Author: Media Point

Македонци украле 150 литри дизел од паркиран камион во Словенија. Taмошните медиуми објавија дека тројца македонски државјани украле 150 литри дизел од паркиран камион „Сканија“. Жител на словенечкото место Бивје ги забележал трите лица кои му биле сомнителни и решил да се јави во полиција. Полицијата фатила двајца од нив, а третиот избегал во кафеана, каде што се криел половина час. Тројцата Македонци престојуваат во Словенија. Izvor: https://www.faktor.mk/trojca-makedonci-ukrale-150-litri-dizel-od-kamion-vo-slovenija

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 13.05.2022 година – “Асфалтиран е патот до Дракарска маала во село Луковица. На овој локален пат останува да бидат финиширани банкини од двете страни”, – стои во соопштението, денес објавено од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, во чие продолжение се вели “Продолжуваме со изградба на патишта во сите средини и трајно ги решаваме на инфраструктурните проблеми на нашите жители”. Со овој Договор ќе бидат реализирани локални патишта во неколку рурални и приградски средини.

ПОВЕЌЕ ...

Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „лихварство” предвидено во член 260 став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во месец октомври 2018 година на женско лице од Кочани ѝ дала на заем 50 евра, а за услугата договорила за себе 1.500 денари месечна камата сѐ до враќање на главниот долг. С.И., злоупотребувајќи ја тешката имотна состојба и потребата на пријавителката, во периодот од ноември 2018 до март 2022 година остварила противправна имотна корист во износ од 33.000 денари и предмет во вредност од 20.700 денари. Односно, оштетената за заем од 50 евра на…

ПОВЕЌЕ ...

На 12.05.2022 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Виница, по добиена судска наредба, извршиле претрес на дом и други простории кај О.А.(40) во Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „тешка кражба“ од две викенд куќи, едната во место викано Среден дол, атар на Виница, другата во место викано Вршник, атар на с.Блатец, виничко. При претресот одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. О.А. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, во Македонска Каменица се одржува еднодневен Саем на книги во организација на КИЦ Романса Македонска Каменица. Настанот “Сакам книги” се реализира пред Домот на култура, каде во присуство на директори и претставници на институциите од локалната самоуправа, присуствуваше и градоначаникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Во кратката изјава, дадена по тој повод, Атанасовски вели “Радува фактот што културата повторно ја враќаме на највисоко ниво и бројот на културни настани од месец во месец е во постојан подем”. Летната сезона, како што стои во соопштението од градоначаникот Димчо Атанасовски, ќе ја заокружиме со ново издание на манифестацијата “Каменичко Културно Лето”…

ПОВЕЌЕ ...

10.05.2022 Македонска Каменица, Состанок на партнерите: Агенција за економски развој од Разлог, Еколошко друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица и Шумарски институт од Софија во проектот ” Градење капацитет за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони CAPLOCOM” Проектот е финансиран од: Преку граничната програма за соработка: Interreg – IPA CBC 2014-2020, помеѓу Р. Бугарија и Р.С. Македонија, број на договор: RD-02-29-68/05.03.2021

ПОВЕЌЕ ...

https://m.youtube.com/watch?v=GmPfxQsbaGI&feature=youtu.be ДПД Кочани организираше Гала вечер: Се надеваме на нашата подадена рака и вие ќе возвратите со подадена рака Како што веќе претходно беше најавено, во среда (11.05.2022) година, во просториите на ресторан Ла Спеса за првпат Доброволното противпожарно друштов Кочани (ДПД Кочани) организираше Гала вечер. Истата помина во пријатна и позитивна атмосфера, за што најдобро сведочат реакциите од гоститете кои ја пофалија организацијата,а воедно и целиот настан. Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на сите присутни, но и на оние кои уплатија карта, но поради оправдани причини не беа во можност да присуствуваат. Нам, како ДПД Кочани…

ПОВЕЌЕ ...

ТППЕ Македонска Каменица ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 09:00 до 10:00 часот, ќе спроведе тактичко показна вежба во кругот на ООУ “Св. Кирил и Методиј”. Соопштението за јавност ви го пренесуваме во целост: Во согласност со Правилникот за правилата за вршење на служба во Противпожарните единици во Македонија и Годишната програма за работа на ТППЕ – Македонска Каменица, на ден 13.05.2022 година, (петок) во периодот од 09:00-10:00 часот, во ООУ “Св. Кирил и Методиј“ ТППЕ-Мак.Каменица ке реализира методско тактичко-показна вежба “ЕВАКУАЦИЈА И СПАСУВАЊЕ НА ПОВРЕДЕНИ И ЗАГРОЗЕНИ ЛИЦА ОД ПОЖАР И ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАР”. За таа цел,…

ПОВЕЌЕ ...

„КОЧАНСКА СКАРА НА СОНЧОГЛЕДОВИ ПЕЛЕТИ“ – ПРОТЕСТ НА ИНИЦИЈАТИВАТА „ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО КОЧАНИ“ ПРЕД ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО СКОПЈЕ 12.05.2022 – Под мотото „Кочанска скара на сончогледови пелети“ претставници од граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“ денеска огранизираа протест пред Државниот инспекторат за заштита на животна средина во Скопје за да го искажат незадоволството на граѓаните на Кочани поради континуираното загадување на воздухот од компанијата „Пејпр мил“. Присутните на протестот истакнаа дека веќе неколку години бараат надлежните државни органи да преземат мерки и да го спречат аерозагадувањето, но и нарушувањето на квалитетот на водата во реките…

ПОВЕЌЕ ...

Народниот театар Штип со театарската претстава „Амбасадор“ на 19.05.2022 година, ќе гостува во Дом на култура во Македонска Каменица. Почеток на претставата, 20:00 часот. Влезници по 100 денари, можат да се купат во просториите на Домот на култура. Амбасадор е работена по текст на Славомир Мрожек, режирана од Андреј Цветановски и водена од пет лика со голема техничка екипа. Режисерот Цветановски вели дека „Амбасадор“ зборува за дипломатски конфликт помеѓу две неименувани земји, конфликт помеѓу амбасадорот и претставник на Владата. Текстот пишуван за Студената војна, но со можност да се приспособи на кој било конфликт меѓу две земји, е само едно…

ПОВЕЌЕ ...