Author: Media Point
По едно чудесно финале во Катар, Аргентина на пенали ја победи Франција и го освои Светското првенство, натпреварот по 120 минути игра беше нерешен, 3-3. Во 118. минута Франција доби уште еден пенал поради игра со рака. Мбапе постигна нов гол од белата точка, негов хет-трик на ова финале за израмнување на 3-3. Во 123. минута Коло Муани имаше огромна шанса да го донесе трофејот за Франција, беше сам пред Мартинез, но аргентинскиот голман го одбрани неговиот удар. 3-3 беше резултатот по 120 минути борба, пеналите го решаваа Светскиот шампион. Во пенал серијата Кингсли Коман и Чуамени не реализираа, Мартинез…
Фудбалскиот тренер и поранешен фудбалер Синиша Михајловиќ почина на 53 години од леукемија, потврди семејството за италијанските медиуми. Михајловиќ беше југословенски ререзентативец и дел од тимот на Цевена звезда кој освои ја осовои титулата на Лига на шампиони. Михајловиќ играше за Борово, Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, беше тренер на Србија, а како тренер ги водеше Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг од Лисабон и Болоња. Кариерата како фудбалер ја започна во својата татковина, во тогашна Југославија. Роден е во Вуковар, а израснал во блиското Борово, каде ги направил првите чекори како играч. Се пензионираше во 2006.
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица објави Соопштение за јавност дека од понеделник 19. Декември 2022 година, започнува исплата на средствата за финансиска поддршка за првачиња и средношколци запишани во прва година. – Ве известуваме дека од понеделник (19.12.2022) ќе започне исплатата на финансиската поддршка за сите првачиња запишани во ООУ “Св.Кирил и Методиј” и за средношколците запишани во прва година во СОУ “Миле Јаневски Џингар”, – изјавува Димчо Атанасовски, градоначалник на општина Македонска Каменица Исплатата на паричните средства ќе се реализира во текот на целата наредна недела. Во понеделник, како што најавува градоначалникот Атанасовски, ќе биде објавен и Јавен повик…
Сите тестови беа комбинација на содржини од физика, хемија и биологија, односно бараа интердисциплинарен пристап во разбирање на суштинските работи од природните науки. За сето тоа беше потребна и добра основа од математика, вели д-р Боце Митревски, еден од водачите на македонскиот олимпискиот тим на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември во Богота, Колумбија, кој воедно е и вонреден професор на ПМФ. Македонските учесници се вратија од Јужна Америка со четири бронзени медали кои ги освоија учениците Искра Нечаковска од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола, Теона Ана Георгиевска…
Хаос во болницата во Кочани: 44-годишна жена претепала три колешки Вработена во Општа болница Кочани пријавила дека на едно од Одделенијата на болницата, вработената Ј.Т.(44) од Кочани физички ги нападнала нејзините колешки Б.А.(47), Т.С.(53) и М.К.(58), сите од Кочани. Се работи на расчистување на случајот, по што против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата во дневниот билтен.
УБАВА ВЕСТ ЗА НАЈМЛАДИТЕ: БИБИ И БОБИ ВО СНЕШКОВГРАД ЌЕ СЕ ПРИКАЖУВА ВО ДОМОТ НА КУЛТУРА КИЦ Романса го најавува филмското остварување за деца со Биби и Боби – најсаканите и најбарани детски филмски ѕвезди. Вторник, 20. Декември 2022 година, премиерно прикажување на Снешковград во Домот на Културата во Македонска Каменица. Почеток 17:30 часот. Влезниците, по цена од 100 денари, веќе може да се набават во Домот на Култура од 09:00 до 15:00 часот. Трејлер од филмот: https://www.youtube.com/watch?v=hsLT1tQwCf0
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ”ШАРЕНИЛО” ОД ЗЛАТКО СТОИМЕНОВ Македонска Каменица, 15. Декември 2022 година – Утре, 16. Декември со почеток од 12:00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица, ќе се случи промоција на книгата “Шаренило” чиј автор е роднокрајниот автор Златко Стоименов. Ова е прво публикувано дело на нашиот сограѓанин и роднокраен автор, Златко Стоименов. Публикацијата на книгата “Шаренило” е во соработка со КИЦ “Романса” Македонска Каменица.
Македонска Каменица, 15. Декември 2022 година – Фондацијата “Ице Бегов” со донирањето на Сензорна соба за лицата со посебни потреби во Дневниот центар во Македонска Каменица, вчера го заврши проектот што го започнаа на 28 јули оваа година. Станува збор за хуманитарниот концерт “Небо Сино” одржан во Домот на култура преку соработка со КИЦ “Романса” – Македонска Каменица. Концертот беше колаж од музчки точки и перформаси од лицата со посебни потреби и повеќе изведувачи кои земаа учество на настанот. – Собраните средства ги искористивме за уредување и опремување на Сензорна соба. Станува збор за недирективна терапија која делува на основните…
Македонска Каменица, 13. Декември 2022 година – Адвокатското Друштво Пепељугоски од Скопје, денеска донираше дидактичко едукативни материјали во подрачното училиште со село Саса. При донирањето на материјалите за потребите на основното училиште во село Саса, од Адвокатското Друштво Пепељугоски го истакнаа задоволството од срдечната средба со учениците. Изразија надеж дека доволно ги испирираа и мотивираа учениците да се стремат кон знаење и градење на успешни кариери. – Како Адвокатско Друштво Пепељугоски остануваме посветени во овозможувањето на услови за младите да успеат. Веруваме дека секое дете треба да има пристап до квалитетно образование. Само со посветена работа, решеност и упорност, младите…
Денеска, со почеток од 19:00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица, ќе биде изведена театарската претстава “Душички” – Брачна Игра во продукција на Златен Заб – Скопје. – Настанот е во организација на КИЦ Романса Македонска Каменица со продукцијата Златен Заб – Скопје. Театарската претстава е од хуманитарен карактер. Сите средства собрани од влезниците ќе бидат донирани за поддршка на лицата со посебни потреби, – изјавуваат од КИЦ Романса Македонска Каменица, од каде порачуваат, “сите заеднички да им дадеме подршка и да покажеме хуманост кон лицата со посебни потреби. Заедно да подариме љубов, поткрепа и топлина”. Влезниците се…
