Author: Media Point
Вечерва, со почеток од 20:00 часот, во Паркот на рударите започнува прикажувањето на кинопроекциите од Кино на отворено во Македонска Каменица. Настанот се случува во рамки на Каменичкото културно лето 2022. Во зависност од временските услови, како што стои во соопштението за јавност од КИЦ Романса, прикажувањето на кинопроекцијата че се случува на отворено, во спротивно истата ќе се прикаже во Домот на Културата. Вечерва премиерно на репертоарот ќе се прикажува детскиот игран филм “СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ“ (Glass Boy) Кратка содржина : Стакленото момче Пино Гамбаси е дете што страда од хемофилија и гори од нескротлива желба за слободна и бескрајна…
Од АМСМ додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата Авто-мото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен, а дека на граничниот премин „Табановце“ се чека околу 60 минути за излез и влез во државата, додека на ГП „Богородица“ се чека околу 30 до 40 минути. Оттаму додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата,…
Денеска (21.08.2022) во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“ полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип и други организациски единици од БЈБ во координирана акција со Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат извршија контрола во угостителски објект во Делчево.При тоа, пронајдена е бела прашкаста материја, затекнати се пет малолетници по 24 часот, а утврдено е и дека едно лице без лиценца врши дејност обезбедување на објектот. Од страна на УЈП е констатирано дека нема фискални каси во објектот и ќе биде изготвено решение за негово затворање. Затекната е и малолетничка која работела…
Попладнево се случи страшна сообраќјка пред влезот на Скопје. Поточно, на делот на клучката каде се делат патиштата за кон Скопје и кон Обиколницата. Првичните информации говорат дека се работи за верижен судир и има голем застој. фото Твитер Оние што доаѓаат кон Хиподром им се советува да се исклучат на автопатот кој води кон Белград па оттаму кон Белви назад за Скопје или да ја користат Обиколницата.
Неколку мостови и патни правци беа отсечени по невремето што ја зафати Малешевијата, на територијата на општина Берово, откако претходно се излеаја повеќе водотеци кај пехчевската турстичка населба Равна Река. На делови од делницата до Клепало регистрирани се возила кои со потешкотии се движат по однесената патна мрежа, но во моментот не се пријавени заглавени или повредени лица. – Поради обилниот дожд, оштетен е патот до граничниот премин поточно од месноста Уливо до Клепало, кој не е прооден. На лице место со сопствена механизација интервенираат наши екипи кои работат на расчистување на патот – информираа од ,,Македонија пат”.
Вчера по преземени мерки и активности од полициски службеници од ОВР Виница, во полициска станица бил извршен службен разговор со двајца 17-годишници, во присуство на нивните родители, поради постоење основи на сомнение дека ноќта помеѓу 15/16.08.2022 извршиле кривично дело „тешка кражба“ во угостителски објект на градскиот базен во Виница, од каде одзеле поголема количина на производи. Извршен бил претрес на три локации во Виница, при што во домот на едниот малолетник во Виница биле пронајдени и одземени украдените предмети и тие ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против лицата до ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава.
Отсечени неколку мостови и патни правци по невремето кое ја зафати Малешевијата на територијата на Општина Берово, откако претходно се излеаа повеќе водотеци кај пехчевската турстичка населба Равна Река. На делови од делницата до Клепало регистрирани се возила кои со потешкотии се движат по однесената патна мрежа, но во моментот не се пријавени заглавени или повредени лица. -Поради обилниот дожд оштетен е патот до граничниот премин поточно од месноста Уливо до Клепало кој не е прооден. На лице место со сопствена механизација интервенираат наши екипи кои работат на расчистување на патот, информираа од ,,Македонија Пат”. Поради зголемениот водостојот на реката…
Колкаво влијание имаат социјалните мрежи се уверија и членовите на „Камчија оркестар“, чија песна „Комбајн жнеење“или како што сите ја знаат „Васко жабата“ стана вистинска сензација на Балканот. Бугарскиот бенд ја сними оваа песна пред речиси две децении, а корисниците на Тикток и Инстаграм неодамна ја оживеаја, а рефренот „Васко Жабата“ со недели ги преплави сите апликации. Продуцентот на оваа хит песна Марин Маринов вели дека е изненаден од успехот на песната две децении по објавувањето. – Да бидам искрен, пријатно сме изненадени што оваа песна стана толку популарна 20 години откако ја снимивме. Песната има изразен балкански ритам, а пејачите одлично…
ОГЛАС: Се продава градежно земјиште во непосредна близина на Општината Се продава градежно земјиште во централното градско подрачје на Македонска Каменица, во непосредна близина на Општината. Градежната парцела е погодна за изградба на објект за домување и деловен простор. Вкупната површина на парцелата изнесува 390 м², со 214 м² градежна маркица П+2+ПК. Цена по договор. Информации на телефон: +389 71 393 544
Се продава градежно земјиште во централното градско подрачје на Македонска Каменица (Кај Борчето) Се продава градежно земјиште во централното градско подрачје на Македонска Каменица (Кај Борчето), погодно за изградба на објект за домување и деловен простор. Парцелата е со површина 473 м2, со 258 м2 градежна маркица П+3. Цена по договор. Информации на телефон: +389 71 393 544 ; +389 78 485 118
