Author: Media Point
ВИСТИНСКА ДPAMA СЕ СЛУЧУВАЛА НА ЛЕТОТ КОН СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Вчера во 03.50 часот на „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Д.Ц.(31) од Делчево затоа што се соблекувал и самозадоволувал во воздухопловот на „Wizz air“, кој летал од Лондон до Скопје, соопшти МВР. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициското одделение Петровец и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Извор: булевар.мк
По повод 01. Септември и почетокот на новата учебна 2022/23 година, КИЦ Романса објави ЈАВЕН ПОВИК до сите ученици, наставници и професори во општина Македонска Каменица. Во упатениот Јавниот повик, КИЦ Романса ги информира и повикува сите ученици, наставници и професори, кои земаат учество во образовните активности од училишните секции, дека во Културно информативниот центар имаат отворени врати и партнер за реализацијата на сите школски активности. “Така со заедничка поддршка ќе допринесеме за постигнување на повисоки стандарди во самиот образовен процес и продуцирање на програми од областа на културата, како особено важни сегменти во развојот на младите и учениците од…
Македонска Каменица, 31.08.2022 – И оваа година, по повод Денот на рударите, рудникот САСА обезбеди парични награди и пригодни подароци за сите свои вработени, за нивното залагање и посветеност во работата. На 123 вработени им беа доделени и дополнителни парични награди, подароци и признанија за нивниот особен придонес во одржување на високиот степен на безбедност и здравје при работа, како и во остварувањето на производствените цели. Инаку, во пресрет на Празникот, на сите вработени во САСА им беа зголемени платите, со што просечната плата во САСА сега е и до 80% повисока од просечната плата во земјава. Од…
ЛД “М.Каменица – Саса” испрати Известување до ловците членови на друштвото и сите лица заинтересирани за ловење на дивеч. Известувањето ви го пренесуваме во целост: Почитувани, колеги ловци членови и оние кои сакаат да бидат членови на Ловно Друштво “М.КАМЕНИЦА-САСА” од Македонска Каменица Ве ИЗВЕСТУВАМЕ дека согласно решението од АХВ со бр 10-2257/11 и во исчекување на решението од МЗШВ,дека ловот на дива свиња започнува од 01.09.2022 односно прв ловен ден ќе биде 04.09.2022г.(недела) како и секоја недела,државен празник и по некој верски празник(за понатамошниот распоред ќе бидете дополнително известени) до 31.01.2022г со можност за продолжување. Ловот ќе се одвива…
Денеска, во ООУ “Кирил и Методиј” во Мскедонска Каменица, беа доделени свидетелствата на учениците од I до VIII одделение. Исто така, како што стои во соопштението за јавност од училиштето, на учениците првенци на генерација и на учениците кои биле успешни на регионалните и државни натпревари во учебната 2021/22 година, директорот Виктор Георгиевски им додели соодветни пофалници и награди. Каменичката деветолетка ја посетуваат скоро 500 ученици, а оваа година училиштето зголемен број на првачиња за 37 % во однос на претходните години. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02RvHvDNEQNbYm8syjageWtc3mpmpxM6crP9k8M7H6bjzVFtFK2Yw3FQgdH3uNP4Dql&id=100057537847067&sfnsn=mo&extid=a&mibextid=7htlnv
Од СОУ “Миле Јаневски Џингар” Македонска Каменица известуваат дека учебната 2022/23 година, ќе започне во четврток, на 01. Септември 2022 година. Од училиштето известуваат дека, наставата за учениците од втора до четврта година ќе започне во редовниот термин, од 07:45 часот. Приемот на ученици запишани во прва година ќе биде во училишниот двор во 08:00 часот. На сите ученици, од училиштето, им посакуваат успешен почеток на новата учебна година.
Денес, се навршуваат 78 години од ослободувањето на виничкото село Блатец. По тој повод вчера (28.08.2022) на загинатите борци од фашистичкиот окупатор со едно минутно молчење и положување на свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци делегација на Општина Виница и други присутни им одадоа почит на загинатите и учесниците во народно ослободителната војна.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, дизелот повторно драстично поскапува. Од ноќеска на полноќ дизел горивото поскапува за 3 денари и ќе изнесува101,5 денари по литар, додека бензините поскапуваат 0,5 денари. Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во Македонска Каменица претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во делови од Скопската Котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 31 степен. Во наредните денови под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе…
Дури четири првотимки на ЖФК Каменица САСА се дел од составот на репрезентација на Македонија, Елма Шемсовиќ, Мила Талевска, Драгана Костова и Ленче Андреевска Женската репрезентација на Македонија ќе одигра два квалификациски натпревари на 01. и 06 Септември против репрезентациите на Латвија во Скопје и против Австрија нс гостински терен. Ова е уште една потврда за врвниот квалитет за каменичкиот женски клубски фудбал на национално и меѓународно ниво. Управата на клубот им посакува личен успех на своите девојки, како и добар репрезентативен резултат во претстојниот квалификациски циклус. Честитки и признанија, за овој успех, пристигнуваат од голем број љубители на фудбалот…
