Author: Media Point

Женскиот фудбалски клуб “Каменица САСА” од Македонска Каменица денеска, одбележува 5 години од своето постоење. ЖФК Каменица САСА е основана на 09 Јуни 2017 година од нашиот сограѓанин и фудбалер со богата и долгогодишна интернационална кариера, Зоран Златковски. Иако клубот постои само 5 години, веќе е двократен Шампион во Првата женска фудбалска лига (2019/20; 2020/21) и овогодишен победник<span;> во Купот на Македонија. Како Шампион на Македонија, ЖФК Каменица САСА во изминатите две сезони се натпреваруваше и во разигрувањата по групи од Лига на шампиони. Покрај сениорскиот тим, во кој се вбројуваат редица на македонски репрезентативки и интернационалки од Европа и…

ПОВЕЌЕ ...

Свештенството при Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица упати Известување до граѓаните кои за Задушница ги посетуваат гробиштата кај Градската капела (Сарафски гробишта) во кое се вели: Граѓаните кои поради здравствени или други причини, во Сабота на 11 Јуни 2022 година, не се во можност да чекаат да дојдат свештените лица, садовите со пченица нека ги остават пред Градската капела на веќе поставените маси за таа намена. Покрај садовите со пченици да има оставено свеќа и лист со името/имињата на покојните. Најпрво свештеникот ќе изврши општ спомен над нив, а потоа ќе замине по парцелите на гробните…

ПОВЕЌЕ ...

Свештенството при Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” ги објави термините за Задушници на територијата на општина Македонска Каменица во сабота на 11.Јуни 2022 година. • 06:00 Моштица • 06:00 Саса • 07:30 Грчки гробишта • 08:00 Луковица • 08:30 Св. Илија • 09:00 Капела Од свештенството при Светиот храм Успение на Пресвета Богородица Македонска Каменица

ПОВЕЌЕ ...

Прскање против комарци во Македонска Каменица Македонска Каменица, 07.06.2022 година – Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во среда, на 08 јуни 2022 година, во доцните вечерни часови ќе биде спроведено терастично третирање против комарци во централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари. -Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето, соопштуваат од Општината. При несоодветни временски услови, третирањето против…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06. Јуни 2022 – Младите надежи на ФК Каменица Саса, односно генерациите 2010 и 2013 година, учествуваа на традиционалниот Оризарски Куп. Со одлично прикажаната игра на натпреварите од Оризарскиот Куп, за најдобар фудбалер на турнирот е прогласен Коста Петровски од ФК Каменица САСА. Честитки за признанието, а исто така, на сите фудбалерчиња на ФК Каменица Саса им посакуваме блескава фудбалска иднина, – стои во соопштението од Каменица САСА Во конкуренција на 8 екипи нашите надежи од генерацијата 2010 завршија 5-ти а фудбалерчињата од генерација 2013 во мечот за трето место беа подобри од Борец и завршија на…

ПОВЕЌЕ ...

🎊 Шампиони на Македонија 🥇🏆🎊 Во рамки на финалното натпреварување од Проектот за фудбал во државните основни училишта, девојчињата од Македонска Каменица, членови на ЖФК Каменица САСА и ученици во IV и V одделение при ООУ “Св. Кирил к Методиј” го освоија првото место и се нови шампиони на Македонија. Како победници од нашиот регион, денес учествувавме на финалниот турнир од осум екипи најдобри екипи од основните училишта во Македонија. Поделени на две групи со три победи во разигрувањето обезбедивме учество  во финалниот натпревар. Успеавме да славиме со високи 6:0 против првопласираната екипа од другата група, екипата на ,,Браќа Миладиновци”…

ПОВЕЌЕ ...

Успешно реaлизиран проектот „Градење капацитети за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони (CAPLOCOM)“. Период на спроведување: 05.03.2021 – 05.06.2022. Проектот е финансиран од Преку граничната програма за соработка: Interreg – IPA CBC 2014-2020, помеѓу Р. Бугарија и Р.С. Македонија, број на договор: РД-02-29-68/05.03.2021. Водечки партнер: Локална агенција за економски развој, Разлог Партнери: Еколошко друштво Здравец 2002, Македонска Каменица и Институт за шумарство, Бугарска Академија на науки и уметности, Софија Видео на следниов линк: https://twitter.com/GoranBrazdata/status/1538903324010987520?t=M1y_mQE4niNUW80nRwIlFQ&s=19

ПОВЕЌЕ ...

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПАТОТ ДО МААЛА ДОГРИИ ВО СЕЛО ДУЛИЦА Македонска Каменица 03.06.2022 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски на официјалните налози на социјалните мрежи објави вест дека, денеска започна асфалтирањето на локалниот пат до маало Догрии во село Дулица. Поради утврдени недоследности во работата при асфалтирањето на претходните делници до маало Буќерци и Дракарско маало, “Тимови од Општина Македонска Каменица континуирано ќе ја следат реализацијата на проектот за се да помине во најдобар ред”, – изјавува градоначлникот Атанасовски Паралелно се одвива и асфалтирањето на улица Церска во Македонска Каменица, а во текот на наредната недела…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.06.2022 година – Разговаравме со директорот на Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј”, Виктор Георгиевки за бројот на запишани првачиња и поддршката за образовниот процес од општина Македонска Каменица во учебната 2022/23 учебна година. Директорот Георгиевски ја истакна радоста за зголемениот број на првачиња. Годинава 54 првачиња ќе го започнат образовниот процес во каменичката деветолетка, што во однос на минатата година е зголемување од 15 ученици. На почетокот од учебната 2022/23 година, сите првоодделенци ќе добијат еднократна финансиска помош од општина Македонска Каменица, за која директорот Виктор Георгиевски упати благодарност до градоначалникот Димчо Атанасовски. * Линк до…

ПОВЕЌЕ ...

Бугарски пратеници, министри, високи функционери на полицијата ги користеле услугите на жиголо или како што се нарекува, машки ескорт Јордан Јорданов. Меѓу нив и градоначалникот на Свиштов, од редовите на ГЕРБ, Генчо Генчев. Жиголото останал без парична надокнада за извршената услуга, па во придружба на новинари дошол по парите во нивните домови. Погледнете го целиот текст од А1 ОВДЕ https://youtu.be/sRpzqSQfM9U

ПОВЕЌЕ ...