Author: Media Point
ЖФК Каменица САСА ја совлада ЖФК Црвена Звезда во финалето од Меѓународниот турнир во Речица, Куманово Со победата над големата белградска Црвена Звеза, екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица го освои силниот Меѓународен турнир во Речица, Куманово Регуларниот дел од натпреварот заврши без голови, при што екипата на ЖФК Каменица САСА беше поуспешна од ЖФК Црвена Звезда, со конечни 4:3. „Балканскиот фудбалски гигант, силната Црвена Звезда од Белград, Србија беше целосно надиграна од нашите девојки. Расположени и мотивирани за игра, успеаа да донесат нов пехар во Македонска Каменица“ – изјави стратегот Зоран Златковски кој беше прогласен за најдобар…
Во Македонска Каменица се организира турнир во баскет (3 х 3) – Streetball Kamenica 2k22 Турнирот ќе се одржи на 20 и 21 август на Повеќенаменското спортско игралиште пред гимназијата „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица. Учество на турнирот може да земат сите рекреативци и љубители на кошарката. Пријавувањето започнува денес, а ќе трае до 17 Август, односно додека не биде исполнета бројката од 16 екипи. Екипите ќе бидат поделени во 4 групи. Екипите треба да се состојат од 3+1 играчи, а за учество се плаќа котизација во вредност од 2000 денари. Најуспешните три екипи ќе добијат награди од: место…
На 06.08.2022 во 23:55 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Д.Ѓ.(27) од Делчево затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Без разлика дали станува збор за познат фудбалер или иноватор, многу од нас се гордеат што се од ист град како и некоја позната личност. Но, која е најпознатата личност од вашиот град? Една детална интерактивна мапа може да ви го даде одговорот на ова прашање. Според неа, Мајка Тереза е најпозната личност родена во Македонија, но доколку „зумирате“, може да ги видите имињата на најпознатите лица од секој дел од земјата. Мапата е дело на истражувачот и географ Топи Тјуканов и е основана на истражување спроведено во јуни годинава. Во истражувањето, научници од Универзитетот на Париз пресметале кое е…
Во заедничка акција на тимовите од ТППЕ Македонска Каменица и ДПД “САСИ” денеска, беше интервенирано во гасењето два одделни пожари во Македонска Каменица. Едниот од пожарите беше во близина на хидроцентралата Калиманци, а вториот пожар беше во непосредна близина на градската депонија. Пожарите се локализирани, а тимовите се сеуште на терен и работат на спречување на повторно активирање на истите” – велат од екипите кои учествуваа во гасењето на пожарите Од општина Македонска Каменица, упатуваат апел до граѓаните за одговорно однесување и веднаш да го пријават секое несовесно однесување во природа. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02wv7YC38dW8kwJ5Bk1C2JEaMwCG4NjYSoZX4uosPa9F4FYbUJNJzW9GSTyifeWZDl&id=1193312000714280&sfnsn=mo&extid=a&mibextid=7htlnv
Македонска Каменица, 05.08.2022 година – Денеска, пред просториите на ДПД САСИ – Македонска Каменица, врз основа на претходно објавениот Јавен повик од друштвото, започна зачленувањето на нови членови во друштвото. Обраќање кон присутните доброволци, имаше претседателот на ДПД САСИ Македонска Каменица, Ангелчо Стоименовски кој пред новите 20 членови ги повтори основните постулати и насоки според кои ќе работи друштвото. „Ние, согласно статутот на друштвото, во иднина ќе функционираме како доброволна, хуманитарна и непрофитна граѓанска организација. Наша основна цел, првенствено ќе биде помагање при гаснење на пожари, помагање и справување при секаков вид на елементарни непогоди“, – истакна Стоименовски, дополнувајќи дека…
ЖФК Каменица САСА го потврди учеството на силниот Меѓународен турнир кој на 06 и 07 Август 2022 година, ќе се одржи во Речица, Куманово. Полуфиналните натпревари, помеѓу ЖФК Каменица САСА – ЖФК Лесковац и ЖФК Речица – ЖФК Црвена Звезда ќе се одиграат во сабота на 06. Август. Победниците од овие натпревари, во недела со почеток од 18:00 часот, ќе го одиграат финалниот натпревар. Претходно, ќе биде одигран натпревар за трето место, со почеток од 16:00 часот. На каменичките девојки им посакуваме многу успех во учеството на овој Меѓународен турнир, убави натпревари со можност за надигрување со силните противници, како…
Денеска, во просториите на ЈП Камена Река, ДПД САСИ Македонска Каменица и Јавното претпријатие потпишаа меморандум за соработка. Потпис на Меморандумот за соработка ставија, директорот на ЈП Камена Река Влатко Димитровски и претставници на ДПД САСИ Македонска Каменица. Со овој меморандум за соработка е официјализирана соработката помеѓу ЈП Камена Река и ДПД САСИ Македонска Каменица, со која и двете страни очекуваат плодна и успешна соработка. Во рамки на настанот, од страна на ЈП Камена Река беше доделена донација од помошна опрема, за која од ДПД упатија огромна благодарност. Нагласија дека “ова е добредојдена помош на почетокот од функционирањето на друштвото…
Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, се одржа свеченост по повод прием на должност Командант на воздухопловен ВИНГ (вВИНГ). Пред стројот на единицата и присутните гости во своето обраќање командантот на Команда за операции (КО), бригаден генерал Бесник Емини, истакна дека пред него стои обучен и високо мотивиран колектив кој до сега се има справено со секаков вид на задачи и секојпат биле извршени на највисоко ниво, при што им се заблагодари за залагањето и професионалноста, а на потполковник Стоименовски му упати искрени честитки по повод стапувањето на новата должност, со желба за постигнување на уште поголеми резултати во…
Шеесет и две годишна жена од Делчево е приведена по опожарување на возило кое утрово се случи на булевар „Македонија“ во Делчево. По опожарувањето на возилото, до полицијата доставена е видео снимка од надзорна камера, по што е приведена шеесет и двегодишната (Н.Д), која била забележана на снимките од камерата во близина на возилото, кое потоа почнало да гори. Против сторителот, по разгледување на случајот, од полицијата најавија дека ќе биде превземен соодветен поднесок. Веднаш по пожарот, штој е пријавен утрово околу 03:45 часот, на лице место со едно возило интервенираше екипа на ТППЕ Делчевo. Пожарот прв го забележал случаен…
