Author: Media Point

Петок, 05.08.2022 година од 9:30 до 13:30 часот во просториите на Дом на културата во Македонска Каменица, ќе се одржи редовна крводарителска акција. Акцијата е во организација на ОО Црвен Крст Делчево, од каде “Ги повикуват сите крводарители и лица кои наполниле 18 години да дојдат да даруваат крв, со што ќе дадат голем придонес за здравјето на населението”. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ!

ПОВЕЌЕ ...

Пријателскиот натпревар, кој денеска се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица, помеѓу екипите на ЖФК Каменица САСА и ЖФК Хајвалиа од Косово заврши без голови. Ова беше одлична можност за играчите и двајцата тренери на клубовите, во рамки на подготвителниот период, да ги одмерат силите со противник рамен на себе. Екипата на ЖФК Хајвалија е актуелен шампион на Косово. “Одличен, квалитетен и интензивен пријателски натпревар. Иако натпреварот се одигра без погодоци, гледачите уживаа во креативноста и борбеноста на двете екипи” – изјави Зоран Златковски, кој во оваа прилика ги наброја најсериозните шанси за гол на нашите девојки “Ленче Андреевска…

ПОВЕЌЕ ...

ДПД САСИ Македонска Каменица објави Јавен повик за пријавување на нови членови. Истиот ви го пренесуваме во целост: ДПД САСИ Македонска Каменица објавува јавен повик за нови членови. Сите заинтересирани може да се пријават на телефонските броеви наведени подолу како и со порака на страната на ДПД САСИ Македонска Каменица со внесување на име и презиме, возраст, место на живеење и телефон за контакт. На јавниот повик може да се пријават сите заинтересирани што можат да дадат свој придонес за подобро работење и функционирање на друштвото без разлика на пол, вера, националност, возраст или било која друга припадност. Јавниот повик…

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА, утре со почеток од 18:00 часот, на градскиот стадион во Македонска Каменица, ќе одигра Маѓународен пријателски натпревар против шампионот на Косово, екипата на ЖФК Хајвалиа. Утрешниот натпревар е прв пријателски натпревар кој ЖФК Каменица САСА ќе го одигра пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Љубителите на фудбалот од Македонска Каменица и регионот имаат можност да проследат убав фудбалски натпревар на каменичките девојки против екипата на ЖФК Хајвалиа, претставник на Косово во Лига на шампиони.

ПОВЕЌЕ ...

ВИДЕО: Патувал 30 часа од Србија до Турција со „Застава 101“ Млад човек од Лесковац во Србија патувал 30 часа до Кушадаси во Турција со Застава 101, попознат како Стојадин. Имено, тој со овој автомобил успеал да стигне до Кушадаси, токму во моментот кога се повеќе автомобили се расипуваат на патот кон морето. Вратете го видот на која било возраст со овој метод…не се потребни операции !!! Младиот човек кој се прослави на „Тик Ток“ токму поради љубовта кон старите автомобили „Застава“, покажа дека доколку Стојадин правилно се сервисира и вози, многу добро може да послужи како превозно средство до…

ПОВЕЌЕ ...

Група граѓани после 10 години повторно ја расчистуваат Магилката. Таму во иднина, граѓаните од Македонска Каменица повторно ќе можат да ги одбележуваат христијанските празници Група граѓани од Македонска Каменица самоиницијативно ја започнаа акцијата за расчистување и уредување на Магилката, место каде што во минатото се одбележуваа поголем број на христијански празници со народни собири и се делеше ручек за здравје. „Акцијата за чистење  на просторот ја спроведуваме во пресрет на големиот христијански празник Св. Илија Илинден, за кога веќе започнавме организациски активности за одржување на народен собир на ова место, каде до пред 10 години се одбележуваа голем број на…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, потпис на договорот од една година со ЖФК Каменица САСА, стави Селијана Карваљо, Американка со бразилско потекло. Карваљо во ЖФК Каменица САСА доаѓа од екипата WFC Ann Arbor од Мичиган, САД. Станува збор за одбранбена фудбалерка, која со својот квалитет ќе допринесе за поголема стабилност и сигурност во одбраната. ЖФК Каменица САСА е вицешампион во домашното првенство од 2021/22 сезоната и победник во Купот на Македонија. Во претходните две сезони тимот од Македонска Каменица беше Шампион на Македонија со неприкосновен број на освоени бодови на табелата од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Welcome Seliana Carvalho good luck 🍀

ПОВЕЌЕ ...

Денес е празник Св. великомаченица Марина. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 28.Јули 2022 година – Како што стои во денешната објава на градоначалникот Димчо Атанасовски, општина Македонска Каменица преку работни активности на ЈП Камена Река, започна со поврзување на домаќинствата од приградската населба Павлиш Дол на новоизградениот водоводен систем изграден за решавање на проблемите со водоснабдувањето во овој дел од градот. “Жителите од Павлиш дол ги приклучуваме на новата водоводна линија, каде пеесетина домаќинства добиваат квалитетна вода за пиење. Во наредните десетина дена сите ќе бидат вклучени на новоизградената водоводна мрежа” – изјави градоначалникот Атанасовски, кој додаде дека “Изградбата на нови зафати и водоводни линии во руралните средини ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42%. Според одлуката се намалува цената на дизелот за 2 денари, а бензините и маслото за домаќинство не се менуваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), од вечерва на полноќ ќе изнесува 94,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95…

ПОВЕЌЕ ...