Author: Media Point

Британскиот амбасадор Метју Ласон оствари работна средба со градоначалникот Димчо Атанасовски во Македонска Каменица Македонска Каменица, 16. Ноември 2022 година – Во работна посета на Општина Македонска Каменица присуствуваше амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Ласон. Тема на разговор на заедничката средба со градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски беа повеќе актуелни теми од областа на енергетиката. -Во рамки на работната средба покрај разговорите за повеќе актуелни теми, ја искористив приликата да го запознаам британскиот амбасадор со историјата и традициите на нашата Општина. Со начините на нејзиното функционирање денес, со предизвиците предизвикани од енергетската и економската криза, како и…

ПОВЕЌЕ ...

Пет години од влезот на ЦАМЛ во САСА – 52 милиони долари веќе инвестирани во одржлив развој и дополнителни вложувања планирани за наредните години Рудникот САСА ја одбележа 5-годишнината од приклучувањето кон Централ Азија Металс (ЦАМЛ) – специјализирана рударска компанија со седиште во Лондон, Велика Британија.Најголемиот македонски рудник за олово и цинк го посетија британскиот амбасадор Метју Лосон, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски. За време на посетата тие се запознаа со досегашните вложувања во САСА и нивниот ефект и значење за пошироката заедница, како и со реализацијата на новиот…

ПОВЕЌЕ ...

„Сакам Книги“ во Македонска Каменица. На 𝟏𝟖.𝟏𝟏.𝟮𝟬𝟮𝟮 (петок), „Сакам Книги“ доаѓа во посета на Македонска Каменица, со најпосакуваните наслови и специјални цени. Дружење со „Сакам Книги“ од 𝟏𝟎:𝟎𝟎 до 𝟏𝟖:𝟎𝟎 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица. Настанот е во организација на КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица, а истиот е поддржан од Општина Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 15. Ноември 2022 година – ЈОУДГ ,, Бамби” – Македонска Каменица со редина настани го одбележа Месецот на книгата. „Одбележувањето на Месецот на книгата го започнавме со организирана посета на библиотеката „Крсте Петков Мисирков“ во Македонска Каменица, каде дечињата се запознаа со начинот на кој се изнајмуваат книгите и како за истите треба да се грижат. Исто така, во посета на детската градинка „Бамби“ беа претставници на библиотеката. Беа донесени книги според желбите на децата, а истите пред дечињата беа читани од воспитувачите“ – изјави Тодорка Велиновска, директорка на детската градинка Бамби во Македонска Каменица „На крај, дечињата…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 15.11.2022 година – Тим од експерти на консултантската компанија PrimePoint Partners Macedonia and Montenegro, во текот на вчерашниот ден, ја посети Општина Македонска Каменица каде оствари работна средба со градоначалникот Димчо Атанасовски. На работната средба, пред градоначалникот Атанасовски беше презентиран планот за имплементација на тековниот проект на PrimePoint Partners Macedonia and Montenegro, посветен на самоодржливи решенија за економски развој на општината. „Ваквите проекти се шанса кои општина Македонска Каменица треба да ги искористи за зголемување на сопствените капацитети, во насока на едукација на заедницата и презентирање на потенцијалот на нашето подрачје. Ова воспоставување на нови контакти и соработки,…

ПОВЕЌЕ ...

Приведен Миле Пенов,  напаѓачот на снимателот на тв 24 Човекот кој денеска го нападна снимателот на тв 24 Љубиша Игнатов е приведен во полициска станица Кисела Вода, потврдуваат за ТВ 24 од истрагата. Пенов  ќе биде задржан во полициска станица по одлука на скопското јавно обвонителство, кое утре ќе одлучува дали ќе бара и мерки за него од судот. Пенов е приведен по пријава на Игнатов, кого најпрво вербално а потоа физички го нападна. Исказ во полиција даде и снимателот на ТВ 24 и новинарот Александар Тодевски кој беше истотака цел на вербален напад од Пенов. Извор: ТВ24

ПОВЕЌЕ ...

Поради сообраќајна несреќа помеѓу две возила во прекин беше сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица. Увид на местото на настанот извршиле екипи на сообраќајната полиција од каде информираат дека несреќата е резултат на судир помеѓу две возила кои се движеле во спротивен правец. Според информациите до кои дојде телевизија Сител нема повредени лица во сообраќајната несреќа. Повеќе информации од полицијата најавија во текот на вечерта. Извор: ТВ Сител

ПОВЕЌЕ ...

Три гола во мрежата на Борец за нови три бодови на ФК Каменица Саса Во рамки на 12. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на ФК Каменица Саса оствари поволен резултат на гости против екипата на Борец во Велес, победувајќи со високи 0:3. Резултатот го откри искусниот Бошко Ступиќ во 40 минута. Со оглед на целосната доминација на теренот, релативно долго се чекаше на првиот погодок за Фк Каменица Саса. Сепак на полувреме каменичани ја имаа резултатската предност од 0:1. До нова промена на резултатот, дојде со голот на Игор Георгиев – Тоти кој во 57 минута од…

ПОВЕЌЕ ...

Дербито на 8. Коло во Првата женска фудбалска лига на Македонија целосно им припадна на девојките од Македонска Каменица. Тие на гостувањето во Струга против ЖФК Ас Унитед успеаа да слават со високи 0:9. Стрелци на головите за одличниот состав на ЖФК Каменица САСА беа ПејтонЧик (3), Ана Димитровска (2), по еден гол постигнаа Икеда, Андреевска, Панеска и Шемсовиќ. “Солидно го одигравме дербито на колото, каде нашите фудбалерки, во сите аспекти на фудбалската игра ги декласираа домакините од Струга. Покажавме дека сме подобри, дека играме поквалитетен, подинамичен фудбал, за што говорат резултатот од натпреварот и ефикасноста на теренот” – изјавува…

ПОВЕЌЕ ...

Во 12. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија, ФК Каменица Саса се среќава со ФК Борец во Велес. Натпреварот помеѓу Фк Борец – Фк Каменица Саса се игра денеска, 13. Ноември 2022 година, со почеток од 13:00 часот. ФК Каменица Саса се наоѓа во долниот дел од табелата, каде со 9 освоени бодови е на 13 место. Има две победи, три нерешени натпревари и два порази, со постигнати 10 голови и 17 примени. Екипата на ФК Борец има посригнато само 6 голови, со примени 40 погодока во сопствената мрежа и има 0 освоени бодови. Минатото коло, ФК Каменица Саса…

ПОВЕЌЕ ...