Author: Media Point
Љубителите на проникливиот хумор и урбана сатира, ќе имаат можност во четврток на 23. Јуни, со почеток од 20:00 часот, да го проследат “Стенд Ап” шоуто со Марјан Георгиевски во Домот на култура во Македонска Каменица. КИЦ “Романса” како организатор на настанот ги известува посетителите дека влезниците по цена од 100 денари се пуштени во продажба. Билетите можат да се купат во просториите на Домот на култура. За својот настап во Македонска Каменица и кратко за себе, Марјан Стојановски ќе каже: Еве, драги мои, пред 12 години почнав да се занимавам со Стенд Ап комедија. Имам настапувано низ цела Македонија,…
Земјава во 2019 година според процентот на вработени во дејностите коцкање и обложување од вкупниот број вработени, е на неславното второ место во Европа, веднаш зад Малта, со 1,31 отсто од вкупниот број вработени. Според податоците на Евростат, во споредбата со земјите членки на ЕУ, но и Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција и Обединетото Кралство, во 2019 земјава имала околу 797.600 вработени, а околу 10.300 од нив биле во дејноста „комар и обложување“. Само во Малта, која е позната како земја што негува онлајн обложување, поголем процент од вработените се во оваа дејност. Односно од 254.700 вработени, околу 9.300…
Почетокот на подготовките е закажан за 13.јули, во Македонска Каменица Селекторото на женската селекција „Под 16“ години, Горан Даниловски го објави поширокиот списокот на кошаркарки на кои ќе смета за време на периодот на подготовките и настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ова лето од 18. до 27.август, ќе се одржи во главниот град на Црна Гора, Подгорица. На првиот собир кој е предвиден да биде реализиран на 13. јули (од 19.часот), во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, селекторот Даниловски повика 15. кошаркарки. Инаку, покрај Даниловски, во стручниот тим на оваа наша селекција ќе бидат вклучени…
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, вели Славчо Попоски во временската прогноза за Утрински брифинг. Во Македонска Каменица и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен. Потоа во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а температурите ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна…
Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 113 долари, што е значителен пад во однос на претходните денови кога цената беше 121 долар за барел. Пазарот на криптовалути од утрово е во минус. Цената на биткоинот денеска падна на 18.303 долари, за прв пат од декември 2020 година. Цената на пченицата од утрово е во минус. Цената на пченицата е 1.046 долари за тон, што е пад од околу 3 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 784 долари, што е слична вредност како и претходните денови.
Голем број постковид проблеми со срцето и респираторниот тракт кај пациенти откриваат кардиохирурзите Расте бројот на граѓани кои биле болни од Ковид, кои денес имаат оштетување на срцето или на системот за дишење. Ова го кажаа кардиохирурзи од регионот, собрани на првиот интерсекциски симпозиум во Скопје, во организација на новото македонско и српско здружение на кардиохирурзи. „ИМАМЕ ЕДНА ГРУПА ПАЦИЕНТИ СО ПОСТКОВИДНО ОШТЕТУВАЊЕ НА СРЦЕТО, ПОМАЛО ИЛИ ПОГОЛЕМО. ЕДНА ГРУПА ПАЦИЕНТИ СО РЕСПИРАТОРНИ ОШТЕТУВАЊА . И НАЈВЕРОЈАТНО ВО БЛИСКА ИДНИНА ЌЕ ГИ ИМАМЕ ПОВЕЌЕ, ПА ДУРИ ОДРЕДЕН БРОЈ ОД НИВ ЌЕ БИДАТ Т.Н. ПАЦИЕНТИ СО СРЦЕВА СЛАБОСТ КАЈ КОИ МОЖЕБИ…
Пронајдено безживотно тело во атарот на делчевското село Драмче. Според информации од делчевската полиција се работи за 81-годишник со иницијали Б.А, кој бил пронајден од страна на женско лице кое собирало печурки. -Телото е пронајден од страна на женско лице во шумата кај Новачко Маало во селото Драмче. На местото излегле медицински лица и МВР, кои ја констатирале смртта на починатиот Б.А, се вели во информацијата од полицијата. Настанот се случил со 6:35 утринава.
КИЦ”Романса”Македонска Каменица започна со поддршка на роднокрајни автори во издавањето на литературни и ликовни дела. “КИЦ Романса веќе го поддржа издавањето на сликовницата од младата илустраторка од Македонска Каменица, Софија Ситновска, а еве денес и го промовиравме изданието на нашата сограѓанка Климентина Соколовска со наслов “Без Крилја” – изјави Гоце Стојановски, кој дополни дека “Културно информативниот центар и во иднина ќе продолжи со поддршка на роднокрајните автори и ја користам приликата да најавам промоција на ново издание во кое што ќе може да ужива читателската публика”.
Иван Варадиновски е нов шеф на стручниот штаб на ФК Каменица Саса Македонска Каменица, 16. Јуни 2022 година – Нов шеф на стручниот штаб на ФК Каменица Саса е Иван Варадиновски. Фудбалско име со кое ФК Каменица САСА најавува почеток на многу новитети во зелено-црниот тим. Иван Варадиновски е поранешен прв човек на клупата на ФК Пехчево, каде две години беше асистент на шефот на стручниот штаб. Поранешен тренер на најмладите категории на Штипска Брегалница, од каде продолжува како тренер во пионерско-младинската школа во матичниот клуб. Како фудбалер своите први чекори ги прави во Брегалница Штип кадешто за првпат настапува…
Приведен беровец поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување На 15.06.2022 во 09.45 часот на регионалниот пат Берово-Виница, кај место викано „Обозна“, полициски службеници од СВР Штип – Одделение за криминалистичка полиција – Отсек за економски криминал го лишиле од слобода Ѓ.Д.(44) од Берово, вработен како како референт за сеча, дотур и превоз во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Малешево“- Берово, поради сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик односно поради незаконско издавање на испратници за превоз на дрва. По преземени мерки и при претрес кај него и во неговото возило „исузу“…
