Author: Media Point
Македонска Каменица, 14. Октомври 2022 година – Учениците и наставниците при ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица, го одбележаа ,,Светскиот ден на пешачењето “. “Беа спроведени повеќе активности како пешачење низ градот, делење на флаери со пораки преку кои се истакнува значењето на пешачењето за здравјето на децата и луѓето. Како и придобивките и позитивниот ефект од пешачењето” – велат од училиштето Целта на оваа активност, како што стои во соопштението за јавност, е да се развие свеста кај децата, возрасните и населението од нашиот град да пешачат и да се движат почесто за да го зачуваат нивното здравје.…
Времето денеска ќе биде облачно, свежо и врнежливо. Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер, а во вечерните часови ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Македонска Каменица облачно, свежо и врнежливо, повремено врнежите ќе имаат пороен карактер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени. Од УХМР информираат дека на некои места се можни и поројни врнежи и со над 30 литри дожд на метар кавдартен. Претстојнава ноќ облачноста ќе се намали и од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната…
Православните верници од Македонска Каменица и регионот, денешниот празник Покров на Пресвета Богородица го одбележуваат на манастирот на Еленец во село Цера. Чествувањето во манастирот Покров на Пресвета Богородица, се прави како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград. Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со…
Наставниците што имале плата од околу 26.000 денари, од овој месец ќе земаат околу 30.000 денари За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование. Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари. Септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура за Мета.мк вели дека се зголемуваат ставките за минат труд, како и за одделенско раководство. „Ако се реални наставниците, би требало да речат дека се задоволни од…
Во текот на изминатата ноќ и во раните утрински часови, граѓаните на Македонска Каменица до нашата редакција, пријавуваат за чести прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во целосен прекин беше и напојувањето на градското улично осветлување, при што градот во одреден период од ноќта беше во целосен мрак. Досега, ЕВН нема објавено соопштение за јавност, за каков вид на прекин станува збор и дали прекините ќе продолжат и во текот на денот. Вознемиреноста на граѓаните, кои ги пријавуваат до нас проблемите со снабдувањето со електричната енергија, можеби доаѓа од честите најави за “тешка зима” предизвикана од недостаток на електрична енергија…
На 11.10.2022, полициски службеници од ОВР Виница, го лишиле од слобода В. С. (26) од с. Градец, Виничко, поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба над малолетничка. Поднесена е кривична пријава против В. С. до ОЈО Кочани, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и тој е спроведен до Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“.
Со концерт на ансамблот Exploding Star Orchestra, предводен од неприкосновениот лидер на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек, вечер во Скопје ќе биде отворен годинашниот 41. Скопски џез фестивал. Организаторите порачуваат дека императив и годинава во внимателно составената програма е сочувување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика. Публиката ќе може да проследи 10 реномирани состави од САД, Бразил, Европа и Северна Македонија кои ќе музицираат во салонот на Националната опера и балет и во Младинскиот културен центар. Инаку настапот во…
Во понеделник на 17 Октомври 2022 година, со почеток од 20:00 часот во Домот на култура се случува најголемото балканско Стенд Ап шоу. Настапуваат: 1.Хазим Мајчуновиќ – актер од БИХ, познат на публиката од “Луд збунет нормален” 2. Јагода Јовановиќ – Комичар од Србија 3.Ивана Наскова – позната радио и тв водителка 4.Срѓан Слијепчевиќ – комичар од Зрењанин, Србија Влезниците се пуштени во продажба по цена од 100 денари. Истите можат, секој работен ден да се купат од Домот на култура. Македонска Каменица е еден од градовите во Македонија каде од 16 до 20 октомври, ќе се одржат настапи на…
Ново поскапување на дизелот од полноќ Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01% во однос на одлуката од 10.10.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,999%, кај дизелот за 4,151%, кај екстра лесното масло за 3,164% и кај мазутот зголемување е за 0,881%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,039%. Малопродажната цена…
Се разгледува опцијата да се задржи летното сметање на времето поради заштеда на струја Министерството за економија доби задолжение од Владата да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија, беше информирано вчера од страна на владината прес-служба, по 88. седница на владиниот кабинет. Тоа би значело дека нема да има поместување на стрелките на часовникот на крајот од овој месец, во зимските месеци ќе се разденува еден час подоцна, но денот ќе трае подолго. Во Република Северна Македонија зимското и летното сметање на времето…
