Author: Media Point
Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на свети Методиј, Климент под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, каде му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид, свети Климент му подигна црква на свети Пантелејмон. Имаше голем број ученици кои ги препишуваа книгите со словенски букви…
Апсења во Делчево: Приведени две лица за „перење пари“ – причиниле огромна материјална штета на буџетот Денеска (07.12.2022) од страна на полициски службеници од СВР Штип лишени се од слобода К.П.(64) и Д.П.(37), двајцата од Делчево. Приведувањето е врз основа на претходно поднесена кривична пријава против нив, поради сомнение за сторено кривично дело „перење пари“ казниво по чл.273 од Кривичниот законик, од страна на СВР Штип, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција Скопје, а по претходно добиена наредба од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје. Притоа, со извршеното…
Со дигиталната платформа „мЗаедница“ до полесно остварување на правата и во општина Македонска Каменица Македонска Каменица им се приклучи на македонските општини кои се дел од дигиталната платформа „мЗаедница“ чија главна цел е реализација на двонасочна комуникација со граѓаните. Веб и мобилната алатка ја изработи Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ и досега се вклучени општините Македонска Каменица, Битола, Аеродром, Карпош, Кочани, Крива Паланка и Валандово. Станува збор за мултифункционална платформа преку која граѓаните имаат можност да поднесат предлог или проблем и да го следат неговото решавање; да остварат директна комуникација со вработените во општинската администрација; да аплицираат за општински…
Фирмата ЕВКА-КАМ од Македонска Каменица бара ОПШТ РАБОТНИК. Лицето треба да биде од машки пол. За оваа работна позиција, не е потребно претходно работно искуство. Платата и другите услови поврзани со работата ќе бидат утврдени директно во продажниот салон на ЕВКА-КАМ или на телофонскиот број 078 318 886.
Променливо облачно со слаб до умерен ветер Временската прогноза во земјава за вторник (6.12) покажува наутро наместа со појава на магла, а во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од -1 до 13 степени целзиусови. Во Скопје наутро со појава на магла, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Малку повисока температура во однос на вчера, особено утринската и ќе се движи од 7 до 12 степени целзиусови.
Македонска Каменица, 04.12.202 година – Со низа настани Македонска Каменица го одбележа 3. Декември – Меѓународниот ден на лица со попреченост во развојот. Градоначалникот Димчо Атанасовски за овие лица додели ваучер во износ од 30.000 денари, а најави зголемена поддршка за наредната година. – Намерата е да биде обезбедена еднократна парична помош за сите овие лица, како и зголемена поддршка за невладиниот сектор кој делува во оваа област. Зголемената инклузивност на лицата со пречки во развојот во сите општествени текови е приоритет за Општина Македонска Каменица, која пак, во наредните години силно ќе инвестира во проекти од социјален карактер, -…
Вчера се одигра 11. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, кое во Македонска Каменица донесе супер возбудлив натпревар помеѓу екипите на ЖФК Каменица САСА и ЖФК Љуботен. Натпреварот иако заврши со 1:1, двете екипи со многу жестина и борбеност ги одиграа сите 90 минути. Стрелец за ЖФК Каменица САСА за израмнување на резултатот беше Пејтон Чик во 80 минута од натпреварот. Гостите успеаа да реализираат една од малкуте шанси уште во првиот дел на натпреварот при комплетна доминација на домашната екипа. Екипата на ЖФК Каменица САСА го одигра целиот натпреварот со целосна доминација на теренот. Останаа нереализирани и…
Со вчерашната победа во Скопје против ЖКК МЗТ Скопје со 77:80, екипата на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица заедно со ЖКК Вардар остануваат единствени непоразени екипи во Првата македонска лига на Македонија. Во тимот на Баскет Кам најефикасна беа Сања Адамовска со 18 поени, Цеце Димова со 15, Марија Николов со 13, а Катерина Поп Димитрова и Моника Зафировска постигнаа по 12 поени. 8 поени имаше Сара Максимовска, а младата Ана Милованова запиша 2 поени. Ова покажува дека младиот тим од Македонска Каменица, со тимска игра, надополнета со борбеност во одбраната, со конкретни додавања и успешна реализација во нападот…
Ноќеска од кругот на Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Кочани е украдено едно возило на брзата медицинска помош, марка „Тојота“, објави „Актуелности.мк“. Како што објавија, неофицијално, украдено е возило добиено како донација. Од болницата во Кочани за Бриф.мк информираа дека полицијата извршила увид на лице место, возилото денеска е пронајдено, било оставено во близина на болницата. Билтенoт на МВР во последно време често информира за зачестени кражби во овој град, се крадат трактори, автомобили и комбиња по кочанските села, а чести се упадите во домовите.
Утре, 03. Декември 2022 година, се игра 14. Коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Со почеток од 13:00 часот, екипата на Фк Пехчево Скопје ја пречекува екипата на Фк Каменица Саса. На утрешниот натпревар, двете екипи ќе се обидат да освојат значајни бодови за “бегство” од долниот дел на табелата. ФК Каменица Саса со 13 бодови е 12-то пласирана екипа, додека домашната екипа со два бода се наоѓа место подолу на табелата.
