Author: Media Point

Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани. Од АМСМ информираат дека патниот правец за затворен за сообраќај. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), едно лице со сериозни повреди е префрлено во болница. РЦУК Штип, известува дека во 20:45 часот во с.Чифлик се случила сообраќајната незгода во помеѓу три патнички моторни возила. Сообраќајот на релација Штип -Кочани и Кочани – Штип е во целосен прекин и возилата се пренасочуваат по околните патишта. Едно лице се здобило со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите е пренесено во Клинички центар во Штип, соопштија од ЦУК. Фото: centar.mk

ПОВЕЌЕ ...

Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб што требаше да го носи името на македонскиот поет Никола Вапцаров, наводно поради тоа што бил, како што велат од таму, „македонист“. Образложението во декларацијата на градскиот Совет гласи дека „Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации“ Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот. Вапцаров е поетски великан и социјалист (стрелан од фашистичката влада). 

ПОВЕЌЕ ...

Овој викенд стартуваа и натпреварите од најдобрата женска лига во Македонија. На премиерата немаше вистински изненадувања. Екипата на ЖКК Баскет Кам ја оправда титулата фаворит во натпреварот против ЖКК Гризли од Скопје совладувајќи го со високи (63 – 85). Екипата на ЖКК Баскет Кам со засилениот играчки потенцијал со неколку репрезентативки и повеќегодишни играчи од прволигашката конкуренција е еден од главните фаворити за освојување на титулата во Шампионатот и Купот на Македонија. Преглед на целото коло: Актуелниот шампион, екипата на Бадел 1862, иако со осетно подмладен состав, славеше победа на гостувањето во Кавадарци, против Пробаскет, на крајот и убедливо и…

ПОВЕЌЕ ...

Во првото коло на Втората македонска кошаркарска лига, гостинските екипи беа значително поуспешни од домашните. Само охриѓани го одбранија домашниот терен, додека на останатите пет средби победуваа гостите. Она што е најзначајно за љубителите на кошарката од Македонска Каменица е успехот на Баскет Кам, кој беше убедлив на гостувањето кај Борец Баскет со 56-75. Најпрецизен во екипата на Баскет Кам беше Александар Тодоровски со 29 поени. Го следеа Стефан Гоцевски со 17 и Роберт Стојанов кој запиша 15 поени. Резултат по четвртини: 16-15; 7-13; 13-26; 20-21. Кошаркарите на Охрид на свој паркет беа подобри од Водно Санс (76-61), ланските третолигаши…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16. Октомври 2022 година – По повод 16. Октомври – Светскиот ден на храната, учениците и вработените при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ организираа Базар на храна. Беа изложени јадења подготвени од различни видови на овошје и зеленчук, како и сѐ она што претставува здрава храна. “Целта на настанот е да се промовира здравиот начин на исхрана и да се истакне потребата од постојаната борба против гладот“ – истакнуваат од училиштето, од каде изразија „Благодарност до вредните ученици, поддршката од наставниците и родителите“. На Базарот на здрава храна во училишниот двор, покрај учениците, наставниците и родителите, беа присутни…

ПОВЕЌЕ ...

Известување од ЈП Камена Река за прекин во водоснабдувањето во повисоките делови на Суво Маало. Пркинот во снабдувањето со вода во повисоките делови на приградската населба Суво Маало, како што известија од ЈП Камена Река, доаѓа поради настанат поголем дефект на една од главните водоводни линии на влезот во Македонска Каменица. Екипите за комунални работи се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот.

ПОВЕЌЕ ...

Доколку погледнете во Месечината, веројатно не би помислиле дека таа се оддалечува од Земјата. Но научниците го велат токму тоа. Во 1969 година мисиите „Аполо“ на американската вселенска агенција НАСА поставија рефлективни панели на Месечината. Тие покажуваат дека Месечината се оддалечува 3,8 сантиметри од Земјата секоја година. Група истражувачи од Универзитетот во Утрехт и Универзитетот во Женева користеле повеќе техники за да се обидат да проценат колку време Месечината се оддалечува од Земјата. Според нив, дистанцата помеѓу Земјата и Месечината е директно поврзана со еден од циклусите на Миланковиќ, кои објаснуваат како мали промени во обликот на орбитата и насоката…

ПОВЕЌЕ ...

Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, информираат од МВР. На 20.08.2022 околу 01.00 часот на бензинска пумпа во Кочани, пријавениот физички нападнал три лица, а по пристигнување на полициските службеници физички нападнал и еден од нив, објаснуваат од полицијата.

ПОВЕЌЕ ...

Македонската православна црква-Охридска архиепископија викендов ќе изврши канонизација за светител на игуменот лешочки и народен просветител Кирил Пејчиновиќ како Свети Преподобен Кирил Лешочки. Канонизацијата ќе се изврши денеска и утре во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“. За црковното и просветителско дело на Пејчиновиќ се учи уште во основното образование, а за неговиот живот, покрај бројните написи, дознаваме и од камената плоча на неговиот гроб, која самиот ја изделкал и го напишал познатиот епитаф, на кој преку стихови го опишува својот животен пат. Но, малкумина знаат дека откако починал во 1845 година, посмртните останки на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонија се откажа од учеството на „Евровизија“ поради големите трошоци  Izvor: novamakedonija.com.mk Фото: Фејсбук/Официјална страница на „Евровизија“ Македонија се откажа од учество на следниот избор за песна на „Евровизија“, што е прв ваков случај од осамостојувањето на држвава, објавуваат повеќе медиуми повикувајќи се на информации од македонската евровизиска делегација и раководството на Македонската радио телевизија (МРТ). Според објавените информации, предвидено е парите за учество на манифестацијата да се пренаменат за покривање на трошоците за струја на МРТ. Проблем претставуваат големите трошоци за патувањето и престојот во Велика Британија каде што ќе се одржи следното издание на музичката манифестација. Македонија првпат…

ПОВЕЌЕ ...