Author: Media Point
Македонска Каменица, 26. Ноември 2022 година – Шаховскиот клуб “Каменица Саса” ги објави победниците на младинското и сениорското градско првенство на Македонска Каменица за 2022 година. Кај сениорите во машка конкуренција победник е Меџит Куртовиќ. Додека кај сениорките, најуспешна на градското шаховско првенство беше Валентина Васевска. Првенството во сениорска конкуренција, доби продолжение преку одржувањето на младинското шаховско градско првенство. Тука од пријавени 12 млади шахисти, најуспешен во младинска конкуренција беше Иван Атанасовски. Победник кај пионерите беше Матеј Атанасовски. Судија на градското шаховско првенство во Македонска Каменица беше Лазо Стаменковски, претседател на Шаховскиот клуб “Каменица Саса” и долгогодишен победник и…
Македонска Каменица, 25. Ноември 2022 година – Општина Македонска Каменица донираше телевизори за потребите на детската градинка “Бамби”. – Денеска, за потребите на ЈОУДГ “Бамби” дониравме четири телевизори, со кои ќе се подобри спроведувањето на воспитно-образовниот процес во установата. Телевизорите се набавени во рамки на субвенциите од Договорот за мобилни телекомуникациски услуги, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски при денешната посета и работната средба со директорката на Јавната општинска установа детската градинка “Бамби”, Тодорка Велиновска Градоначалникот Атанасовски во изјавата истакна дека, “Од наредната недела започнува исплата на одобрените средства за сите првачиња и за средношколците запишани во прва година во СОУ…
Младата Матеја Владимирова во дресот на сениорскиот тим на ЖКК Баскет Кам Одличните игри и постигнатите резултати во младинските лиги ја носат 14 годишната Матеја Владимирова од Македонска Каменица во сениорското друштво на шампионскиот тим од Македонска Каменица. Во составот на ЖКК Баскет Кам е најмлад играч, но со своите 179 cm височина, таа ќе даде огромен придонес во играта на крилната позиција. Со својот талент и дисциплина на теренот, Матеја предничи со играта и во составот на репрезентацијата на Македонија до 14 години. Бележи одлични настапи и на натпреварите од ФИБА проектот одржан во Турција, каде учествуваше репрезентацијата на…
Премиерно прикажување на тинејџерскиот трилер „Смената“ во Домот на култура во Македонска Каменица. Почеток на премиерата во 18:00 часот. Вторник, 29.11.2022 година. Влез 70 денари. Повеќе за филмот на следниов линк и во текстот подолу: Италијанско-белгиската трилер драма „Смената“ во режија на Алесандро Тонда трејлер од филмот: https://www.youtube.com/watch?v=MkZhJY9cWzI Кратка содржина: Брисел. Еден и Абдел, две 17-годишни момчиња, упаѓаат во нивното училиште за да извршат самоубиствен терористички напад, но Абдел се разнесува пред предвиденото време, повредувајќи го Еден во експлозијата. Изабел и Адамо, двајца болничари пристигнуваат на местото на настанот и го наоѓаат Еден повреден и онесвестен. Го внесуваат во амбулантното…
ИЗЛОЖБА НА МЛАДИНСКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА “СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН 2022” ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА Македонска Каменица, 25. Ноември 2022 година – КИЦ Романса и Националната установа – Центар за култура “Бели мугри” – Кочани, Ви го најавуваат отварањето на изложбата од младинската ликовна колонија “Св. Пантелејмон 2022”. Отварањето на изложбата е во понеделник на 28. Ноември 2022 година, со почеток, 12:30 часот во Домот на култура во Македонска Каменица. Во продолжението од објавениот текст од КИЦ Романса се вели: – Дојдете заеднички да го проследиме заедничкото отворање на изложбата и да уживаме во прекрасните ликовни дела на творците. По долгогодишна пауза во…
Есента е период на многу вируси, меѓу кои чести се и стомачните. Лекарот по општа медицина д-р Бојан Трајковски, на својот Фејсбук профил, објави кои симптоми се појавуваат при стомачниот вирус и нагласи дека го има застапено во поголем број. Тој им порача на граѓаните и што да преземат во случај да имаат појава на симптомите. -Хара доста сериозен стомачен вирус! Многу силни стомачни болки, грчеви страшни, силна треска, температура до кај 39, честа дијареа, нагони на повраќање…нема што нема од симптоми! Влезе ли у фамилија ги проаѓа сите. Изолирајте се, течности што повеќе, лесна храна, пробиотици уште од сега,…
Верижна сообраќајна несреќа на патот Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајката според добиените инфирмации е во близина на село Бигла. Според информациите добиени од терен во сообраќајката учествувале три возила и камион. Покрај полицијата која врши увид на лице место, присутна е екипа на Итната медицинска помош. Повеќе информации во текот на денот.
Македонска Каменица, 23.11.2022 година – ЗРСК Шаран Македонска Каменица ги известува сите риболовци дека, почнувајќи од денеска 23.11.2022 година, риболовот на езерото Калиманци, Каменичка река и река Брегалница од уливот дo Бигланскиот мост ќе биде забранет. – Забраната за риболов доаѓа од причина што ќе биде извршено повеќекратно порибување на водите на Калиманско езеро. За престанок на забраната за риболов, риболовците ќе бидат дополнително известени, – известуваат од ЗРСК „Шаран“ Македонска Каменица Во периодот на забрана, од ЗРСК „Шаран“изјавуваат дека, контролата ќе биде засилена. Во таа насока, секое непочитување на забраната ќе биде санкционирано.
Македонска Каменица, 23. Ноември 2022 година – Нов претседавач и ново мнозинство во Советот на Општина Македонска Каменица На вчерашната 13-та Седница на Советот на Општина Македонска Каменица со 7 гласа ЗА за нов претседавач беше избрана советничката Анета Стојчевска. За предлогот од советникот Дарко Гоцевски гласаа 4 советници од СДСМ и 3 советници од независните советнички листи. Анета Стојчевска е член на Советот на општина Македонска Каменица од независната советничка листа која на минатогодишните избори освои 2 советнички места. Досегашниот претседавач со Советот на Општина Македонска Каменица, Љупчо Трајановски беше од редовите на ВМРО -ДПМНЕ. Со ова практично Советот…
Најуспешните екипи на турнирот во мал фудбал – Рудник САСА 2022, овој петок со почеток од 18:30 часот, во спортската сала во Македонска Каменица ги играат финалните натпревари од плејоф разигрувањето. Во 18:30 часот, започнува натпреварот за трето место помеѓу екипите на „Технички“ и „Рудник“, а терминот од 19:30 часот е резервиран за финалето на турнирот каде се среќаваат „Администрација“ и „Електро“. Во првиот полуфинален натпревар, одигран минатата недела, екипата на „Електро“ ги совлада „Технички“ со 2:1. Вториот полуфинален натпревар заврши со идентичен резултат, каде „Администрација“ славеше против „Рудник“. Турнирот се одигра во двокружен систем на натпреварување. Вкупно беа одиграни…
