Author: Media Point

10.05.2022 Македонска Каменица, Состанок на партнерите: Агенција за економски развој од Разлог, Еколошко друштво Здравец 2002 од Македонска Каменица и Шумарски институт од Софија во проектот ” Градење капацитет за одржливо користење на екосистемските услуги од страна на локалните заедници во планинските региони CAPLOCOM” Проектот е финансиран од: Преку граничната програма за соработка: Interreg – IPA CBC 2014-2020, помеѓу Р. Бугарија и Р.С. Македонија, број на договор: RD-02-29-68/05.03.2021

ПОВЕЌЕ ...

ГИ ПОДОБРУВАМЕ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ТППЕ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Општина Македонска Каменица, преку официјалниот налог на социјалните мрежи објави соопштение за јавност во кое се вели “дека започна реализацијата на даденото ветување за подобрување на условите за работа во сите локални институции и претпријатија”. Дека цврсто чекорат по тој пат, од општината дополнуваат “дека за потребите на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица е набавена нова неопходна опрема за гаснење на пожари во урбани и шумски средини”. Новата опрема се состои од: професионални ПП црева, грбни батериски прскалки, стабилни спојки, редуцир спојки, млазница без вентил, млазница со вентил, турбо млазница,…

ПОВЕЌЕ ...

По Сања Адамовска, вицешампионот „побогат“ за уште една одлична кошаркарка Она што го најавија во текот на вчерашниот ден, раководството на Баскет Кам 2011 го реализираа денеска, поврзано со трансфер на уште една кошаркарка со репрезентативен калибар. Ново име во ростерот за наредната натпреварувачка сезона во екипата од Македонска Каменица е Цветанка Димова (177см -1998 год). Довчерашната кошаркарка на нивниот главен ривал во битките за трофеите во изминатите две сезони, Бадел 1862, се обврза на едногодишен договор со актуелниот освојувач на Купот на Македонија. Со тоа Баскет Кам 2011 комплетираше одлична двојка на надворешните позиции во тимот, откако ден порано…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 14.06.2022 година – Општина Македонска Каменица објави вест, дека започнаа земјените работи за изградба на осветлувањето на Градскиот кеј на Каменичка Река. “Ова е еден од неколкуте големи проекти на кои работи Општина Македонска Каменица работи во овој период. Очекувањата се дека активностите ќе бидат комплетно завршени до крајот на август, – стои во соопштението од општина Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Веднаш по завршувањето на сезоната, вицешампионот доби големо, репрезентативно засилување Екипата на Баскет Кам 2011 ја загуби шампионската титула. Но раководството на клубот од Македонска Каменица ќе се обиде веднаш да го возврати ударот, и веќе во наредната натпреварувачка сезона да атакува и на трофејот во националниот шампионат кој сега е во витрините на нивниот голем ривал, екипата на Бадел 1862. Кон таа цел, направен е и првиот конкретен чекор, ангажирано е првото засилување. Раководниот тим на Баскет Кам 2011, постигна согласност и потпиша едногодишен договор со актуелнатга репрезентативка, Сања Адамовска. Во последните неколку сезони, 170. сантиметри високиот бек на нашата женска…

ПОВЕЌЕ ...

ЈП Камена Река ги информира граѓаните корисници на водоснабдителниот систем Суво Маало, дека настанатиот дефект на главната водоводна линија е саниран и состојбата со водоснабдувањето веќе е нормализирана.

ПОВЕЌЕ ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 111,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар. За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари. Се зголемува цената и на Мазутот М-1 НС за 0,809 денари и еден килограм ќе с епродава за 56,317 денари. Според Регулаторната комисија за енергетика, референтните цени…

ПОВЕЌЕ ...

За љубителите на играните и анимираните филмови, КИЦ Романса Македонска Каменица за следната недела најавува кинопроекција на филмови за деца, млади и возрасни. Во прилог распоред на кинопроекциите: • Вторник 14.Јуни 2022 година, 20:00 часот. Премиерно прикажување во Домот на култура на македонскиот игран филм Сестри во режија на Дина Дума. Влезница 100 денари. Филмот е наменет за 12+ годишна публика. • Неверојарната приказна за “Џиновската Круша”. Детски анимиран во четврток на 16. Јуни 2022 година со почеток од 19:00 часот. Влезница 70 денари. Анимираниот филм е наменет за 8+ годишна возраст. Билетите се пуштени во продажба,…

ПОВЕЌЕ ...

Поради изведување на градежни активности за поправка на поголем настанат дефект на главната водоводна линија, без вода за пиење од градскиот водоводен систем ќе бидат корисниците од Суво Маало во Македонска Каменица. Прекинот со водоснабдување на овој дел од градот, како што известуваат од ЈП КаменаРека, ќе биде во прекин се до поправката на настантиот дефект.

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА објави почеток на соработката со Kodex Group INC ЖФК Каменица САСА преку своите официјални налози на социјалните мрежи упати огромна Благодарност до Kodex Group INC Transportation во САД, за обезбедената нова опрема за сениорската екипа. “Добиената поддршка ќе ја насочиме кон системско надоградување на тимот и кон создавање на подобрени услови во нашиот клуб. Од името на раководството на клубот, стручниот штаб и сите членови фудбалерки, упатувам благодарност до Kodex Group INC за поддршката”, изјави Зоран Злстковски, претседател и тренер на Женскиот фудбалски клуб од Македонска Каменица, кој додаде дека “со ваквата поддршка клубот во наредните…

ПОВЕЌЕ ...