Author: Media Point
ИВИЦА КРСТОВ ОД ТРКАЊЕ ПРОИЗВЕДЕ ТИКВИ СО ОБЕМ ОД ДВА МЕТРА И ПРОСЕЧНА ТЕЖИНА ОД НАД 70 КИЛОГРАМИ 10.10.2022 – Tикви со рекордна големина и тежина произведе младиот земјоделец Ивица Крстов од кочанското село Тркање. На нива со површина од околу еден декар добил производи чиј просечен обем е два метра и тежина од над 70 килограми по парче. Наместо ориз, нивата ја засеал со тикви и други градинарски култури, со цел да обезбеди храна за потребите на семејството и на добитокот што го чува, но не се надевал на изненадувачки добар принос што ќе ги надмине очекувањата. -Од најмала…
Од утре до петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, информираат од УХМР. Минималната температура утре ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 10 до 19 степени. Во четврток и петок локално ќе има услови врнежите да бидат поројни и проследени со ретки грмежи.
Македонска Каменица, 03.10.2022 година – Од денеска, 03.10.2022 година започнува поднесувањето на Барања за исплата на еднократна парична помош во висина од 20.000 денари за сите средношколци запишани во прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во гимназиско образование, текстилно-кожарска струка или геолошко-рударска и металуршка струка. Пријавувањето ќе трае до петок-28.10.2022 година. Барања за овој тип помош можат да се поднесат во архивата на Општина Македонска Каменица секој работен ден до 15.30 часот. Образецот-барање за аплицирање се пополнува во просториите на Општина Македонска Каменица, а во прилог се доставуваат следниве документи: 1. Потврда во оригинал за запишан ученик во прва…
КАТЕРИНА ШИПОВИЌ Е ПРВАТА МАКЕДОНСКА УЛТРАМАРАТОНКА ШТО ИСТРЧА 246 КИЛОМЕТРИ НА СПАРТАТЛОН ВО ГРЦИЈА
Шиповиќ, која е и државна рекордерка, ја истрча трката за 34 часа, 36 минути и 12 секунди, и е на 96 место од околу 380 учесници. (Фото: Фејсбук) Ултрамаратонката Катерина Шиповиќ е првата македонска атлетичарка која истрча 246 километри од Атина до Спарта на Спартатлон во Грција, една од најтешките ултрамаратонски трки во светот. Шиповиќ, која е и државна рекордерка, ја истрча трката за 34 часа, 36 минути и 12 секунди, и е на 96 место од околу 380 учесници. Македонија за првпат има претставник на трката која се одржува по 40. пат, секоја година во септември. Спартатлон, една од 10-те…
На 01.10.2022 во 11:10 часот пријавено е дека на магистралниот пат А-3 Делчево-Македонска Каменица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(68) од с.Турија, делчевско, и патничко моторно возило “голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од В.Р.(56) од с.Тодоровци, Македонска Каменица. По несреќата, сопатникот во патничкото моторно возило „опел корса“ Б.Н.(68) од с.Турија бил пренесен во Клиничка болница- Штип каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Делчево.
ЗАПОЧНУВА ПОДНЕСУВАЊЕТО НА БАРАЊА ЗА ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ЗА ПРВАЧИЊА. ЕВЕ КОИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ Општина Македонска Каменица го објави Повикот за исплата на еднократна парична помош за првачиња во висина од 3000 денари. Пријавувањето започнува од утре, понеделник 03.10.2022 година и ќе трае до петок 28.10.2022 година. Семејствата кои имаат прваче, како што стои во објавениот текст од градоначалникот Димчо Атанасовски, можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Македонска Каменица секој работен ден до 15.30 часот. Образецот Барање за аплицирање се пополнува во просториите на Општина Македонска Каменица, во прилог се доставуваат следниве документи: Потврда во…
Смената на тренерот вроди со плод. Саса дојде до првата победа во сезоната Прва победа за ФК Каменица САСА во годинешново второлигашко натпреварување. Победата од 0:2 доаѓа под водство на новиот тренер на каменичкиот клуб, Љупчо Димитковски Гањо кој дојде на тренерската позиција пред само две неполни недели. Димитковски е поранешен успешен фудбалер и тренер. Во Македонска Каменица даѓа од Кавадарци, по смената на тренерот со кој ФК Каменица Саса ја започна сезоната, Иван Варадиновски од Штип. Смена во клубот има и на позицијата помошник тренер, каде ново име е Дејан Јаневски од Македонска Каменица, поранешен фудбалер на Саса. Стрелци…
Дека македонскиот клуски фудбал е на најниски можни гранки покажа и денешниот скандалозен инцидент во Тетово на второлигашката пресметка помеѓу Тетекс и ФК Каменица Саса (0-2), на која пред самиот крај навивач, најверојатно на домашниот тим, втрча во теренот и му удри бокс на гостинскиот напаѓач, Бошко Ступиќ. Тој веднаш во полн спринт се упати кон дупка во оградата на стадионот, ако игралиштето со вештачка трева воопшто може така да се нарече, по што ѝ побегна на полицијата. Присутните припадници на МВР продолжија да го бркаат по тетовските ниви, но не успеаја да го фатат. Збунетиот судија набрзо по инцидентот…
Македонска Каменица, 01.10.2022 година – Изложба на дела од Ликовната колонија „Св. Ѓорѓи 2020“ во Домот на култура во Македонска Каменица Вчера, во фоајето на Домот на Култура во Македонска Каменица беше отворена изложба на дела од Ликовната колонија “Св.Ѓорѓи 2020”. Ликовната колонија е во организација на Домот на Култура “Тошо Арсов” од Виница. Заедно со учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на отварањето на Ликовната изложба присуствуваше и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Настанот го водеше директорот на КИЦ „Романса“, Гоце Стојановски кој, со кратко обраќање, ги запозна присутните со поединости за Ликовната колонија, како и…
ОГЛАС: Се продава плац за изградба на куќа над Металната во Кочани Се продава плац со површина од 481 м2, со маркица за изградба на објект од 160 м2. Се наоѓа во непосредна близина на СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани (Метална). Плацот има излез на улица и сите потребни услови за изградба на индивидуален објект за домување. Цена по договор. Телефон за контакт: +389 78 866 864 (Со клик на фотографијата подолу можете да ја видите точната локација на парцелата)
