Author: Media Point
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(36) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 28.08.2022 во јавна здравствена установа во Делчево, пријавениот физички нападнал лекар кој извршувал службени задачи. Извор: Дневен билтен на МВР
Некогашниот македонски репрезентативец, Златко Гоцевски, првпат ќе се проба во женската кошарка, откако беше промовиран во прв тренер на освојувачот на Купот на Македонија и вицешампион, Баскет Кам. За него ова воедно ќе биде и прва тренерска работа во сениорска кошарка, со оглед што досега водеше екипи само во младинска конкуренција. Гоцевски својот играчки опус го почна во Кочани Деликатес, а во две децениската кариера настапуваше за екипи како МЗТ Скопје, Вардар, Струмица, Фени индустри, Работнички, бугарски Јамбол, косовски Пеќ и исландски Кефлавик. Негов последен клуб беше Блокотехна пред пет години. На клупата на Баскет Кам доаѓа на местото на…
Министерот за економија Крешник Бектеши им се закани на оние рудници и комбинати, кои под оправдување за енормно скапа струја го прекинаа своето производство, дека ќе им биде одземена концесијата за работа. Министерот во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24 алудираше на рудникот Бучим, кој го прекина своето работење. – Бучим има исти трошоци како и Саса. Зошто не затвори Саса? Рудниците треба да знаат дека го користат јавното добро на граѓаните како концесија и дека истата може да им биде одземена доколку не работат, рече Бектеши. Истовремено и Еуроникел (Фени Индустри) не работи поради скапата електрична енергија, а Бектеши вели…
Известување од командирот на ТППЕ Македонска Каменица за ситуацијата со пожарот на градската депонија ТППЕ Македонска Каменица во соработка со ЈП Камена Река, спроведуваат акција за задушување, односно потрупување со земја и прскање со вода под притисок за гаснење на градската депонија, која веќе трет ден гори од пожар, кој според ТППЕ е предизвикан од човечки фактор. Во продолжението од соопштението за јавност, објавено на профилот од командирот на Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица, Малин Трајчевски се вели дека, гасењето на ваков тип на пожари е сложен процес, комбинација од гасење со вода и потрупување со земја,…
ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица со возење на велосипеди и истакнати транспаренти со пораки до возрасните, се приклучи кон одбележувањето на Меѓународниот ден на мобилноста „Нашето училиште се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на мобилност и Светскиот ден без автомобили. Со возење на велосипеди на градските улици во централното градско подрачје, учениците од 6 до 9 одделение, под менторство на наставниците Васко Станковски, Драгана Миланова, Љупка Ристовски и Сашо Мицевски, заедно со В. Д Директорот Виктор Георгиевски, го одбележаа Светскиот ден без автомобили“ – истакнуваат од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Покрај возењето на велосипеди,…
Сојузот на стопански комори (ССК) бара укинување на ДДВ-то на опремата за инсталација на фотоволтаични системи. Тоа, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат го соопшти потпретседателот на ССК, Орце Симов. Како што додаде тој, едно од барањата е упатено и до Регулаторната комисија за енергетика, а се однесува на поедноставување на процедурите во смисла на намалување на потребната документација. „Да се поедностават процедурите за фотоволтаици и кај домаќинствата и кај компаниите. Да се скратат непотребните документи и постапки, за да може брзо да се спроведе. Бараме и да се укине ДДВ-то на потребната опрема за фотоволтаични…
Стопанската комора за енергетика на Македонија најавува организирање на иницијатива за одземање на сите лиценци на ЕВН и на целокупниот имот на оваа компанија. Во среда оваа комора ќе одржи вонредно Собрание на кое иницијативата ќе биде единствената точка во дневниот ред. Во среда Стопанската комора за енергетика на Македонија во среда ќе одржи вонредно собрание со единствена точка „Покренување на иницијатива и почеток на собирање на потписи на граѓани и компании“ за одземање на сите лиценци на ЕФВН во Македонија. Од оваа комора велат дека покрај лиценците се бара и национализирање и враќање во електро дистрибутивната мрежа во…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја укина забраната за движење во шума и шумско земјиште. Како што се наведува во соопштението, забраната е укината по претходно барање на ЈП „Национални Шуми“ – Скопје, од каде е добиена проценка дека е намалена опасноста и ризикот за појава на шумски пожари. Забраната беше воведена на 24 јуни.
Македонска Каменица, 21.09.2022 година – Интервју со роднокрајниот писател Јовка Стоилова, автор на книгата “Миле Јаневски Џингар – по нашата смрт, тој ќе живее“. Јовка, скромно за себе ќе каже дека, со пишување се занимава неполни 4 години, период во кој неуморно твори проза и поезија. Има работено и на повеќе проекти, каде учествува со свои творби. Ова е нејзино прво публикувано дело, кое во печат излезе преку соработка и поддршка од Културно информативниот центар “Романса“ од Македонска Каменица и Рудник Саса. Каменица.Мк: Јовка, може ли на почетокот да ни раскажеш како кај тебе се појави љубовта кон…
ВСЕЛЕНСКОТО МОМЧЕ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Еден од најгледаните и најбараните детско-тинејџерски филмови, на 22. Септември 2022 година, со почеток од 19:00 часот, ќе се прикажува во Домот на Културата во Македонска Каменица. Влезниците веќе се пуштени во продажба. Можат да се набават по цена од 70 денари во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица. Филмот е добитник на низа награди на фестивали за филмови за млади меѓу кои и Европската награда за филм за деца и награда од детското жири на Интернационалниот филмски фестивал во Рига. Филмот ја освои и главната награда на Интернационалниот…
