центар, а по документирање на случајот од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе…
Џифони Македонија во Домот на Културата Биди дел на најдобриот филмски фестивал за деца и млади, Џифони Македонија кој ке се одржи во просториите на КИЦ”Романса”односно во Домот на Културата во Македонска Каменица. Филмскиoт фестивал за млади „Џифони патува“ во Македонска Каменица ќе се одржи на 2 и 3 јуни 2022 од 10 до 14 часот На фестивалот ќе се прикажуваат филмови за млади, а програмата ќе се збогати и со три работилници. На театарската, фотографската и ликовната работилница младите од Македонска Каменица ќе ја поттикнат својата креативност и ќе се забавуваат. Влезот е бесплатен.
ЖФК Каменица САСА натпреварувачката 2021/22 сезона ја заврши на третата позиција на табелата, но многу од најдобрите клубски и поединечно постигнати резултати остануваат забрлежани кај каменичките фудбалерки. Така, Ана Димитровска со 37 постигнати голови е прв стрелец во Првата женска фудбалска лига на Македонија во сезоната 2021/22. Следуваат Илза Максути од АС Јунајтед со 31 гол. Потоа, Присила Едита Силва од ЖФК Љуботен (25 гола), Маријана Јанков од Тиверија (20 гола) и Теа Божиновска од ЖФК Скопје (19 гола). Прволигашкото друштво го напуштија екипите на Топ Гол и Атлетико од Битола, а на нивното место влегуваат екипата на ЖФК Кул…
Адријан Мицевски е шампион на Германија во Бундес футсал лигата со неговиот FC Stuttgarter. Фамилијата Мицевски, од трибините го следеше финалниот натпревар помеѓу FC Stuttgarter и FC Honenstein Ernstthal, како поддршка за Адријан. Во својата прва изјава после освојувањето на Бундес лигата, Адријан Мицевски “изрази благодарност до фамилијата, пријателите и сите познајници кои беа негова безрезервна поддршка во минатото и во оваа натпреварувачка сезона”. “Горд сум што ќе видам дел од германската фудбалска историја, како прв Македонец (заедно со Џо Арсовски), кој постигнал гол и го освоил ова големо германско фудбалско натпреварување”, – надополни денеска Мицевски Адријан на својот фејсбук…
Македонска Каменица, 29.05.2022 година – Денеска, Македонска Каменица е домаќин на турнирот во пинг понг организиран од Лекарската комора на Македонија. Турнирот е од интернационален карактер, каде земаат учество голем број на лекари и лица од медицината во Македонија и регионот. Турнирот е од рекреативен карактер, со цел дружба и рекреација на учесниците, но и одлична можност одблиску да го запознаат нашиот град. Учесниците и присутните на отварањето на настанот ги поздрави претседавачот на Советот на општина Македонска Каменица, Љупчо Трајановски кој во обраќањето “изрази благодарност за присуството на колегите лекари од Македонија и регионот, како и честа што токму…
