Author: Media Point

Двете ловни друштва кои концесионираат со ловни подрачја на територијата на општина Македонска Каменица, за прв пат прават заедничка Ловечка вечер. Иницијативата доаѓа од двете ловечки друштва ЛД “Хантер Бизиково” и ЛД “Каменица САСА” Македонска Каменица. Настанот кој вечерва ќе се одржи во Мотел “Мерак” – Луковица, ќе биде организиран после двегодишниот прекин поради пандемијата на Корона вирусот. Од Ловечките друштва покануваат на заедничко дружење и добра забава со Модерато Бенд и Кристина. Забавниот дел ќе биде надополнет со багато мени и традиционалната ловечка лотарија со вредни награди. “Обезбедени се 6 пушки, живи и отстрелани диви прасиња, мали ловџиски…

ПОВЕЌЕ ...

КИЦ Романса ги информира љубителите на театарската уметност од Македонска Каменица и регионот, дека претставата “Чекајќи го министерот” е одложена. Како што наведуваат во соопштението, претставата е одложена од оправдани причини, на неопределено време. Средствата за билетите ќе им бидат вратени на сите оние кои веќе имаат купено влезница. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2219086648459457&id=100010744307291

ПОВЕЌЕ ...

Српската актерка Лидија Вукичевиќ објави фотографии кои ја разгоруваат машката фантазија Вукичевиќ деновиве е на одмор во Охрид, а на социјалните мрежи со своите следбеници сподели фотографии на кои позира во бикини. Актерката носи бело заводливо бикини, кое го истакнува нејзиното совршено обликувано тело. „Кога ќе ми кажат дека треба да поминам уште 2000 км. и да одиграм уште 10 претстави, а јас вака…“, стои во описот на фотографиите на актерката. Објавата досега брои над 15.000 допаѓања и многу коментари во кои обожавателите ѝ делат комплименти за нејзиниот изглед.

ПОВЕЌЕ ...

Во одиграното 21. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА славеше победа со 13 голови во противничката мрежа. ЖФК Атлетико беше торпедираната екипа, која од Градскиот стадион во Македонска Каменица замина без постигнат гол. Тренерот Зоран Златковски по натпреварот за “победата против младата и талентирана екипа од Битола, им ја честиташе шампионската титула во младинска категорија (У-17), каде што оваа сезона беа убедливо најдобри и заслужено пехарот е во нивни раце! #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

ПОВЕЌЕ ...

Не пропуштајте ја балканската хит комедија “Чекајќи го министерот” со Лидија Вукичевиќ, Семир Гициќ и Сашо Ристовски. Дом на култура, Сабота 28.05.2022 година. Почеток,19 часот. Дејството на претставата, која во организација на КИЦ Романса гостува во Македонска Каменица, се случува во руинирана кафеана, за чие реновирање во очекување на доаѓање на министерот е ангажиран дизајнер. Покрај Лидија Вукичевиќ, актерка која публиката ја знае од серијата „Бољи живот” и серијалот филмови „Жикина династија“, во претставата игра и Сашо Ристовски, како и Семир Гигиќ, кој воедно е автор на текстот и режисер на претставата. Влезници за претставата по цена од 200 денари,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26.05.2022 година – Општина Македонска Каменица, од официјалниот налог на градоначалникот Димчо Атанасовски, објави дека по завршувањето на натпреварувечките сезони, продолжуваат градежните активности за уредување на Градскиот стадион. Станува збор за изградба на пешачка патека кон трибинскиот дел и пристапна патека до Градскиот стадион. „По завршувањето на фудбалската сезона започнавме со уредување на пристапна патека на трибинскиот дел на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Оваа патека ќе биде поврзана и со патеката што води до стадионот. Просторот ќе биде и соодветно хортикултурно уреден“, – стои во изјавата на градоналачникот Атанасовски Овие градежни активности се одвиваат како дел од…

ПОВЕЌЕ ...

Утре, со почеток од 11 часот, СОУ „Миле Јаневски Џингар“ организира Отворен ден за идни ученици. На настанот ќе бидат презентирани образовни профили на кои деветоодделенците од Македонска Каменица и регионот ќе можат да го продолжат своето образование. „Идни средношколци и почитувани родители, со гордост Ве покануваме на Отворен ден на нашето училиште, на 27 мај 2022 година (петок) со почеток од 11:00 часот“, стои во поканата објавена на социјалните мрежи на официјалниот налог на училиштето, каде додаваат дека „Настанот ќе биде од информативна природа со цел на запознавање со струките и профилите кои се изучуваат во училиштето, како и…

ПОВЕЌЕ ...

На 23.05.2022 во 09:45 часот во ОВР Кочани, К.Д.(55) од Кочани пријавила дека настанал пожар во банкомат на улица „Маршал Тито“. Екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани го изгаснала пожарот. Увид бил извршен.

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.А.(19) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. На 25.02.2022, пријавената во Делчево пронашла дебитна картичка, сопственост на М.Т., со пин, по што во два наврати подигнала 16.000 денари од банкомат и ја оштетила М.Т. за таа сума.

ПОВЕЌЕ ...

Има ли подобар ден за донација од оној наспроти 24 Мај, Денот на сесловенските просветители? Библиотеката „Крсте Петко Мисирков“ во Македонска Каменица се збогати за стотина книги, лична донација од Наташа Атанасова, книжевник, блогер (Блен.мк), од „Наука за деца“ – платформа во рамки на Фондацијата „Кантарот“, со поддршка од порталот Умно.мк. Инспирирана од објавена вест дека библиотеката во Македонска Каменица, град со околу 5.000 илјади жители, кубури со нови наслови, Атанасова реши да ги олесни полиците дома и да ги удоми книгите во место каде ќе им се продолжи животот. А има ли подобар ден за донација од оној наспроти…

ПОВЕЌЕ ...