Author: Media Point
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Д.(29), А.Д.(35), Д.Д.(19) и Д.Д.(29), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. – На 07.10.2022 во Кочани, пријавените физички го нападнале Б.Ѓ., по што насилно влегле во неговиот стан каде продолжиле со нападот врз него и уште едно лице, а оштетиле и дел од покуќнината, информираат од МВР. Извор: Дневен билтен на МВР
Семејството Костови од село Чешиново упатува апел до хуманите граѓани за донации на финансиски средства за транспорт на посмртните останки на 32 – годишниот Мартин Костов кој загина во сообраќајна несреќа во Р. Малта. Хуманите граѓани може да донираат на наменската трансакциска сметка во СИЛК Роад Банка на име на неговиот брат Иван Костов, 280 115104171731 со назнака За донација за Мартин Костов. За транспорт на телото на преранопочинатото момче потребни се над 5 илјади евра. Заинтересираните граѓани исто така може да донираат во маркетот во селото Чешиново или директно на фамилијата.
Делчево – 11. Ноември 2022 година – Како што стои во Дневниот билтен на МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) од Делчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 16.10.2022 пријавениот од својот профил на социјална мрежа му испратил порака со заканувачка содржина на профилот на Д.С.(40) од Делчево. Извор: Дневен билтен на МВР
Македонска Каменица, 11.11.2022 година – Краток прекин во снабдувањето со вода во одредени делови од приградската населба Суво Маало поради дефект на водоводната мрежа. ЈП Камена Река известуваат дека, веќе работат на пронаоѓање на местото и типот на дефектот. Санацијата на истиот би требало да биде завршена за два часа, по што состојбата со водоснабдувањето во овој дел од градот ќе биде нормализирана.
Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ ја потврдија акцијата, но не откриваат за што конкретно станува збор и повеќе детали најавија за утре Екипи на скопската полиција заедно со припадници на специјалната едница „Тигар“ денеска реализирале голема акција во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ ја потврдија акцијата, но не откриваат за што конкретно станува збор и повеќе детали најавија за утре. Инаку, како што дознаваме, во полициската акција се приведени неколку лица осомничени за тешки кривични дела. При претресите на нивните домови, полициските екипи пронашле оружје, муниција, дронови и други предмети повразни со извршени…
Во напредна фаза е изградбата на Кулата за рана детекција на пожари во Македонска Каменица Проектот, кој се реализира преку програмата за прекугранична соработка, како што информираа од Општината, се очекува да биде комплетно завршен до почетокот на идната година. -Активностите за изградба на кулата се во напредна фаза и се дел од проектот „Изградба на интегриран систем за рана детекција и превенција од шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица“, со референтен број CB006.2.12.039, а кој се реализира преку Interreg-IPA Програмата, стои во објавата од официјалната страна на социјалните мрежи на градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо…
Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија во средата наутро околу 7 часот. Земјотресот се случил во 7 часот и 7 минути, на 67 километри од крајбрежниот град Римини, соопшти Евромедитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Покана за учество на ликовен конкурс за деца Рудник САСА неодамна распиша јавен ликовен конкурс за детски цртежи со мотиви кои се поврзани со работењето на рудникот и неговото значење за нивното семејство и/или за заедницата. На конкурсот може да учествуваат сите деца од 5 до 15-годишна возраст кои живеат на територијата на општина Македонска Каменица, како и децата на вработените во САСА кои се на таа возраст. Ликовните творби треба да се достават најдоцна до 15 ноември 2022 година во Канцеларијата за комуникација со заедницата на Рудник САСА, која се наоѓа на ул. „Рударска“ бр.28 во Македонска Каменица. Вработените…
Овој празник меѓу народот е познат како Митровден и се празнува на 8 ноември според новиот календар. Тогаш завршува летниот и започнува зимскиот период од годината. Поради собраните плодови, значително намалениот ден, студеното време и сл. се вели дека со Митровден започнува зимата. Оттука и македонската народна пословица: “Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден”. Во Македонска Каменица овој празник се празнува во духот на традицијата и верата христијанска со народни собири (собор), каде населението дели ручек за здравје. Во минатото, речиси и немало населено место каде Митровден не бил празнуван оргнизирано. Оваа година, група граѓани од Македонска Каменица покренаа иницијатива…
Изгаснат е пожарот во Чобанско маало во село Костин Дол, кај местото викано Бушилка. Зафатена е борова шума. Површината зафатена од пожарот не е утврдена. Во гасењето на пожарот покрај ТППЕ Македонска Каменица учествувше и дел од месното население.
