Author: Media Point
Македонска Каменица, 17. Мај 2022 година – Со победата против ЖКК Вардар од 63:58, екипата на ЖКК Баскет Кам се пласираше во Ф4 завршницата за играчи до 18 години. Најпрецизни во редовите на Баскет Кам со 29 поени беше Марија Николов и Ана Милованова со 19 поени. Ова беше втор четвртфинален натпревар помеѓу двете екипи. Со пласманот на младинките на Баскет Кам во Ф4 натпреварување, учествуваме во распределбата на медалите во натпреварувачката сезона 2021/22 година” – изјави Јордан Цветановски, тренерот на ЖКК Баскет Кам
Младата 20 годишна кошаркарка од Битола, Елена Тасевска иако ја игра првата сезона во шампионот Баскет Кам, веќе се покажа како полн погодок за управата на клубот што ја ангажираше во пресрет на почетокот на сезоната. Иако е така млада, сепак Тасевска која игра на бековските позиции веќе има меѓународно искуство со оглед на тоа што играше за Стабиа во Италија. Сезонава иако по малку од сенка, сепак изби во преден план кај тренерот Јордан Цветановски кој и даде шанса, а таа максимално ја искористи и ја оправда довербата. Тасевска сезонава во регионалната ВАБА лига имаше просек од 9.5 поени…
Финалето од Купот на Македонија, кое утре се игра во Скопје, им припадна на ЖФК Каменица САСА и ЖФК АС Јунајтед. Натпреварот можете да го следите во живо на МТВ3 од 15.55 часот. Ова е прв директен телевизиски пренос од женски клупски фудбалски натпревар во Македонија. Им посакуваме успех на нашите девојки. Се надеваме дека од утре пехарот од Купот на Македонија ќе ги краси витрините на ЖФК Каменица САСА и ќе биде уште еден голем спортски успех за Македонска Каменица. #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај
Некои германски градови одлучија да го скратат времето во кое се вклучуваат уличните светилки за да заштедат на електрична енергија, чија цена продолжи да расте од февруари како резултат на руската инвазија на Украина. Исклучувањето на уличното осветлување е една од низата мерки што моментално ги разгледуваат градовите, вели Александар Хандшух од германската асоцијација на градови и општини. Но, за многу градови единствената опција е дополнително да се скрати времетраењето на уличното осветлување, според анкетата спроведена од ДПА. Од 1 јуни во градот Вајмар уличното осветлување ќе биде вклучено половина час подоцна и исклучено половина час порано, мерка првично планирана…
Македонска Каменица, 17.05.2022 година – Изминатата недела, издавачката куќа „Сакам книги“ имаше еднодневен саем на книги во Домот на култура во Македонска Каменица. Настанот беше организиран на КИЦ „Романса“ Македонска Каменица. Како плод на успешната соработка, издавачката куќа „Сакам книги“, подари петнаесетина наслови, кои денеска директорот на КИЦ „Романса“, Гоце Стојановски ги донираше во каменичката библиотека „Крсте Петков Мисирков“ (клон на ЈЛБ „Илинден“ Делчево). Од име на библиотеката, упатуваат огромна благодарност за донацијата, потенцирајќи дека овој гест од КИЦ „Романса“ и директорот Гоце Стојановски покажува внимание, хуманост и можност за пролабочување на соработката во иднина.
264 војници кои беа заробени во челичарницата Азовстал во уништениот украински град Мариупол се евакуирани во текот на ноќта, во тајна операција. Дел од војниците биле пренесувани на носилки до руските автобуси кои чекале надвор, а потоа се однесени во болници во областите кои се под руска контрола. Целиот процес од преговарање до евакуација се одвивал во тајност, и во јавноста немаше никакви информации, дури ни од руската страна. Организатори на евакуацијата беа ОН и Црвениот крст, кои успеале да ги убедат Украинците да прифатат војнците да бидат однесени на руска територија. Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека…
Фотографијата направена од роверот Curiosity на Марс наводно покажува нешто што наликува на врата, а снимката повторно ја отвори дебатата за тоа дали има живот на Марс. Верувањето дека интелигентен живот постои на други планети со години е предмет на дебата, а некои веруваат дека е можно вонземски живот да постои на друго место во вселената водејќи се од принципите на веројатност. НАСА спроведе многу истражувања во обид да најде индиции кои одредуваат дали постои или не некоја интелигентна цивилизација на планетите во близина на Земјата. Во оваа прилика протагонист е Марс поради неколкуте фотографии направени со камерата Mastcam…
Соборот на СПЦ денеска го одобри канонското единство на СПЦ со Македонска православна црква, односно „Охридска архиепископија“. Собранието соопшти дека го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, најшироката можна автономија и целосна независност на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, доделена во 1959 година, „благодарение на Бога и со радост“. „Бидејќи со ова се отстранети причините за прекинот на литургиското и канонското причестување, предизвикано со едностраното прогласување на автокефалноста во 1967 година, се воспоставува целосно литургиско и канонско причестување“, се вели во соопштението на Собранието кое го усвои актот на Светиот синод. на епископите на Македонската православна црква. Со воспоставување…
Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 12.05.2022 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.05.2022 година и со тоа малопродажната цена…
Жителите на Блатец, поради сложеност на ситуацијата и повторно активирање на работните активности за изградба на мини хидроцентралата на река Блатешница, повикуваат на блокада Протестот “Стоп за градба на хидроцентралата”, како што на Facebook обави Месна заедница Блатец, ќе се одржи во понеделник на 16.05.2022 година, со почеток од 06:30 часот, наутро пред црквата “Св. Пророк Илија”. Организаторите на протестот бараат масовно присуство на жителите на Блатец, како јасно би го изразиле својот став против изградбата на минихидроценралата. Според напишаното во еден од текстовите на фејсбук профилот наречен Месна заедница Блатец “изградбата на малите хидроцентрали без соодветно почитување на…
