Author: Media Point
Алтернативата ќе предложи уставен амандман со цел да се спречи застарувањето на судските предмети и кривичните дела извршени од избрани и именувани функционери во законодавната, извршната и локалната власт. Партијата на Африм Гаши ќе ја предложи оваа измена во моментот кога ќе се направат уставните измени. „Сите знаеме дека многу политичари кога ќе добијат функција имаат скромен финансиски статус, а кога ќе им истече функцијата излегуваат како богати луѓе кои не го знаат крајот на своето богатство“, вели Африм Гаши. Првиот човек на Алтернатива, Гаши образложувајќи го предлогот рече дека тоа го прават со цел борбата против криминалот и корупцијата…
ЖФК Каменица САСА во рамки на 6. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија се сретна со екипата на ЖФК Шкендија. Успеа да ја совлада со, ни помалку ни повеќе, туку со високи 10:0. По два пати во листата на стрелци се впишаа Андреевска, Пејтон Чик и Талевска, а Ана Димитровска постигна 4 погодоци. Зоран Златковски, стратегот на екипата во кратката изјава по завршувањето на натпреварот за новата висока победа, упати честитки за девојките, изразувајќи задоволство и радост за присуството на многубројната публика на трибините на Градскиот стадион, акцентирајќи дека тоа е најдобрата оценка за денешната победа. ЖФК Каменица…
ШК Каменица САСА го најави почетокот на општинското првенство во шах во Македонска Каменица за 2022 година. Првенството ќе започне на 09. Ноември 2022 година. Пријавувањето трае до 08. Ноември 2022 година. Истото ќе се врши во просториите на ШК Каменица Саса во Куќата на спортот. Просториите на клубот се отворени, секој ден од 17:00 до 21:00 часот. “Првенството ќе се игра по Бергеров систем. Темпо на игра 30 минути од натпреварувач. Судија на првенството е Лазо Стаменковски” – стои во денес објавеното соопштение од клубот Во понатамошниот текст се наведени и останатите поважни услови и начини на одвивање на…
Денеска (27.10.2022) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 47 сообраќајни прекршоци. Од нив пет санкции за технички неисправни возила, три мерки поради непоседување на задолжителна опрема, две санкции за возење без возачка дозвола, 17 возила се упатени на вонреден технички преглед… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички…
Во народот позната како света Петка. Неа и се посветени многу православни цркви во сите делови на христијанскиот свет. Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, во денешен Израел, каде се подвизавала во пост и молитва до својата старост. Во староста се вратила во Епиват, каде проживеала уште две години. Се успокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти биле пренесувани од место во место, а денес се наоѓаат во Романија,…
Претепан сопственикот на „Буревесник“, Зоран Божиновски izvor: 360степени Кај Божиновски била констатирана скршеница на носот и други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде што му е укажана лекарска помош и утрово бил пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница Сопственикот на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, вчера вечер бил претепан од две непознати лица пред неговиот дом во Битола, пренесуваат медиумите. Тој, како што потврдила неговата сопруга за „Плусинфо“ која и самата била со него за време на нападот, со повреди бил пренесен во битолската болница. Кај Божиновски била…
Преку Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, започна изградба на кула за детекција на шумски пожари на подрачјето на општина Македонска Каменица и на општина Невестино од соседна Бугарија. “Со Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, ја започнавме изградба на кула за детекција на пожари на подрачјето на Општина Македонска Каменица” – изјавува градоначалникот на општината, Димчо Атанасовски кој во соопштението за јавност додаде дека “Проектот се реализира во партнерство со општина Невестино од Бугарија која е водечки партнер, а вредноста на проектот за македонската страна, односно за ЈП „Камена Река“ е 196.572 евра”. “Во наредниот период ќе се интензивираат…
Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 %. Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар по литар, а дизелот поевтинува за 2,5 денари, одлучи денеска Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 100,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 97 денари.…
Во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 и почнува зимското сметање 25 Октомври, 2022 Стрелките на часовникот ќе се вратат назад, затоа што останува зимското сметање на времето. Викендов стрелите на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот, што значи дека останува зимското сметање на времето. Од Владата информираат дека анализите подготвени од Министерството за економија покажале дека треба да остане доглогодишниот системот за промена на времето. Се споменуваше дека е можно да останеме со летното сметање на времето, но тоа…
Цртежот со триаголник пресечен со четири линии го отвара прашање: колку триаголници можете да најдете? Уште една задача која го освои интернетот. Многумина се обидоа да најдат доволен број триаголници. На фотографијата пишува дека доколку тој број е поголем од 18, значи дека вашето ниво на интелигенција е поголемо од 120. Сепак, се случува луѓето да пронајдат и многу повеќе. Овој тест секако не го одредува прецизно вашето ниво на интелигенција, но може да биде интересен начин за да ги тестирате своите способности. Извор: hashtag.mk
