Author: Media Point
Тешко им е на сите на кои во моментов им е потребен автомобил, бидејќи роковите за испорака се долги, пазарот за половни автомобили е празен, а преостанатите половни автомобили се скапи. Во исто време, ова е добро време за продавачите бидејќи секој што сака да го продаде своето половно возило и натаму може да заработи повеќе пари од било кога. Според моменталниот индекс на цената на половните автомобили “AutoScout24” (AGPI), купувачите на половни автомобили во Австрија мора да издвојат во просек 27.472 евра за половен автомобил. „На поскапувањата не им се гледа крајот. Пред пандемијата во август…
Фото: Игор Бансколиев Нов модел за субвенции во домашниот туризам кој наредните две до три години ќе генерира повеќе од половина милион ноќевања, предлага АППТ. Моделот базира на категоризација на сместувачките капацитети. Еден од предлозите на Агенцијата за да се достигне бројката од 500.000 до 700.000 ноќевања, е и К-15 на сите вработени во земјава да им се исплаќа како ваучер за одмор (сместување) во домашните туристички капацитети, а тие потоа да се пребиваат со данокот на добивка или некој друг данок. Целиот текст ОВДЕ
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне особено на северозапад ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со услови за пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Од пладневните часови краткотрајно ќе има услови за појава на пороен дожд. Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со повремено пороен дожд и грмежи, а во недела условите за нестабилност ќе се…
На Денот на независноста 8. Септември 2022 година, село Истибања добива “Мост на саканите”. Станува збор за мост на реката Брегалница, кој со себе носи историско значење, особено од периодот на Втората светска војна. Во непосредна близина на истиот се наоѓа и споменик на паднати борци во тој период од овој крај. Иницијативата на оваа идеја доаѓа од Стојко Митковски, долгогодишен работник од културата, кој родната Истибања ја промовира во рамки на Фолклорниот ансамбл “Китка”, организатор на најголемиот фолклорен настан во регионот и државата “Истибањско здравоживо”. Веќе е поставен првиот катанец, како симбол на љубовта помеѓу луѓето и љубовта кон…
Почина британската кралица Елизабета втора, објави Би-Би-Си. Веста прв ја пренесе британскиот јавен сервис, пренесувајќи изјава на Бакингемската палата. Како што беше објавено, британските власти имаа план „Операција Лондон бриџ“, во случај на смрт на кралицата. ОПЕРАЦИЈА ЛОНДОН БРИЏ: Британските власти имаат план Ден Д+10 во случај на смрт на кралицата Елизабета
По завршувањето на изградбата на новиот водоводен систем во должина од 2450 метри, со вкупен капацитет од задоволување на потребите кај 150 домаќинства од приградската населба Павлиш Дол, ЈП Камена Река продолжува со интензивни работни активности за изградба на секундарната водоводна мрежа. “Нашите екипи за комунални работи, интензивно работат на изградба на нови водоводни линии и приклучни станици, за вклучување во новоизградениот водоводен систем на домаќинствата од приградската населба Павлиш Дол во Македонска Каменица” – велат од ЈП Камена Река За овие градежни активности, особено важни за жителите на оваа приградска населба, градоначалникот Атанасовски повторувајќи ја заложбата на локалната самоуправа…
Починато лица утрово е пронајдено во кругот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, објави Курир. Според порталот станува збор за 30-годишно лице и засега не е позната причината за смртта. На теренот на увид се полициските екипи и работат на расчистување на случајот.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 2,00 денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари. За три денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисијата за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе изнесува 85,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС 98 е 88,00, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,00 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 94,50 денари. За 0,277 денари се намалува цената и на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 52,463 денари.
Вработените во јавниот сектор да работат од 9 до 15 часот, останатите два часа да има само дежурства, а јавните претпријатија да добиваат субвенционирана струја. На овој Владата треба да одговори на енергетската криза посочија денеска од Конфедерацијата на слободни синдикати каде членуваат вработените во државните институции и компании. Струјата која ќе биде заштедена од скратеното работно време синдикалците предлагаат да се пушти на индустриските капацитети. Целиот текст ОВДЕ Izvor: Alsat.Mk
Почитувани учесници во сообраќајот, Ве известуваме дека од ден 05.09.2022 година заради градежни активности регионалниот пат Штип-Кочани после село Тркање ќе биде затворен. Сообраќајот ќе биде пренасочен кон новоизградената девијација се до кружна раскрсница 1 пред Кочани и кружна раскрсница 2 кај хотел Национал. Пристапот кон бензиската пумпа Еко-Оил и фирмата Амфенол ќе биде обезбеден наизменично по лева или десна коловозна лента. Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот, намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост.
