Author: Media Point

Двете непоразени екипи во младинското кошаркарско првенството во М12 категорија (жени) приредија вистинска драма во меѓусебниот дуел одигран вчера во Делчево. Во трилер завршницата ЖКК Баскет Кам М12 успеа со 37:35 да слави против ЖКК Патриот Делчево. За огромната желба и мотивираност за победа во соседското дерби и изедначеноста по квалитет говорат и двете продолженија на натпреварот. Со вчерашната победа најмладата екипа на ЖКК Баскет Кам останува единствена непоразена екипа во категоријата. Кошаркарките од Македонска Каменица до 12 годишна возраст, како и сениорскиот тим на ЖКК Баскет Кам ќе презимат како есенски шампиони на Македонија.

ПОВЕЌЕ ...

Екипата од Македонска Каменица не ја одбрани титулата во сениорска конкуренција, но затоа триумфираше во Купот и Суперкупот на Македонија. И новата сезона ја почна извонредно, по првата полуетапа се наоѓа на првото место, единствена без ниеден пораз. Противкандидати на Баскет Кам за призннието за најдобра женска екипа во сениорски лиги беа шампионот Бадел и Вардар. Наградата ја прими претседателот на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица, Јордан Цветановски.

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, учениците од прва година присуствуваа на презентација на тема: „Петардите ги уништуваат празниците“. Координатор на активноста беше доктор Васка Гоцевска. – Целта на оваа кампања е да се запознаат и едуцираат учениците од средните училишта за ризикот од употребата на петарди и другите пиротехнички средства, да се подигне свестта за сериозноста на овој проблем и да се спречат сите несакани повреди предизвикани од нив, во новогодишниот период, – стои во соопштението од текстот објавен од СОУ “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица Оваа презентација е дел од кампањата под мотото „Петардите ги уништуваат празниците“, спроведена од Универзитетската Клиника за…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска официјално ќе биде пуштена во употреба делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани. На пуштањето во употреба, како што е најавено, ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

ПОВЕЌЕ ...

ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради отстранување на поранешен дефект на главната водоводна линија, во прекин е снабдувањето со вода во Суво Маало (над Цинкара). Екипите на ЈП Камена Река работат на санирање на дефектот, со што продолжува системското решавање на проблемите кои предизвикуваат постојани загуби на вода за пиење од водоводниот систем. Според добиените информации, станува збор за релативно краток прекин во снабдувањето со вода кој ќе трае од три до четири часа во текот на денешниот ден.

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва за влез во Македонија на граничниот премин Табановце се чека и по повеќе од три часа. На преминот се излезени голем број незадоволни патници, но и полицајци и цариници. Во тек е полициска акција во која се приведуваат полицајци и цариници, а нивните колеги се излезени во нивна одбрана. МВР за утре најавува повеќе детали. „Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваме заедничка акција на ГП Табановце. Утре ќе имаме детали“, е краткиот одговор од МВР. ОГЛАС: Се продава земјиште погодно за изградба на објекти за домување во Македонска Каменица Очевидци…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска во попладневните часови. триесетгодишниот К.Ј од Кочани се фрлил од круната на брана Гратче, во длабоката бетонска платформа. Се претпоставува дека се работи за самоубиство. Полициски службеници извршиле увид на лице место, при што било констатирано дека лицето починало веднаш по падот. За мотивите и причините допрва ќе се истражува. ОГЛАС: Се продава земјиште погодно за изградба на објекти за домување во Македонска Каменица

ПОВЕЌЕ ...

На 27. декември фудбалската федерација на Русија ќе донесе одлука дали ќе излезе од капата на УЕФА. Русија поради инвазијата во Украина е под санкции па руската репрезетнација како и руските клубови имаат забрана за настапи во ФИФА и УЕФА натпреварувањата. Доколку руската федерација се одлучи за ваков потег ќе остане под голем знак прашалник што ќе биде со рускиот фудбал во иднина, нешто за што е свесно и раководството на фудбалската федерација. ОГЛАС: Се продава земјиште погодно за изградба на објекти за домување во Македонска Каменица „Оваа одлука сигурно ќе влијае на тоа како рускиот фудбал ќе се развива…

ПОВЕЌЕ ...

Flightradar е популарна страна каде може да се следат авионските летови, сега може да го следите и движењето на санката на Дедо Мраз. Летот на „Дедо Мраз 1“ е со регистрација „ХО-ХО-ХО“, и тип на авион „санка“. Истиот полета од северниот пол, каде ќе се врати откако ќе разнесе пакетчиња низ цел свет. ОГЛАС: Се продава земјиште погодно за изградба на објекти за домување во Македонска Каменица Тој лета многу побрзо од останатите авиони, за да може неколку пати да се врати на Северниот пол, да земе подароци за да ги разнесува на децата. Содржината е преземена од lokalno.mk

ПОВЕЌЕ ...

Се продава земјиште во Македонска Каменица погодно за изградба на објекти за домување Земјиштето е со вкупна површина од 2500 м2, внатрешно поделено на 4 парцели (841/6; 841/7; 841/8; 841/9). Според вашите потреби за градба, парцелите се продаваат заедно или одделно. Земјиштето се наоѓа над Полициската станица во Македонска Каменица, во близина на Карадачко маало. Земјиштето има излез на земјен пат, кој на само 30 метри се вклучива на асфалтна улица. Има чист имотен лист и сите потребни услови за изградба на индивидуални објекти за домување. Цена по договор. Телефон за контакт: +389 70 525 861

ПОВЕЌЕ ...