Author: Media Point
Крис Колбурн е новиот генерален директор на САСА На први септември, Крис Колбурн се приклучи на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица, како нов генерален директор. Досегашниот генерален директор на САСА, Скот Јеланд се врати на позицијата главен оперативен директор на Централ Азија Металс. Крис Колбурн е квалификуван рударски инженер и експерт од областа на управување и економика на минерални суровини. Тој е искусен професионалец, кој повеќе од 34 години извршувал најразлични одговорни задачи и функции во рударската индустрија на глобално ниво. Својот професионален развој го започнал веднаш по завршувањето на студиите на реномираната…
Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава. Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 9.000,00 денари – средства за станбено обезбедување од 01.01.2023 година. Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се следни: – да се државјани на Република Северна Македонија; – да се полнолетни; – да имаат завршено најмалку…
Како што официјално потврдуваат од клубот, младинките на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица, ќе се натпреваруваат во две категории од престојната 2022/23 сезона. Станува збор за кадетската екипа, со играчи родени во 2009/10 генерација и младинска екипа, односно играчи родени во генерација 2007/08 година. Ова претставува одлична можност за развојот на младинската школа на клубот, но и шанса за младите играчи од Македонска Каменица, да се натпреваруваат на ниво на Македонија. “Големиот интерес од страна на девојките во Македонска Каменица и регионот, напорната и професионална работа од клубот и клубските тренери во изминатите години дадоа резултат па така од…
ПРИВРЕМЕНО Е ПРЕКИНАТА БЛОКАДАТА НА ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ, НО ПРОТЕСТОТ ПРОДОЛЖУВА, ИЗГОТВЕНА Е ПРЕСМЕТКА НА ПРОИЗВОДНИТЕ ТРОШОЦИ 12.09.2022 – По вчерашната блокада на магистралниот пат Кочани – Штип, оризопроизводителите кои протестираа против ниските откупни цени и високите трошоци за производство, привремено ја отстранија земјоделската механизација. -Иако беше најавено дека блокирањето на сообраќајот ќе трае повеќе денови, тракторите и механизацијата се повлечени, но протестот не е прекинат. Ќе трае сè до исполнување на нашите барања за откупна цена од минимум 40 денари за килограм арпа. За секоја блокада на патиштата имаме обврска однапред да ја известиме полицијата, така што ќе дејствуваме според законските…
Се појави нов застрашувачки тик-ток предизвик кај македонските тинејџери Родители на тинејџери од Скопје на социјалните мрежи реагираат дека меѓу децата се појавил нов застрашувачки „тик-ток“ предизвик, јавува Телевизија „Телма“. Според информациите, во овој „предизвик“, децата легнуваат на улица и се предизвикуваат меѓусебе кој ќе издржи што е можно подолго до доаѓањето на некое возило. Психијатарот Митова, вели дека новите генерации се во заложништво на социјалните мрежи и истакна дека мора да постојат критериуми во селективноста за тоа се предностите а што негативните страни на социјалните мрежи. „Најмногу загрижува огромното влијание што го имаат социјалните мрежи врз менталното здравје на младите.…
Во натпреварот од 1. Коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА се врати со првите три бодови од гостувањето во Куманово. Одигра немилосрдно против ЖФК Речица, совладувајќи ја со 0:11, во корист на девојките на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица. “Прва победа и први три бодови за нашиот тим на гостувањето во Речица, каде нашите девојки, незапирливи и расположени за игра, дојдоа до висока победа” – во краткиот осврт за мечот кажа Зоран Златковски, тренер на ЖФК Каменица САСА Стрелци на головите за каменичкиот состав се Вероника Николовска (1), Антонина Шопска (2), Пејтон…
Рано утрово во 03.00 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Штип во близина на наплатна рампа Преод, патничко моторно возило “сеат леон” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(19) од с.Батинци-скопско удрило во диви свињи, а потоа и во запрено патничко моторно возило “ауди А6” со скопски регистарски ознаки, во кое бил возачот Б.С.(26) од с.Средно Коњари-скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото “сеат леон” А.М.(19) и М.И.(26) двајцата од с.Батинци, а со телесни повреди се здобиле В.А. и Б.С., констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза”-Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Македонска Каменица, 09.09.2022 година – Со одржувањето на 37. Меѓународен фолклорен фестивал “Истибањско Здравоживо – 2022” продолжува традицијата каде Македонска Каменица, покрај Истибања и Виница е еден од домаќините на овој реномиран Меѓународен фестивал. Годинешново издание на „Истибањско здравоживо“ се случува од 09 до 15 септември, а во Македонска Каменица доаѓа на 13 Септември 2022 година. Започнува во 17.30 часот со дефиле низ градските улици на Македонска Каменица, а продолжува на Градскиот плоштад со концертни настапи на учесниците. „МФФ “Истибањско Здравоживо – 2022” според концепцијата и содржините кои ги нуди, е единствен и уникатен настан во државата и Европа. Тука…
ДЕТСКИОТ АНИМИРАН ФИЛМ „ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ“ (The Prince’s Voyage) ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Македонска Каменица, 09.09.2022 година – Продолжуваат проекциите на детските анимирани филмови за најмалата популација во Домот на култура во Македонска Каменица. Веќе на 15.09.2022 година, во четврток со почеток 18:00 часот, во организација на КИЦ Романса ќе биде прикажан детскиот анимиран фимл „Патешествието на принцот“. Анимираниот филм е од втора категорија, за деца над 6 годишна возраст. Влезниците се веќе пуштени во продажба. По цена од 70 денари можат да се купат, секој работен ден, во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица.…
Актуелениот освојувач на Купот на Македонија во женска кошарка, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица ги започна подготовките за новата сезона. Претседателот на клубот Јордан Цветановски е оптимист во пресрет на новата сезона и верува дека Баскет Кам е подготвени да ги оствари своите високи цели. „Оваа година сите наши кошаркарки кои се репрезентативки како во младинска така и во сениорска конкуренција, а кои играа претходната сезона остануваат во нашите редови. Со исклучок на Ива Чолаковска која замина во САД на колеџ. Тимот се засили со три македонски репрезентативки и напорно работи во подготвителниот период. Оваа сезона клубот ќе…
