Author: Media Point
Македонска Каменица, 06.07.2022 година – Од ЈП Камена Река информираат дека, настанатиот дефект на улица Илинденска е целосно саниран и снабдувањето со вода е нормализирано. Поради изведување на работни активности, корисниците од улиците Македонска, Илинденска, Езерска и дел од улица Осоговска без вода за пиење беа во периодот од 11:30 до 13:00 часот.
Македонска Каменица, 06.07.2022 година – Известување до корисниците од улица Македонска, Илинденска, Езерска и дел од улица Осоговска, упатено од ЈП Камена Река, дека поради изведување на работни активности за отстранување на дефект, снабдувањето со вода ќе биде во прекин од еден час, почнувајќи од 11:30 часот. Веднаш по отстранувањето на дефектот, снабдувањето со вода ќе биде нормализирано и сите корисници на Градскиот водоводен систем ќе имаат доволни количини на вода.
ФК Каменица САСА го претстави и петото засилување на ФК Каменица Саса за претстојната натпреварувачка сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: “Каменица вози со Ацико” – нова акција со многу поволности за кандидатите од Македонска Каменица Станува збор Горан Трајковски кој ќе ја засили голманската позиција во тимот. Трајковски има 25 години, со богата натпреварувачка кариера и успешни настапи во клубови како Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Плачковица, Работнички и Воска.
Со Ацико обуката за авто школа никогаш не била подостапна и полесна за кандидатите од Македонска Каменица Најсовремено опремена училница во Македонска Каменица во која ја спроведуваме теоретската настава во термини кои им одговараат на кандидатите Секој вторник, бесплатен превоз до Здравствен дом “Гоце Делчев” во Делчево, каде се издава лекарско уверение Искусен предавач по теоретска настава за сите категории Сопствен полигон каде се врши обуката и полагањето на првиот практичен дел – полигон Флексибилност при плаќање на рати Сите дополнителни информации и поволности дознајте ги на контакт телефоните: 078268232 Тања Арсовска 078391306 Тамара Арсовска Резервирај го твоето…
Да дојде секој што може да работи – вака накратко може да се опише апелот на Кристијан Дир, шеф на пратеничката група на либералите во германскиот парламент. – По фазата на гастарбајтери во 60-тите и 70-тите, пазарот на трудот се затвори. Мора да биде обратно. Денеска мотото мора да биде: Секој што може да живее од неговите раце, веднаш мора да има работна дозвола – изјави Дир. Тоа би бил вообичаен говор на економски либерал, ако не беа две работи: либералите сега се на власт, заедно со социјалдемократите и зелените. Уште поважно – на изјавата на Кристијан Дир ѝ претходеа…
Македонска Каменица, 04.07.2022 година – ЈП Камена Река ги известува корисниците од улица Македонска, Илинденска и дел од улица Осоговска, дека поради изведување на работни активности за отстранување на дефект, снабдувањето со вода ќе биде во прекин од еден час, почнувајќи од 12:00 часот. Веднаш по отстранувањето на дефектот, снабдувањето со вода ќе биде нормализирано и сите корисници на Градскиот водоводен систем ќе имаат доволни количини на вода за пиење.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8 Во Македонска Каменица ќе биде сончево и многу топло, попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени. До четврток ќе се задржи многу…
Многумина тајно сакаат да посетат, или барем „да фрлат поглед“ на места каде што ниту еден обичен човек никогаш не стапнал, или пак, не смее да стапне… Интернет-страницата „Квизклаб“ издвои 10 од можеби најпознатите забранети места на планетата Земја. 1. Змискиот Остров, во Бразил Малиот Змиски Островот кај брегот на Бразил на Атлантскиот Океан, е можеби најопасното место на Земјата. Ова е единствениот дом на критично загрозениот, отровен златен јамски вајпер. Бразилската влада го затвори островот за јавна посета со цел да ги заштити и луѓето и змиите на него. 2. Межгорје, Русија Межгорје е затворен град во Русија. А,…
Македонска Каменица, 03.07.2022 година – Денеска, со почеток од 11:00 часот, на врвот Руен (2252 м) на Осоговските Планини, се одржа традиционалната меѓугранична средба во организација на: Туристичко друштво Осогово од Ќустендил, Планинарско спортско друштво Руен од Крива Паланка и Еколошко друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица. Како што велат од ЕД Здравец од Македонска Каменица, бројот на учесници и посетители на средбата е намален поради воведените мерки и забрани за движење во шумски и планински простори и голем дел на граѓани од двете држави не можеа да присуствуваат на традиционалната средба.
Започнува со работа градскиот базен во Македонска Каменица Јавното претпријатие Камена Река го најави почетокот со работа на Градскиот базен во Македонска Каменица. Почнувајќи од утре, како што изјави директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски граѓаните на Македонска Каменица и регионот ќе имаат можност да го посетуваат Градскиот базен во Македонска Каменица како место за пливање, рекреација и разладување во текот на претстојната летна сезона. “Во тек се последните подготовки за отворање и успешна работа на Градскиот базен. Како и во минатите години, ЈП Камана Река планира воведување на повеќе новини со кои дополнително ќе се подобри престојот на…
