Author: Media Point

Денеска со свеченото отворање (15:45 ч) и првиот меч (17:00 ч) меѓу Катар и Еквадор, почнува 22. СП во фудбал. Почнува шоуто наречено Катар 2022. Ова ќе биде најконтроверзниот Мундијал, единствен кој ќе биде во зима, посебен зошто нема да се точи алкохол, и запаметен како Мундијал на кој ќе им биде последен на Меси, Роналдо, Модриќ и на уште неколкумина.  Натпреварот со кој се отвора Мундијалот ќе го суди 46-годишниот италијански судија Даниеле Орсато. Натпреварот на стадионот Ал Бајт со капацитет од 60.000 седишта е закажан за 17 часот. На еден од најголемите спортски настани во светот ќе се…

ПОВЕЌЕ ...

Нов удар за француската фудбалска репрезентација, Карим Бензема поради повреда отпаѓа од составот за Светското фудбалско првенство во Катар. Izvor: 24fudbal.mk/СП 2022 Француската фудбалска федерација потврди дека Карим Бензема ја обновил повредата и по направените снимки е заклучено дека тој нема да може да настапи на СП. Повредата бара рехабилитација од три недели, поради што Бензема и дефинитивно отпадна од составот. „Во мојот живот никогаш не сум се предавал… но вечерва морам да мислам за тимот како и секогаш што сум правел, го отстапувам моето место на некој кој може да му помогне на нашиот тим да имаме одлично Светско…

ПОВЕЌЕ ...

На 18.11.2022 околу 20.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Македонска“ во Виница бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу шест лица, сите од Виница. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Извор: centar.mk

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица се збратимува со италијанските општини Рикалдоне, Касине и Аличе Бел Коне. Збратимувањето се случи во организација на членовите од друштвото ,, Инсиеме” Рикалдоне, МПЦО ,,Св. Архангел Михаил” Неиве и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Градоначалниците на италијанските општини, како што стои во веста за збратимување на општините, се заблагодарија на Македонците кои лојално, вредно и совесно се интегрираат и учествуваат во сите полиња на италијанското општество. Во поздравните говори на средбата беше истакнато значењето на заедништвото, поддршката од институциите и блиските врски со татковината, како начин за зачувување на македонската култура и традиција во сите простори…

ПОВЕЌЕ ...

#СамоПрашај: Што значат и како влијаат „колачињата“ што секоја веб-страница бара да се прифатат? Одговара Емилија Гиноска од Агенцијата за заштита на лични податоци. Извор: СамоПрашај.Мк

ПОВЕЌЕ ...

Од патарини наплатени 12 милиони евра во вториот квартал годинава Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Наплатените средства се 20,99 проценти од вкупно планираниот приход по тој основ за годинава. Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари. ЈПДП во рамки на иницијативата Отворен Балкан е една од институциите што треба да го спроведат заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во државава, во Србија и во Албанија. Стартот на проектот…

ПОВЕЌЕ ...

Срамно однесување на ученици во Србија: Ученици малтретираат професорка и ја снимаат/ВИДЕО Извор: Вечер Во инцидентот што се случил во Техничкото училиште во Трстеник, Србија учествувале тројца ученици кои ја омаловажиле професорката и сето тоа го снимиле со мобилен телефон, а подоцна го објавиле на социјалните мрежи. На Твитер се појави шокантна снимка од тројца ученици, на која може да се види како едниот се расправа со професорката и се расправа со неа, додека друг приоѓа одзади и и го одвлекува столот, додека третиот сето тоа го снима на својот телефон. Непримерната шега заврши, за среќа, без посериозни последици за…

ПОВЕЌЕ ...

Бразил има најголеми шанси да ја освои титулата на Светското првенство кое во недела ќе започне во Катар. Бразил последната титула ја освои во 2002 година на СП во Јапонија и Јужна Кореја. Опта ја создаде статистиката користејќи модел кој го проценува веројатниот исход на секој натпревар, исто така беа користени шансите за обложување и историскиот односно моменталниот ранкинг на секоја репрезентација. Според сите овие податоци, Бразил има 16,78 отсто шанси да ја освои титулата. Аргентина е втора со 12,67 отсто, а трета Франција со 11,95 отсто. Има и една статистички финта, Франција има поголеми шанси за пласман во финалето…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица – Во сабота на 19. Ноември 2022 година, на Градскиот стадион во Македонска Каменица екипата на ЖФК Каменица САСА против струмичка Тиверија го игра супер дербито на 9. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Натпреварот е со почеток од 12:00 часот, а поддршката од трибините е повеќе од потребна за уште една значајна победа на ЖФК Каменица САСА. #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 16. Ноември 2022 година – Во финалната фаза е изградбата на супер модерниот и повеќенаменски “Спортски Комплекс” во Македонска Каменица. „Веќе работиме на набавка на нови голови за помошниот стадион, изградба на тоалети и поставување на соодветна урбана опрема. Во текот на 2023 година, со изградба на отворен амфитеатар ќе го решиме просторот под градскиот базен, а ќе ја уредиме и пристапната улица до комплексот“ – стои во соопштението од текстот објавен од градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски Во овој дел, како што објавува градоначаникот Атанасовски, ќе биде изграден и мал парк кој ќе биде дополнителен…

ПОВЕЌЕ ...