Author: Media Point
Екипите за комунални работи на ЈП Камена Река го отстранија дефектот на главната водоводна линија и водоснабдувањето во приградската населба Суво Маало е нормализирано. Од Јавното претпријатие упатуваат благодарност за разбирањето на граѓаните за настанатиот прекин во водоснабдувањето и апелираат навремено да бидат пријавувани проблемите и дефектите, со цел нивно навремено решавање. “Примарна задача на екипите за комунални работи на ЈП Камена Река останува исправноста на градскиот водоводен и канализационен систем. Брзата реакција во вакви случаеви, е основен предуслов во заштедата на водните ресурси и обезбесувањето на доволно количество на чиста и здрава вода за пиење” – велат од ЈП…
ЖФК Каменица САСА објави убава вест за клубот, во која објавуваат дека “потпис на двегодишен договор стави стандардната репрезентативка на Македонија, Елма Шемсовиќ”. Елма Шемсовиќ, доаѓа од екипата на Борец од Велес и како што велат од клубот, станува збор за играч кој со креативноста и борбеноста, ќе го подобри квалитетот во средниот ред на теренот!
Утрово во 8 и 50 часот е пронајдено телото на младото момче од Берово кое вчера се удави во водите на Беровско езеро соопштија од СВР Штип.Екипа на нуркачката единица на МВР го извадила телото, а увид на местото извршила екипа од СВР Берово. Телото на младото момче ќе биде префрлено на судска медицина во Скопје, каде по наредба на Јавен обвинител ќе биде предадено на обдукција соопштија од СВР Штип. Инаку вчера во несреќниот случај на Беровско езеро, животот го изгуби младо 14 годишно момче, кое заедно со своите другари биле на прошетка и прослава на роденден на неговиот…
ЈП Камена Река, упатува известување до граѓаните на Македонска Каменица за настанат дефект на главна водоводна линија од градскиот водоводен систем. Поради изведување на градежни активности за поправка на истиот, без вода за пиење ќе бидат корисниците од населбата Суво Маало. Екипите на ЈП Камена Река се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот. По санацијата на дефектот, состојбата со водоснабдувањето на овој дел од градот, во текот на денот ќе биде нормализирана.
ФК Каменица САСА му посака добредојде на репрезентативецот на Македонија (У-19) Грегори Давков “Со особена чест и задоволство Ви го претставуваме првото засилување на ФК Каменица Саса за новата второлигашка сезона, Грегори Давков. Грегори Давков е роден 2003 година и е поранешен играч на Беласица и Вардар” – стои во текстот од соопштението на ФК Каменица САСА објавено вчера, во чие продолжение се наведува дека, “Грегори Давков игра на позицијата лев бек и новото засилување на оваа позиција од каменичкиот тим е дел од У19 фудбалската репрезентација на Македонија”.
ФК Каменица Саса во новата второлигашка сезона влегува со нови засилувања на повеќе позиции. Така, со потписот на Тони Мичковски каменичкиот второлигаш ги засилува и крилните позиции. Тони Мичковски е млад и исклучително талентирам фудбалер, роден 2001 година и е поранешен играч на Малеш, Брегалница, Кит-Го и Силекс. Игра на позициите лево и десно крило.
ФК Каменица САСА до своите фудбалски фанатици и навивачи, со особена чест и задоволство го претстави Бошко Ступиќ, новото супер засилување на екипата во претстојната второлигашка сезона. “Бошко Ступиќ е искусен фудбалер, роден 1984 година и е поранешен играч на Леотар БИХ, Силекс, Вардар, Истра Хрватска, Работнички, Пелистер, Брегалница, Кизилстар Казахстан и Кит-Го Пехчево. Игра на позицијата напаѓач” – стои во соопштението за јавност од управата на ФК Каменица САСА, од каде на Бошко му посакуваат успешна сезона во редовите на каменичкиот второлигаш.
Ружа Игнатова се нарече себеси „крипто кралица“ и тргна да ја промовира својата наводно нова дигитална валута, OneCoin. Таа успеа да ги убеди инвеститорите ширум светот да и испратат вкупно 4 милијарди долари, а потоа исчезна без трага. Сега ФБИ и е зад петите. OneCoin, велат властите, бил измама. Во четвртокот ФБИ ја стави на второто место на листата на 10 најбарани криминалци во светот, неколку дена откако Европол го стори истото. Во известувањето на бирото објавено во четвртокот се нудеше награда од 100.000 американски долари за секоја информација што ќе доведе до апсење на г-ѓа Игнатова. На прес-конференција во…
САСА по вторпат годинава ги зголеми платите на сите свои вработени Македонска Каменица, 30.06.2022 – Почитувајќи ја напорната работа и посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, менаџерскиот тим на САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени. Почнувајќи од утре, 1.јули 2022 година, сите вработени во Рудник САСА ќе добијат зголемување на вкупно исплатената плата од дополнителни најмалку 4.300 денари. Со тоа, просечната плата што ја обезбедува САСА ќе биде до 80% повисока од просечната плата во земјава. Ова зголемување на платите го надополнува зголемувањето на нето платата…
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално, и тоа особено во западните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално, и тоа особено во западните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а…
