Author: Media Point
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, ДИМЧО АТАНАСОВСКИ СО НАЈОСТРА ОСУДА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МАСОВНО ТРУЕЊЕ НА КУЧИЊА Во текот на денешниот ден, градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атансовски излезе со Соопштение за јавност во кое најостро го осудува монструозниот и грозоморен чин со масовно труење на кучиња во Македонска Каменица. Проблемот е оргомен, постои на територијата на целата држава. За решавање на истиот, на ниво на ИПА и ЗЕЛС во постојани дискусии со останатите градоначалници се барааат итни законски измени за што побрзо решавање на овој горлив проблем во државата. Соопштението до јавност ви го пренесуваме во целост: Почитувани…
Библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица доби нова донација книги од Културно информативниот центар „Романса“. – Станува збор за наслови кои КИЦ „Романса“ ги доби при минатонеделниот еднодневен саем на книги оранизиран заедно издавачката куќа „Сакам книги“ во просториите на Домот на култура, – истакна Гоце Стојановски, директор на Културно информативниот центар. – Од Библиотеката во Македонска Каменица, која работи како клон на ЈЛБ “Илинден” – Делчево, упатува благодарност до КИЦ „Романса“, при што истакнуваат подготвеност и отвореност за продлабочување на соработката помеѓу овие две институции во нашиот град.
Како дел од годишната програма за работа, ЖФК Каменица САСА со 20 фудбалерки на возраст од 10 до 14 години, учествуваше на женскиот фудбалски фестивал кој вчера се одржа на градскиот стадион во Кочани. Настанот е организиран од ОФС Кочани и ФФМ, со јасна идеја за развој на женскиот фудбал во Македонија. Од ЖФК Каменица САСА настанот е оценет како убаво случување со многу дружење, интересни тренинзи и место каде се развиваат многу нови другарства помеѓу младите фудбалерки од целата држава. #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај
Во пресрет на Новогодишните празници Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица организира хуманитарна акција. – Акцијата ,,Дарувај од срце‘‘, првенствено е наменета за собирање на стари или нови играчки, како плишени мечиња, кукли, барбики и украси за декорирање на новогодишна елка во установата, – велат од Дневниот центар во Македонска Каменица Од Дневниот центар за лица со посебни потреби заедно со штитениците во установата, упатуваат повик до сите хумани граѓани и општествено одговорни компании, според можностите, да се вклучат во хуманитарната акција. Донациите можат да ги достават во просториите на Дневниот центар. Штитениците во Дневниот центар…
На 21 ноември православните христијани го празнуваат Св. Архангел Михаил, а многубројни се и оние кои овој ден го земаат како домашна слава. TOP NEWSМагазин Денеска е св. архангел Михаил – празник на војводата на сите ангели 21/11/2019 9:14 На 21 ноември православните христијани го празнуваат Св. Архангел Михаил, а многубројни се и оние кои овој ден го земаат како домашна слава. Овој празник е наречен Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, но и Рајко, Рајна, Ратка… На овој ден…
Во рамки на повеќедневниот престој во Италија, градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски оствари работна средба со Македонското здружение „Инсиеме“. Покрај оваа средба со градоначалникот Атанасовски, ова зддружение оствари работни и со Високотопреосвештенство на Европскиот Митрополит, Г. Пимен, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и конзулот од Местре, Стојан Витанов. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Македонска Каменица се збратимува со италијанските општини Рикалдоне, Касине и Аличе Бел Коне На средбата, како што стои објавено по завршувањето на средбите, е разговарано за продлабочување на соработката со општина Македонска Каменица, како и внесување на „Инсиеме“, како македонско здружение во во Регистерот на Македонија…
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: „БАЛАНС +“ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ поради присуство на токсични материи-афлатоксини Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +, ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм. Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. По влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб. Дополнително, од АХВ известуваат дека количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар. Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22,…
Денеска, беше светол ден за нашата Македонска Православна Црковна Општина ,,Св. Архангел Михаил”од Неиве, бидејќи со макотрпна долгогодишна работа, верниците се здобија со објект кој во иднина ќе биде втор дом, културен и духовен центар. Во предвечерието на Храмовата слава „Собор на св. Архангел Михаил“, по Светата архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен во сослужение со Неговото преосвештенство епископот Полјански и Стобиски г. Јаков, протопрезвитер Климент Мишањ од Пјаченца, презвитер Јовица Тодевски и протопрезвитер Михајло Матевски, Неиве, свечено се потпиша договорот за купопродажба на објектот во кој е сместена крстилната „Св. Јован Крстител“ во Неиве…
Поголем број граѓани на социјалните мрежи објавуваат и споделуваат фотографии со умрени животни во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Според фотографиите, овој грозоморен чин, денеска остави да лежат умрени кучиња и мачки на отворен простор. Претежно во близина на Здравствената станица во Македонска Каменица. Кучињата скитници и останати незгрижени животни се горлив проблем на скоро сите градови во државата. Локалните самоуправи, иако работат според Законот за хуман третман и благосостојба на животните, секојдневно наидуваат на потешкотии на терен. Самата ситуација на терен кажува дека Законот и овој начин на третирање на животните, не нуди адекватно и системско решение на…
Дали Еквадор е оштетен на стартот на Светското првенство откако во мечот против домаќинот Катар на Еквадорците им беше поништен чист погодок. Енер Валенсија во 3. минута донесе водство за Еквадор од 0-1, но по проверка на ВАР голот беше поништен. Се уште не е докажано што е досудено, офсајд или фаул над голманот на Катар. Дали имаше фаул над голманот кој истрча до своите 11 метри? Еквадор веќе има сигурно водство од 2:0. Стрелец на двата гола е Е. Валенсија.
