Author: Media Point
Големо невреме во Делчево: Урнати покриви, откорнати бандери, поплавени домови… Невреме во Делчево, 25 јуни 2022 Невремето кое вечерва го зафати Делчево предизвика голема штета на Градскиот пазар, урнат е дел од кровот на училиштето „Ванчо Прке“, повеќе улици се под вода и се непроодни, многу кужи се со оштетени покриви, а дел од градот е сеуште без струја. Поради расчистување на штетите сообраќајот на магистралата А3 од градот кон Македомнска Камнеица се одвива отежнато. Градскиот пазар во Делчево е во многу лоша состојба по невремето кое се случи денеска околу 19:30 часот. Тезгите се превртени, предизвикана штета е огромна.…
Македонска Каменица, 25.06.2022 година – Невремето кое денеска го зафати крајниот исток од државата, предизвика бројни штети по имотите на граѓаните од Македонска Каменица, Делчево, Виница и делови од руралните средини во овие општини. Иако најголеми штети се настаниати во соседно Делчево, граѓани пријавуваат штети врз имотите или оштетувања на инфраструктурата и во Македонска Каменица. Како што објави градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски „Веднаш по невремето кое ја зафати Македонска Каменица, екипи на ЈП Камена Река излегоа на терен и ги расчистуваат настанатите штети. Повторно се проодни двете коловозни ленти кон Рудник Саса, а во најголем дел се…
Македонска Каменица, 25. Јуни 2021 година – Во петок, 01.07.2021 година, со почеток од 9:30 во Дом на култура во Македонска Каменица ќе се одржи редовна крводарителска акција. Во Соопштението за јавност и поканата за учество во акцијата упатени од Црвениот Крст стои дека во акцијата која ќе трае до 13:30 часот, можат да се вклучат сите крводарители и граѓани на Македонска Каменица кои сакаат да даруваат крв.
Македонската женска фудбалска репрезентација славеше победа против Косово со 3-1 (2-1) на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран синоќа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Македонските фудбалерки до триумфот дојдоа со пресврт, откако косовска репрезентација поведе со голот на Блерта Шаља од пенал. Ленче Андреевска во 19. минута и Хана Мустафа седум минути подоцна донесоа предност за Македонија до крајот на полувремето, а печат на победата стави Андреевска во 62. минута со својот втор гол на натпреварот. Двете репрезентации в понеделник во Приштина на стадионот „Фадиљ Вокри“ со почеток во 19 часот ќе го одиграат вториот контролен натпревар.…
Дури осум кошаркарки на КК Баскет Кам 2011 влегоа во составот на младинските кошаркарски репрезентации на Македонија. Како што информираа од тимот три кошаркарки влегуваат во составот на М-20 репрезентацијата. Се работи за кошаркарките Моника Зафировска, Елена Тасевска и Ива Чолаковска, кои ја продолжуваат традицијата на КК Баскет Кам 2011 за учество во националните бои на кошаркарската репрезентација. Во списокот на женската М-18 репрезентација на Македонија од Баскет Кам се најдоа Марија Николов и Ана Милованова. Стела Стојановска е дел од составот на М-16 репрезентацијата, а Матеја Владимирова и Милена Зафировска веќе бележат успешни настапи во составот на М-14 репрезентацијата…
Градоначалникот Димчо Атанасовски го најави почетокот на изградбата на новиот ултрамодерен спортски комплекс во Македонска Каменица Македонска Каменица, 24.06.2022 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица објави почеток на реализацијата на едно од своите предизборни верувања, односно изградбата и уредувањето на досега заборавеното “Помошно” игралиште. “Ветив дека нашиот град ќе добие ултрамодерен лик и затоа вечерва, со огромно задоволство го најавувам почетокот на реализација на најубавиот спортски комплекс во Македонија”, – истакнува Атанасовски во текстот од соопштението за јавност, во чие продолжение го објави “потпишувањето на Одлуката за јавна набавка за изградба на атлетска патека со трибини за 80 луѓе…
Голема материјална штета направија силниот ветер и обилниот дожд што во вчера попладне ја зафатија територијата на општина Виница. Паднати дрвја, блокирани патишта, оштетени кровови, прекини на електродистрибутивната мрежа се последица од природната непогода во која настрадаа и градот и дел од околните населени места. „Невремето траеше десетина минути и зад себе остави вистински пустош. Оштетени се покриви на објекти, а најмногу настрада лимената покривна конструкција на една колективна станбена зграда. Сериозни штети претрпеа и големи површини со лозја и овоштарници, каде родот за оваа сезона е целосно уништен. Екипи на Територијалната противпожарна единица, на комуналното претпријатие „Солидарност” и од…
Во Полициската станица Делчево пристигнала пријава од 81-годишна жена за недолично однесување на еден маж. 81-годишната жена од делчевско село пријавила дека завчера во нејзиниот двор, Д.С. (81) се соблекол гол и недолично се однесувал. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Како што во текот на денот веќе информиравме, а тоа за „Спортмедиа“ вчера го кажа и тренерот Артим Шаќири, Влатко Стојановски е нов член на Шкендија. Тетовци предмалку се пофалија дека репрезентативниот напаѓач ги поминал лекарските прегледи и дека тој е нивни нов фудбалер. Влатко Стојановски во Шкендија е голем трансфер за наши услови, се очекува неговото деби да се случи во недела и тоа против Динамо Загреб на пријателската средба во Словенија.
На 20.06.2022 околу 18.25 часот во ОВР Виница било пријавено дека на локален пат с.Јакимово-с.Истибања, виничко, кај место викано „Демирово гумно“, патничко моторно возило „субару“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(53) од с.Истибања, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П. констатирани во Општа болница Кочани. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Виница.
