Author: Media Point

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЛОВЦИТЕ ОД ИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА. ЦЕЛОСНО Е УКИНАТА ЗАБРАНАТА ЗА ЛОВ ПОРАДИ ПОЈАВАТА НА АФРИКАНСКАТА ЧУМА КАЈ ДИВАТА СВИЊА. По појавата на Африканска чума кај свињите во источниот регион и активностите на АХВ, МЗШВ и Концесионерите на дивечот во ловиштата во овој регион и по добивањето на поволна епидемиолошка состојба, беше побарано укинување на забраната за лов. Денеска, со Решение од АХВ истата беше укината.

ПОВЕЌЕ ...

Граѓаните да се придржуваат до сообраќајниот режим воведен за периодот од “Каменичко културно лето 2022“ Македонска Каменица 25.08.2022 година- Општина Македонска Каменица ги известува жителите дека поради претстојното “Каменичко културно лето 2022” во периодот од 26-ти до 28-ми август, од страна на МВР ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во центарот на градот и на приодите кон Македонска Каменица. Во понатамошниот текст на известувањето, од Општината ги замолуваатг раѓаните своите возила да ги паркираат во своите дворови, гаражи или на уредените паркинг простори во градот. Да се однесуваат согласно наредбите и вонредните прописи наложени од службените лица за јавен ред…

ПОВЕЌЕ ...

На вчерашната Конференција за граѓанско образование “ГРАЃАНСКО НА ДЕЛО – ОД УЧИЛНИЦА ВО АКЦИЈА” одржана во Скопје, на покана од Проектниот тим за Граѓанско образование присуствуваа претставници од СОУ Миле Јаневски Џингар од Македонска Каменица. Конференцијата, велат од училиштето, е организирана во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието имплементиран од Македонски центар за граѓанско образование во соработка со Младински образовен форум. На Конференцијата, како што стои во објавениот текст, беа презентирани и промовирани добрите практики од училиштата при реализација на наставни и воннаставни активности за развој на демократски вредности и граѓанско однесување кај учениците,…

ПОВЕЌЕ ...

Земјотресот бил почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината Утрово во 7:34 часот е регистриран земјотрес од локална магнитуда од 2,9 степени според Рихтеровата скала, на 115 километри источно од Скопје, а потекнува од епицентралното подрачје Пехчево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Земјотресот бил почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината. Според податоците на Опсерваторијата, интензитетот на земјотресот е III степени според Европската макросеизмичка скала.

ПОВЕЌЕ ...

Во Црна Гора заврши 12-от натпревар во лежење, којшто традиционално го организира Eтно село Монтенегро во Брезна. Титулата ја понесе Жарко Пејановиќ, познат како „Кнеле“ од Подгорица, кој лежеше приближно 60 часа. – Не беше тешко. Верувајте, не се ни „загреав“… Но, не сакав да одам на соборување на рекордот. Тоа ќе го направам следната година, за кога е планиран натпреварот на кој ќе учествуваат сите досегашни победници, изјави тој за медиумите. На натпреварот годинава учествуваа девет натпреварувачи, а последни останаа Пејановиќ и Вук Кољеншиќ од Даниловград. Како што неофицијално беше соопштено, имало преговори и за поделба на титулата, но…

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА за случувањата на натпреварите во гости ќе ги информира своите фанови преку Whats App. Инаку ЖФК Каменица САСА е единствен клуб во регионот кој на фановите и љубители на фудбалот им овозможува следење во живо на натпреварите кои се играат на домашен терен. “Приклучете се во нашата WhatsApp група каде што ќе можете во живо да ги следите сите наши натпревари на гостински терен и заедно да уживаме во успесите на нашите девојки” – повикуваат од ЖФК Каменица САСА Скенирајте го QR кодот со вашата камера и навивајте за нас! Scan this QR code to acces our…

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонска Каменица се одржа прес-конференција во рамки на  проектот „Еднаквоста, носи напредок“ чија главна цел е „Унапредување на родовата еднаквост преку воведување на родово еднакво буџетирање во општина Македонска Каменица“. Носител на проектот е здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица, а истиот се реализира со финансиска поддршка од страна на Европската Унија. -Проектот се реализира во периодот од 15.03.2022 до 15.09.2023 година како под грант на проектот „Низ женски леќи“ кој што во Р.С.Македонија го спроведува Центар за истражување и креирање политики, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“, Новинари за човекови права, Рурална Коалиција и Ехо. Финансиската подршка преку добиениот грант е…

ПОВЕЌЕ ...

Центарот за управување со кризи информира дека на територија на Виница има обилен дожд кој резултирал со поплави. Поплавени се 4-5 објекти (куќи и подрумски простории), а на терен се излезени ТППЕ Виница и ЈКП од Виница. Се прави увид на состојбата и евентуална потреба од дополнителни сили и опрема.

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва, со почеток од 20:00 часот, во Паркот на рударите започнува прикажувањето на кинопроекциите од Кино на отворено во Македонска Каменица. Настанот се случува во рамки на Каменичкото културно лето 2022. Во зависност од временските услови, како што стои во соопштението за јавност од КИЦ Романса, прикажувањето на кинопроекцијата че се случува на отворено, во спротивно истата ќе се прикаже во Домот на Културата. Вечерва премиерно на репертоарот ќе се прикажува детскиот игран филм “СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ“ (Glass Boy) Кратка содржина : Стакленото момче Пино Гамбаси е дете што страда од хемофилија и гори од нескротлива желба за слободна и бескрајна…

ПОВЕЌЕ ...

Од АМСМ додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата Авто-мото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен, а дека на граничниот премин „Табановце“ се чека околу 60 минути за излез и влез во државата, додека на ГП „Богородица“ се чека околу 30 до 40 минути. Оттаму додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата,…

ПОВЕЌЕ ...