Author: Media Point

Македонска Каменица, 14.06.2022 година – Општина Македонска Каменица објави вест, дека започнаа земјените работи за изградба на осветлувањето на Градскиот кеј на Каменичка Река. “Ова е еден од неколкуте големи проекти на кои работи Општина Македонска Каменица работи во овој период. Очекувањата се дека активностите ќе бидат комплетно завршени до крајот на август, – стои во соопштението од општина Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Веднаш по завршувањето на сезоната, вицешампионот доби големо, репрезентативно засилување Екипата на Баскет Кам 2011 ја загуби шампионската титула. Но раководството на клубот од Македонска Каменица ќе се обиде веднаш да го возврати ударот, и веќе во наредната натпреварувачка сезона да атакува и на трофејот во националниот шампионат кој сега е во витрините на нивниот голем ривал, екипата на Бадел 1862. Кон таа цел, направен е и првиот конкретен чекор, ангажирано е првото засилување. Раководниот тим на Баскет Кам 2011, постигна согласност и потпиша едногодишен договор со актуелнатга репрезентативка, Сања Адамовска. Во последните неколку сезони, 170. сантиметри високиот бек на нашата женска…

ПОВЕЌЕ ...

ЈП Камена Река ги информира граѓаните корисници на водоснабдителниот систем Суво Маало, дека настанатиот дефект на главната водоводна линија е саниран и состојбата со водоснабдувањето веќе е нормализирана.

ПОВЕЌЕ ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 111,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар. За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари. Се зголемува цената и на Мазутот М-1 НС за 0,809 денари и еден килограм ќе с епродава за 56,317 денари. Според Регулаторната комисија за енергетика, референтните цени…

ПОВЕЌЕ ...

За љубителите на играните и анимираните филмови, КИЦ Романса Македонска Каменица за следната недела најавува кинопроекција на филмови за деца, млади и возрасни. Во прилог распоред на кинопроекциите: • Вторник 14.Јуни 2022 година, 20:00 часот. Премиерно прикажување во Домот на култура на македонскиот игран филм Сестри во режија на Дина Дума. Влезница 100 денари. Филмот е наменет за 12+ годишна публика. • Неверојарната приказна за “Џиновската Круша”. Детски анимиран во четврток на 16. Јуни 2022 година со почеток од 19:00 часот. Влезница 70 денари. Анимираниот филм е наменет за 8+ годишна возраст. Билетите се пуштени во продажба,…

ПОВЕЌЕ ...

Поради изведување на градежни активности за поправка на поголем настанат дефект на главната водоводна линија, без вода за пиење од градскиот водоводен систем ќе бидат корисниците од Суво Маало во Македонска Каменица. Прекинот со водоснабдување на овој дел од градот, како што известуваат од ЈП КаменаРека, ќе биде во прекин се до поправката на настантиот дефект.

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА објави почеток на соработката со Kodex Group INC ЖФК Каменица САСА преку своите официјални налози на социјалните мрежи упати огромна Благодарност до Kodex Group INC Transportation во САД, за обезбедената нова опрема за сениорската екипа. “Добиената поддршка ќе ја насочиме кон системско надоградување на тимот и кон создавање на подобрени услови во нашиот клуб. Од името на раководството на клубот, стручниот штаб и сите членови фудбалерки, упатувам благодарност до Kodex Group INC за поддршката”, изјави Зоран Злстковски, претседател и тренер на Женскиот фудбалски клуб од Македонска Каменица, кој додаде дека “со ваквата поддршка клубот во наредните…

ПОВЕЌЕ ...

Женскиот фудбалски клуб “Каменица САСА” од Македонска Каменица денеска, одбележува 5 години од своето постоење. ЖФК Каменица САСА е основана на 09 Јуни 2017 година од нашиот сограѓанин и фудбалер со богата и долгогодишна интернационална кариера, Зоран Златковски. Иако клубот постои само 5 години, веќе е двократен Шампион во Првата женска фудбалска лига (2019/20; 2020/21) и овогодишен победник<span;> во Купот на Македонија. Како Шампион на Македонија, ЖФК Каменица САСА во изминатите две сезони се натпреваруваше и во разигрувањата по групи од Лига на шампиони. Покрај сениорскиот тим, во кој се вбројуваат редица на македонски репрезентативки и интернационалки од Европа и…

ПОВЕЌЕ ...

Свештенството при Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица упати Известување до граѓаните кои за Задушница ги посетуваат гробиштата кај Градската капела (Сарафски гробишта) во кое се вели: Граѓаните кои поради здравствени или други причини, во Сабота на 11 Јуни 2022 година, не се во можност да чекаат да дојдат свештените лица, садовите со пченица нека ги остават пред Градската капела на веќе поставените маси за таа намена. Покрај садовите со пченици да има оставено свеќа и лист со името/имињата на покојните. Најпрво свештеникот ќе изврши општ спомен над нив, а потоа ќе замине по парцелите на гробните…

ПОВЕЌЕ ...

Свештенството при Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” ги објави термините за Задушници на територијата на општина Македонска Каменица во сабота на 11.Јуни 2022 година. • 06:00 Моштица • 06:00 Саса • 07:30 Грчки гробишта • 08:00 Луковица • 08:30 Св. Илија • 09:00 Капела Од свештенството при Светиот храм Успение на Пресвета Богородица Македонска Каменица

ПОВЕЌЕ ...