Author: Media Point

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер и дневна температура од 27 Целзиусови степени. Маврово 21, Охрид 24, Битола 24, Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 30. Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневните температури ќе се движат од 19 до 27 степени.

ПОВЕЌЕ ...

Кошаркарките на Баскет Кам од Македонска Каменица ја освои титулата во Суперкупот на Македонија, победувајќи го ривалот Бадел 1862 со 61-69. Во тесен натпревар, со повеќе пресврти и падови во играта на двете екипи, гостинската екипа во главниот град во СРЦ „Кале“ дојде до победата и трофејот. Комплетниот натпревар меѓу Бадел 1862 и Баскет Кам: Подобар старт на натпреварот имаа девојките на Баскет Кам, бидејќи со 2-8 и 4-10 покажаа контрола. Сепак, кошаркарките на Бадел 1862 веднаш се вратија во игра, со серија од 7-0. Се играше тесен меч, а првиот период им припадна на гостинките во Скопје. Баскет Кам…

ПОВЕЌЕ ...

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ГИ УКИНУВА ТРОШОЦИТЕ ЗА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ. СРЕДСТВАТА ГИ НАМЕНУВА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ После вчерашната објава за пренамена на средствата од Договорот за телекомуникациски услуги на општина Македонска Каменица, денеска на иницијатива на градоначалникот Димчо Атанасовски, следува уште една мерка во корист на граѓаните. “Станува збор за комплетно укинување на трошоците за угостителски услуги на Општината, кои се во вкупен износ од околу 600.000 денари годишно” – се вели во соопштението за јавност објавено денеска на официјалниот профил на градоначалникот на општина Македонска Каменица Сите овие средства, како што изјавува градоначалникот Атанасовски, ќе бидат…

ПОВЕЌЕ ...

Обезбедени се 140 милиони денари финансиска поддршка за млекопроизводителите по литар произведено кравјо, овчо и козјо млеко од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година. Овие пари се обезбедени со ребаланс на буџетот, а сточарите ќе ги добијат преку Интервентниот фонд. Оваа мерка, која беше одобрена на вчерашната владина седница е надвор од субвенциите и од дополнителната поддршка, а целта е намалување на трошоците на млекопроизводителите поради зголемени трошоци за репроматеријали и сточна храна, информираше министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. -Наша цел е да го поттикнеме и помогнеме производството на храна намалувајќи ги трошоците на земјоделците. Даваме конкретна поддршка…

ПОВЕЌЕ ...

КИЦ Романса објави убава вест за љубителите на филмската уметност. Во Домот на култура во Македонска Каменица, во вторник 04.10.2022 година, со почеток од 20:00 часот, ќе се прикажува еден од најновите филмови на балканските простори, Човек (Хомо). Во филмот Човек (Хомо) настапуваат едни од најпознатите македонски актери: Сашко Коцев, Игор Ангелов… Филмот прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор. Безнадежните ликови случајно се среќаваат во модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа. Невработениот дипломец станува гробар, ужалената вдовица – монахиња, свештениците се коцкаат, а со судовите владеат гангстери. И…

ПОВЕЌЕ ...

Во услови на економска криза, општина Македонска Каменица нема да набавува телефони за вработените. Средствата ќе бидат искористени за најмладите и за социјално ранливите семејства во Македонска Каменица Согласно Договорот за мобилни телекомуникациски услуги, Општина Македонска Каменица има можност за набавка на уреди, кои во изминатите години се распределувани за потребите на вработените од општинската администрација. Оваа година, како што објави градоначалникот Димчо Атанасовски “имајќи во предвид дека сме соочени со незапамтена енергетска и економска криза, донесовме уште една одлука во корист на граѓаните. Ќе набавиме три телевизори за Детската градинка “Бамби” и таблети за ученици од социјално ранливи семејства”.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26.09.2022 година – ЈП “Камена Река” ги известува граѓаните станари во колективните живеалишта во општина Македонска Каменица, дека од денеска, понеделник, 26.09.2020 година, започнува пријавувањето за чистење на оџаците пред почетокот на грејната сезона. Оваа редовна пракса која Јавното претпријатие ја врши секоја година пред почетокот на грајната сезона, ќе се врши исклучиво по претходна пријава за чистење од страна на претседателите на Куќните совети или од група на станари. Ова е постапка со која се обезбедува поголема безбедност и елиминирање на можноста од појава на пожари предизвикани од запалување на оџаците во колективните живеалишта…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.С.(66), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 29/30.07.2022, со намера да избегне хумано отстранување на свињите од неговото одгледувалиште во с.Цера, ги пренел во с.Мојанци и ги пуштил слободно да се движат на отворено, нудејќи ги за продажба, со што постапил спротивно точките 3.8 и 5.5 од Решението за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите. ИЗВОР: Дневни билтени од МВР

ПОВЕЌЕ ...

Денеска се одигра 3. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. ЖФК Каменица САСА одигра одличен натпревар во гости против екипата на ЖФК Скопје, каде извојува убедлива победа со “петарда” во голот на домаќините. Стрелци на головите за каменичката екипа беа Ана Димитровска со 2 гола и Мила Талевска, ПејтонЧик и Анџелика Икеда постигнаа по еден погодок. Со “Нова победа, нови три бода”, стои во објавата по победата од стручниот штаб на ЖФК Ксменица САСА, каде за натпреварот велат “Одличен натпревар против квалитетната екипа на ЖФК Скопје која покажа дека и оваа сезона ќе биде незгоден противник, сепак нашите…

ПОВЕЌЕ ...

Македонија на 87 место на индексот за корупција заедно со Косово, Мароко, Танзанија и Суринам Македонија е рангирана на 87 место на индексот за корупција заедно со Косово, Мароко, Танзанија и Суринам. Албанија, Бугарија, Србија и Грција се подобро рангирани. Во објавениот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, Македонија е рангирана на 87-то место со 39 бодови. Индексот користи скала на бодови од нула (многу корумпирана земја) до 100 (некорумпирана земја). Македонија ова место го дели заедно со Косово, Мароко, Танзанија и Суринам. Во регионот пред Македонија се и Албанија, Бугарија, Србија и Грција. Сите соседни земји…

ПОВЕЌЕ ...