Author: Media Point
Вчера, екипата на ФК Каменица Саса со голот на Стојче Стојов во 50 минута од натпреварот од IX Коло на Втората македонска фудбалска лига успеа да го отвори резултатот против ФК Арсими. Конечни 1:0 и победа на Саса за радост за многубројната каменичка публика присутна на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Со оваа победа Саса успева да избега од дното на табелата. Со 8 бодови се наоѓа на 12 позиција од табелата. Минатото 8. Коло екипата на ФК Каменица Саса го заврши со пораз од 3:2 на гостувањето со ФК Кожуф. Во рамките од IX коло во Втората македонска фудбалска…
Кошаркарите на КК Баскет Кам стигнаа до две рутнски победи во натпреварите од Втората кошаркарска лига на Македонија. Сениорската екипа предводена од разиграните Александар Тодоровски и Стефан Гоцевски славеше против КК Црн Дрим од Струга со 86:74. Со висок процент на реализација во Тодоровски запиша 32 поени, а Стефан Гоцевски задоволи со 29 поени. Целиот тим одигра солиден натпревар, сите играчи беа на висина на задачата, како во нападот така и во одбраната. Со оваа победа КК Баскет Кам на стартот од новата сезона има “две од две”, што е значаен успех за подмладениот состав на каменичани. Денеска, во Спортската…
Претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката на Пендаровски се наведува дека на овој ден се потсетуваме на храбрите млади луѓе кои, не можејќи да се помират со тешката состојба на обесправениот македонски народ, во 1893 година ја формирале Македонската револуционерна организација. Инспирирани од оваа идеја, генерации родољуби се вклучија во долгата борба за слободна македонска република, втемелена врз идеалите на правда, слобода и достоинствен живот во која ќе има место за секој маж и жена, независно од народност, јазик и вера. Таа храбра визија што…
Борбата продолжува, а идејата е вечна! Од НМ Впрочем, во времето во кое е основана Македонската револуционерна организација, и во сите други држави некоја организација го организирала народот во борбата за формирањето на својата држава, и тука нема ништо различно. Народот ја основал, ја развивал идејата и до ден-денес се бори за неа. Македонскиот народ како што стои и во нејзиното име, Македонската револуционерна организација, без додавки, придавки, презимиња, фусноти. И постојано народот повторува: Борбата продолжува! Идејата е вечна! Еден од славните периоди на македонската историја се формирањето и дејствувањето на Македонската револуционерна организација, односно почнувањето на организираната борба…
Повторно започна со работа Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето во општина Македонска Каменица Повторно започна со работа Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето во општина Македонска Каменица. Истата, ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. Основна дејност на канцеларијата е прием на апликации од тековните програми, како и консултантски услуги од областа на земјоделието во врска со развојните програми и тековни проекти. Отворањето на канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето се наоѓа на вториот кат од општинската административна зграда. Во канцеларијата е вработено стручно лице,…
За секое дете што расте, совладувањето на умешноста на држењето на моливот е многу важен чекор. Правилното држење на моливот не е нешто што се развива еднакво кај секое дете. Некои деца техниката на држењето на моливот ја совладуваат порано, а некои подоцна. Повеќето од децата по навршувањето на возраст од 12 до 18 месеци фаќаат молив со цела рака и чкртаат на лист хартија. Со текот на времето нивните способности за правилно држење на моливот се зголемуваат и ја совладуваат оваа вештина. По 4-тата година се очекува детето да почне правилно да го држи моливот. Што предизвикува лошо држење…
Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски ја најави платформата #мЗаедница. “Ветивме целосна дигитализација на услугите во Општина Македонска Каменица и забрзано чекориме во тој правец” – изјавува Атанасовски, кој додаде дека “Платформата #мЗаедница наскоро ќе стане достапна за граѓаните на Македонска Каменица”. Преку оваа мобилна и веб апликација, како што истакна градоначалникот Димчо Атанасовски, секој ќе може да комуницира со вработените во општината, да влијае на тековните активности, но и да ги реализира сопствените права.
Промоција на книгата “Без крилја” и ликовна изложба на младата авторка Климентина Соколовска Во петок, на 21.10.2022 година со почеток од 12:00 часот, во Домот на култура ќе се одржи промоција на книгата “Без крилја” од Климентина Соколовска, млада авторка од Македонска Каменица. Покрај промоцијата на книгата “Без крилја”, во исто време Климентина Соколовска ќе ја отвори и нејзината прва самостојна ликовна изложба, која опфаќа околу 20 дела. Во рамки на промоцијата на книгата и ликовната изложба, како што објави КИЦ Романса Македонска Каменица, авторката Климентина Соколовска пред присутните ќе говори за мотивите, инспирацијата за творење, желбата и за нејзините…
Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани. Од АМСМ информираат дека патниот правец за затворен за сообраќај. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), едно лице со сериозни повреди е префрлено во болница. РЦУК Штип, известува дека во 20:45 часот во с.Чифлик се случила сообраќајната незгода во помеѓу три патнички моторни возила. Сообраќајот на релација Штип -Кочани и Кочани – Штип е во целосен прекин и возилата се пренасочуваат по околните патишта. Едно лице се здобило со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите е пренесено во Клинички центар во Штип, соопштија од ЦУК. Фото: centar.mk
Советот на Општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб што требаше да го носи името на македонскиот поет Никола Вапцаров, наводно поради тоа што бил, како што велат од таму, „македонист“. Образложението во декларацијата на градскиот Совет гласи дека „Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации“ Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот. Вапцаров е поетски великан и социјалист (стрелан од фашистичката влада).
