Author: Media Point
Буџетските средства наменети за Здружението за културни и уметнички дејности „Џој Фест” од Крива Паланка, ќе бидат стопирани, бидејќи во апликацијата до Министерството за култура беа наведени други изведувачи, а не познат турбо-фолк пејач од Србија. – Организаторите на фестивалот годинава добија 153.000 денари од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Но, поради непочитување на критериумите и вметнување на турбо-фолк пејач во програмата, тие нема да ги добијат овие средства, велат од Министерството за култура.
АМСМ информира дека на А3 Кочани – Штип кај с.Облешево, околу 80 – 100 граѓани – оризопроизводители со 12 земјоделски машини ја блокирале сообраќајната лента во правец Штип – Кочани. Сообраќајот се одвива наизменично. Блокадата е од 10:15ч.
Косовскиот суперлигаш Кастриоти Феризај, кој е предводен од македонскиот тренер Аце Станковски, во своите редови го донесе екс ракометарот на Вардар Јуниор, Работнички и Охрид, Кристијан Анастасовски, кој на Косово ќе го има вториот интернационален предизвик. Младиот ракометар во редовите на Кастриоти пристигна од францускиот второлигаш Анже, клуб во кој мина две сезони и забележа одлични настапи во Франција. Раководството на клубот од Феризај ја официјализираше соработката со македонскиот ракометар и го најави како големо засилување во тимот. Ракометарите на Кастриоти под водство на Аце Станковски, кој го презеде кормилото на клубот во пролетниот дел во изминатата сезона, ги оправдаа…
Во манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, денеска се одржува 7-та по ред манифестација Ден на дијапспора. Настанот е во организација на Културно-информативниот центар ,,Романса” со поддршка на иселениците и општина Македонска Каменица, а во рамки на истиот беше организирана Културно-уметничка програма. -Како и секоја година со исклучок на периодот на пандемијата, КИЦ ,,Романса” е главен организатор на настанот, заедно со нашите иселеници кои се надвор од државата. Во рамки на репертоарот оваа година имаме настап на локалниот Актив Бенд и пејачот Дарко Билбилоски” – истакна директорот на КИЦ ,, Романса” Гоце Стојановски. Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски…
По повод 5 години од постоењето, ЖФК Каменица САСА на Градскиот стадион во Македонска Каменица ќе одигра пријателски натпревар против ЖФК Истатов од Дојран. Натпреварот помеѓу ЖФК Каменица САСА и ЖФК Кул Истатов ќе се одигра на 14. Август во недела, со почеток од 16:30 часот. Женскиот фудбалски клуб “Каменица САСА” од Македонска Каменица, одбележува 5 години од своето постоење. ЖФК Каменица САСА е основана на 09 Јуни 2017 година од нашиот сограѓанин и фудбалер со богата и долгогодишна интернационална кариера, Зоран Златковски. Иако клубот постои само 5 години, веќе е двократен Шампион во Првата женска фудбалска лига (2019/20; 2020/21)…
Многу поголема неизвесност имаше на првата проверка во Македонска Каменица која гостинските кошаркарки ја добија со минимални (44:41) Женската кадетска селекција на Македонија полека ги привршува подготовките за учество на претстојното ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 16“ години во Подгорица. А како дел од планираните активности, беа реализирани и два контролни натревари. Се одиграа во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, каде ни гостуваше соодветната селекција на Бугарија. Гостинките беа поуспешни и во двете проверки. Во онаа првата во која поголем број на минути добија кошаркарките кои многу извесно, ќе бидат во таа улога и на претстојниот шампионат во…
Македонска Каменица, 11.08.2022 година – Денеска, како што стои во објавеното соопштение за јавност, на пригоден начин во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица, беа доделени Дипломи за завршено средно образование на матурантите од генерацијата 2018-2022. Награда доби и Мери Соколовска, која е прогласена за Првенец на генерацијата во изминатата учебна година. Директорката на училиштето, Данче Донева Гоцевска на учениците Столе Јовановски, Кристина Николовска, Рената Наумовска и Елеонора Илиевска им додели Пофалници за континуиран одличен успех и примерно поведение. На сите ученици од Генерацијата 2018-2022 година во иднина, од училиштето им посакуваат добро здравје, среќа и успех.
Играњето во францускиот Тарбес нашата најдобра кошаркарка го замени со една од најдобрите балкански екипи Анџелика Митрашиновиќ во наредната сезона ќе настапува за најдобрито клуб ов Бугарија – Монтана. Нашата најдобра кошаркарка за 2021 година, и капитен на сениорската репрезентација играњето во Франција ќе го замени со еден од најдобрите тимови на Балканот. Искусната кошаркарка ќе се обиде да му донесе уште поголем резултат на клубот од Стара Загора кој е редовен учесник на завршните турнири од женското издание на Јадранската лига. Потписот со Монтана ќе биде само продолжение на интернационалната кариера на Митрашиновиќ, која во годините наназад настапуваше за…
Жител од Македонска Каменица заработи кривична пријава откако нелегално пренел домашни свињи заразени со африканска чума во Кочани, потврдуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од секторот за здравствена заштита велат дека свињите биле отстранети и се проверува целиот регион дали има потенцијални жаришта или не. Акцијата била направена во соработка со МВР и од агенциајта велат дека во иднина контролите ќе бидат засилени на патишата ќе се проверува дали има превоз на животни или не. Од агенцијата велат дека зараза засега има во кочаснко во село Тркање и селото Пресека, селото Моштица каде беше првиот случај и ситуацијата во…
Министерството за правда предлага нов член 403 „Безобѕирно управување со моторно возило“ што ќе се води како кривично дело кое предвидува парични или казна затвор до три години. Возењето под дејство на алкохол со најмалку 1,50г/промили во крвта или пак под дејство на дроги и психотропни супстанци, возењето во забранет правец, претекнувањето на колона возила на непрегледно место и возењето над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина ако досега се казнуваше прекршочно, со новите предлог измени во кривичниот законик се планира да се казнува како кривично дело. Од министерството за правда кои се предлагачи на измените велат дека…
