Author: Media Point

Македонска Каменица, 13.07.2022 година – Како што известува ЈП Камена Река “Во тек се работни активности на екипите за комунални работи за отстранување на 4 повеќегодишни дефекти на главната водоводна линија F 225, на делот после м.в. Филтер станица до Моштичка Река”. “Со санацијата на дефектите продолжуваме да работиме, во насока, на намалување на загубите со вода за пиење од градскиот водоводен систем” – додаваат од ЈП Камена Река. Покрај известувањето за работните активности, од Јавното претпријатие ги известуваат граѓаните дека, “Поради целодневните активности на екипите на Јавното претпријатие, нивото на вода во системот е намалено, при што е можен…

ПОВЕЌЕ ...

Вознемирувачко видео од надзорна камера е објавено денеска на социјалните мрежи, а се тврди дека на него е забележан грабежот на бензинска пумпа во Кочани, кој се случи пред еден месец. На снимката се гледа како маскираниот разбојник, со оружје во раката, влетува во бензинската и го ограбува вработениот, заминувајќи со торба полна со пари. https://www.facebook.com/as.sport.mk/videos/555031646176613/?app=fbl МВР таков случај пријави пред точно еден месец, на 12 јуни. „На 12.06.2022 во 03.32 часот било пријавено дека во Кочани едно лице со закана од вработен на бензиска пумпа одзелo пари. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти тогаш полицијата. Izvor: slobodenpecat.mk

ПОВЕЌЕ ...

Светската популација се очекува да достигне осум милијарди до 15 ноември, покажуваат денеска објавените проекции на Одделот за економски и социјални прашања на ОН. Според истите податоци, до наредната година Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја во светот. Додека го чекаме раѓањето на осуммилијардитиот човек на Земјата, тоа е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме за нашата планета и момент да размислуваме за тоа каде се уште не ги исполнуваме нашите обврски еден кон друг, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш. Тоа е, исто така, „време да ја славиме нашата различност, да го препознаеме нашето заедничко човештво…

ПОВЕЌЕ ...

Аеродром го потпиша Никола Анакиевски Тимот на Аеродром иако имаше шанса за пласман во Супер лигата, сепак во бараж натпреварот загуби од Скопје. Аеродром го донесе првото засилување за следната сезона. Станува збор за Никола Анакиевски, родум од Делчево, кој настапува на позицијата лев бек и висок е 195 сантиметри, тој доаѓа од младинскиот погон на Вардар.

ПОВЕЌЕ ...

Една од најдобрите во редовите на ЖФК Каменица САСА и во редовите на македонската фудбалска репрезентативка, Марјана Нацева, го направи трансферот од соништата, откако досегашниот дрес на шампионот од Македонска Каменица го замени со тој на бундеслугашот Борусија Дортмунд. Станува збор за 28-годишна фудбалерка, која игра во нападот и која трансферот меѓу „милионерките“ ќе ѝ биде прв интернационален предизвик. Таа изминативе две години ги мина во составот од Македонска Каменица, а претходно настапуваше за Борец, Наше Такси и ЖФК Драгон. Од ЖФК Каменица САСА, во информацијата за јавност, упатуваат честитки, благодарност за направеното со одличните игри во клубот од Македонска…

ПОВЕЌЕ ...

Соопштение од Детската градинка Бамби до родителите, во врска со вршењето упис на деца во установата: Почитувани родители, ЈОУДГ,, БАМБИ” продолжува со упис на нови деца. Поради навремено формирање на групите уписот ќе се врши најдоцна до 10. Август 2022 година. Со почит, в.д Директор Тодорка Велиновска

ПОВЕЌЕ ...

Нова индустриска машина за перење алишта и нов фрижидер доби Детската градинка “Бамби” Општина Македонска Каменица со средства од сопствениот буџет набави нова индустриска машина за перење алишта и нов индустриски фрижидер за Детската градинка “Бамби” од Македонска Каменица. На овој начин, како што стои во соопштението за јавност објавено од градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски “значително ќе се подобрат условите за одржување на хигиена, како и за подготовка на храна за дечињата кои престојуваат во градинката”. Во продолжението од објавата на градоначалникот Атанасовски се вели дека, “Општината веќе работи на набавка на нови душеци, нови креветчиња за…

ПОВЕЌЕ ...

Македонија има речиси три проценти од целото светско богатство на минерали. Земјава нема наоѓалишта на дијаманти, но затоа е единствената во светот што на своја територија го има рудникот Алшар на планината Кожув, каде што има богато лежиште на еден од најретките минерали, лорандит. Со негова помош, според науката, може да се докаже како функционира Сонцето и како извор на неисцрпна енергија, во иднина, да се надмине енергетската криза на глобално ниво. Во рудата од Алшар има присуство и на антимон, арсен и на талиум. Дури седум од десеттиците регистрирани ретки кристали во светот, ги има во Алшар. Скапоценост од…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица – Во Сабота на 09. Јули 2022 година, со почеток од 19:00 часот во Спортската сала во Македонска Каменица, поранешните играчи, тренери и членови на Футсал Клубот „Рудник САСА“, ќе одиграат ревијален фудбалски натпревар по повод 10 години од формирањето на клубот. Од клубот, натпреварот го најавуваат како одлична можност за љубителите на фудбалот од нашиот град да се потсетат на убавите фудбалски моменти, успесите и бројните спортски возбудувања, кои имавме можност да ги бодриме и следиме од трибините. Во поканата која ја упатуваат до сите поранешни фубалери и тренери во клубот, симпатизери и љубители на фудбалската игра…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06.07.2022 година – Од ЈП Камена Река информираат дека, настанатиот дефект на улица Илинденска е целосно саниран и снабдувањето со вода е нормализирано. Поради изведување на работни активности, корисниците од улиците Македонска, Илинденска, Езерска и дел од улица Осоговска без вода за пиење беа во периодот од 11:30 до 13:00 часот.

ПОВЕЌЕ ...