Author: Media Point
Приватните лекари од денеска до 7 септември нема да работат со пациенти и нема да издаваат рецепти, но ќе бидат на нивните работни места и ќе примат само итни случаи, на штрајкот со кој бараат покачена капитација. -Нашите проблеми се кажани и пренесени, поголемиот дел од нашите барања не се пари, промените треба да се исполнат бидејќи се е во интерес на народот, кажа за „Локално“, др. Лилија Чолакова Дервишова претседател на Здружението на приватни лекари (ЗПЛРМ), која напоменува дека матичните лекари долго и трпеливо чекаат да се најде решение за нивните проблеми. -Платите на наставниците им се покачија, исто…
ОДЛИЧНА ВЕСТ ОД КИЦ РОМАНСА: ЗАПОЧНУВА КУРСОТ ЗА ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ КИЦ Романса од Македонска Каменица го најави почетокот на курсот за театар за деца и младинци. Пријавувањето за курсот започнува од понеделник 05 септември 2022 година. Покрај ученици и студенти, можат да се пријават сите деца и младинци, како од Македонска Каменица, така и од околните градови. “Пријавувањето ќе трае до 24 септември 2022 година, кога е планирано да започне курсот” – велат во најавата од Култуено информативниот центар од Македонска Каменица, каде во продолжение на текстот стои дека, “Часовите по театар ќе ги држи нашата сограѓанка…
Свештенството при Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” во недела на 04. Сеотември 2022 година, со почеток во 09:00 часот ќе изврши Молебен за почетокот на новата училишна година. По тој повод, како што стои во соопштението за јавност од свештениците во Светиот храм ги покануваат сите ученици, студенти и просветни работници на заедничко прославување на Бога. Христос помеѓу нас!
ЈП Камена Река како претпријатие задолжено за одржување на јавната чистота и комуналната хигиена на територијата на општина Македонска Каменица, денеска започна акција за превентивно отстранување на сувите и дотраени високостеблести дрвја, кои претставуваат потенцијална опасност за околината. Од Јавното претпријатие известуваат дека, паралелно со отстранувањето на опасните дрвја, екипите на ЈП Камена Река веднаш, на локациите, веднаш вршат засадување на нови декоративни листопадни садници. ЈП Камена Река во текот на целата сезона, конринуирано спроведува акции за зголемување и редовно чистење и одржување на постоечките зелени и урбани јавни простори на целата територија на Македонска Каменица.
Страотна сообраќајна несреќа се случи вчера, на патот Македонска Каменица – Делчево. Според она што може да се види од фотографијата, среќа во несреќа е што нема човечки жртви. Фотографијата која ја добивме од лице место, сведочи за сериозноста на несреќата. Тракторот речиси и да не може да се врати во возна состојба, а оштетен е и автомобилот со марка „ауди“. За оваа сообраќајна несреќа, во дневниот билтен извести и МВР: На 01.09.2022 во 09.10 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека на патот Македонска Каменица-Делчево, во атар на с. Драмче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило…
Вчера (01.09.2022) во 11.30 часот во атар на с. Негрево, пехчевско, при обиколка на теренот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток пронашле 319 стебла на растението канабис. Екипа на Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Берово извршила увид на местото и стеблата биле подигнати за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ВО НАПРЕДНА ФАЗА Е ИЗГРАДБАТА НА СУПЕРМОДЕРНИОТ СПОРТСКИ КОМПЛЕКС ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Македонска Каменица, 01.09.2022 година – Општина Македонска Каменица денеска објави вест дека изградбата на најмодерниот спортски комплекс во Македонија кој се гради во Општина Македонска Каменица е во завршна фаза. Од општина Македонска Каменица, додаваат дека веќе во текот на наредната недела ќе биде завршена атлетската патека и ќе биде асфалтирана подлогата за останатите спортски терени. По изградба на терените, како што стои во продолжението на текстот, ќе се пристапи кон хортикултурно уредување на просторот, ќе се постават нови стативи на фудбалскиот стадион и тоалети. Предвидена е изградба…
Градоначалникот Атанасовски ги посети првачињата на првиот училишен ден Денеска, по повод 01.Септември и почетокот на новата учебна 2022/23 година, градоначалникот Атанасовски беше во ООУ “Св. Кирил и Методиј” каде на првиот училишен ден ги посети новите првачиња. „Им посакав огромна среќа, вредно да учат и работат и училишните денови да им минуваат со насмевки. Верувам дека наставниот кадар од нашето училиште ќе ги подготви дечињата за справување со сите животни предизвици“, – истакнува Атанасовски во честитката до првачињата и учениците во каменичката деветолетка. Исто така, во соопштението за јавност од градоначалникот Атанасовски се вели дека, по повод почетокот…
По повод првиот ден од новата учебна година, воспитно негователскиот персонал при ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица, на чело со директорката Тодорка Велиновска им посака добредојде на дечињата во детската градинка. „Успешна година, исполнета со знаења, другарување, многу насмевки и радост и среќен почеток на новата учебна година“ – се вели во честитката упатена до дечињата. „Децата се наша заедничка одговорност“, истакнуваат од Детската градинка во обраќањето до родителите, каде дополнуваат дека сите треба „Да бидеме одговорни, да бидеме трпеливи и да соработуваме. Да го обезбедиме најдоброто за правилен развој на нашите деца. Заеднички да овозможиме нивно здраво и безбедно растење“.…
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) потпишаа Спогодба за повисоки плати во основното и средното образование за 15 отсто од септемвриската плата. Спогодбата на Фејсбук попладнево ја објави претседателот на Синдикато Јаким Неделков, а денеска на прес-конференција министерот Јетон Шаќири соопшти дека наставниците ќе добијат, како што рече, „историско покачување“ со септемвриската плата. Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Неделков и министерот Шаќири, стои дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.
