Author: Media Point
Македонска Каменица, 31.08.2022 – И оваа година, по повод Денот на рударите, рудникот САСА обезбеди парични награди и пригодни подароци за сите свои вработени, за нивното залагање и посветеност во работата. На 123 вработени им беа доделени и дополнителни парични награди, подароци и признанија за нивниот особен придонес во одржување на високиот степен на безбедност и здравје при работа, како и во остварувањето на производствените цели. Инаку, во пресрет на Празникот, на сите вработени во САСА им беа зголемени платите, со што просечната плата во САСА сега е и до 80% повисока од просечната плата во земјава. Од…
ЛД “М.Каменица – Саса” испрати Известување до ловците членови на друштвото и сите лица заинтересирани за ловење на дивеч. Известувањето ви го пренесуваме во целост: Почитувани, колеги ловци членови и оние кои сакаат да бидат членови на Ловно Друштво “М.КАМЕНИЦА-САСА” од Македонска Каменица Ве ИЗВЕСТУВАМЕ дека согласно решението од АХВ со бр 10-2257/11 и во исчекување на решението од МЗШВ,дека ловот на дива свиња започнува од 01.09.2022 односно прв ловен ден ќе биде 04.09.2022г.(недела) како и секоја недела,државен празник и по некој верски празник(за понатамошниот распоред ќе бидете дополнително известени) до 31.01.2022г со можност за продолжување. Ловот ќе се одвива…
Денеска, во ООУ “Кирил и Методиј” во Мскедонска Каменица, беа доделени свидетелствата на учениците од I до VIII одделение. Исто така, како што стои во соопштението за јавност од училиштето, на учениците првенци на генерација и на учениците кои биле успешни на регионалните и државни натпревари во учебната 2021/22 година, директорот Виктор Георгиевски им додели соодветни пофалници и награди. Каменичката деветолетка ја посетуваат скоро 500 ученици, а оваа година училиштето зголемен број на првачиња за 37 % во однос на претходните години. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02RvHvDNEQNbYm8syjageWtc3mpmpxM6crP9k8M7H6bjzVFtFK2Yw3FQgdH3uNP4Dql&id=100057537847067&sfnsn=mo&extid=a&mibextid=7htlnv
Од СОУ “Миле Јаневски Џингар” Македонска Каменица известуваат дека учебната 2022/23 година, ќе започне во четврток, на 01. Септември 2022 година. Од училиштето известуваат дека, наставата за учениците од втора до четврта година ќе започне во редовниот термин, од 07:45 часот. Приемот на ученици запишани во прва година ќе биде во училишниот двор во 08:00 часот. На сите ученици, од училиштето, им посакуваат успешен почеток на новата учебна година.
Денес, се навршуваат 78 години од ослободувањето на виничкото село Блатец. По тој повод вчера (28.08.2022) на загинатите борци од фашистичкиот окупатор со едно минутно молчење и положување на свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци делегација на Општина Виница и други присутни им одадоа почит на загинатите и учесниците во народно ослободителната војна.
Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, дизелот повторно драстично поскапува. Од ноќеска на полноќ дизел горивото поскапува за 3 денари и ќе изнесува101,5 денари по литар, додека бензините поскапуваат 0,5 денари. Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во Македонска Каменица претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во делови од Скопската Котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне до 31 степен. Во наредните денови под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе…
Дури четири првотимки на ЖФК Каменица САСА се дел од составот на репрезентација на Македонија, Елма Шемсовиќ, Мила Талевска, Драгана Костова и Ленче Андреевска Женската репрезентација на Македонија ќе одигра два квалификациски натпревари на 01. и 06 Септември против репрезентациите на Латвија во Скопје и против Австрија нс гостински терен. Ова е уште една потврда за врвниот квалитет за каменичкиот женски клубски фудбал на национално и меѓународно ниво. Управата на клубот им посакува личен успех на своите девојки, како и добар репрезентативен резултат во претстојниот квалификациски циклус. Честитки и признанија, за овој успех, пристигнуваат од голем број љубители на фудбалот…
Поради трагичниот настан, во кој денеска, прерано животот го загуби наш сограѓанин, општина Македонска Каменица ги откажа сите концертни настани од манифестацијата Каменичко Културно Лето 2022. Соопштението за јавност, објавено предмалку од градоначалникот на општина Македонска Каменица, ви го пренесуваме во целост: Почитувани сограѓани Дозволете во свое лично име и во име на општина Македонска Каменица да изразам искрено и длабоко сочувство до семејството Стојковски кои денес загубија дете, брат, внуче. Денес целиот град сочувствува со нивната болка и загуба за прерано згаснатиот живот. Со оглед на огроманат загуба за целиот град, Ве известувам дека манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“…
Ќе се врши ексхумација и обдукција на беровчанецот кој почина од сепса по интервенција на загноен заб 26.08.2022 16:02 Ќе се врши ексхумација и обдукција на 25-годишниот беровчанец кој почина од сепса по интервенција на воспален и загноен заб. Обвинителството отворило предмет по информациите во медиумите и ќе испитува дали има лекарска грешка во третирањето на младиот Јован Димовски „Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се прибави целокупната медицинска документација околу текот на лекувањето на починатото лице од сите приватни и јавни здравствени установи и ординации каде пациентот побарал лекарска…
