Author: Media Point

Комбинирана национална селекција од кошаркари родени 2007 и 2008 година, предводена од селекторот на кадетската машка репрезентација Александар Јованчев, ќе одигра пријателски двомеч против репрезентацијата до 16 години на соседна Грција. Во составот на мешаната македонска репрезентација ќе настапи и Матеј Митревски кој доаѓа од редовите на Баскет Кам од Македонска Каменица. Матеј Митревски има повеќегодишен стаж во репрезентациите на Македонија до 12 и 14 години, како и главна улога во играта на екипата на Баскет Кам до 16 години. Натпреварите против тимот на Грција ќе се одиграат во Солун, на 11. и на 12. Април 2023 година. Подготовките за…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03. Април 2023 година – Вчера, на 03. Април во Домот на култура во просториите на библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица се одржа општински натпревар „Млади Библиотекари 2023″. Библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица функционира како библиотека клон на ЈЛБ “Илинден” во Делчево. – Натпреварот, со времетрање од 60 минути, започна во 12:00 часот. Прашалникот, за младите библиотекари се состои од 20 прашања. На натпреварот учествуваа 8 ученици при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, – изјавуваат од Крсте Петков Мисирков во Македонска Каменица Ментори на учениците учесници во натпреварот Млади библиотекари беа…

ПОВЕЌЕ ...

Поради настанат поголем дефект на 10 кВ далновод во 18:19 часот, во прекин е снабдувањето со електрична енергија во одредени делови на Македонска Каменица Според информациите кои ги добивме од контакт центарот на ЕВН, нивните екипите веќе се на терен и работат на отстранување на дефектот. Од таму информираат дека станува збор за поголем дефект на 10 кВ мрежа. Немаат конкретна информација за потребното време за санација на дефектот и времето потребно за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Она што во моментот го знаеме е дека, без електрична енергија се домаќинствата на улиците Езерска, делови од Осоговска и Каменичка,…

ПОВЕЌЕ ...

На 02.04.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 21 прекршоци, од кои 14 во населено место и 7 надвор од населено место. На 01/02.04. во периодот од 22.00 до 04.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 13 возачи. Санкционирани биле и 9 други видови на прекршоци, од кои, 2 за управување возило без возачка дозвола, 3 за возач почетник, 1 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно и 2 за…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на Младинската женска фудбалска лига на Македонија, во Скопје се сретнаа екипите на ЖФК ССК Скопје и ЖФК Каменица САСА. Натпревар кој гостинките од Македонска Каменица го добија со резултат од 2:0. Стрелци на головите за ЖФК Каменица САСА беа Стефи Веселинова и Јована Петрушевска. – Нова победа за нашата младинска екипа, која одигра фантастичен натпревар против домакините од Скопје и стигна до нови три бода, – истакна Зоран Златковски, додавајќи само зборови за поддршка и пофалби за играта на младинките #ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

ПОВЕЌЕ ...

На петтиот државен натпревар по роботика во рамките на Лего лигата на Македонија, што се одржа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, најуспешна беше екипата од СОУ „Ѓошо Викентиев“ од Кочани, во конкуренција на осум екипи од Кочани, Скопје и Тетово. Младите кочанчани од ова училиште како државни прваци и севкупни победници во Лего лигата стекнаа право да ја претставуваат Македонија на Светското првенство по роботика, кое од 18 до 21 мај ќе се одржи во Мароко. Доделени се уште четири награди: Стем академија од Скопје е победник во категоријата роботска игра, Кемал колеџ од Тетово во категоријата иновативен проект, Робо од Кочани во категоријата дизајн на робот, а Кемал колеџ од Скопје во категоријата основни вредности.…

ПОВЕЌЕ ...

Поради сообраќајна несреќа кај месноста Попов Мост, отежнат е сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево. На местото на несреќата во моментот полициски екипи вршат увид, а оттаму информираат дека до несреќата дошло откако автомобил Ауди се забил во неосветлен трактор. Според првичните информации во сообраќајната несреќа нема повредени лица. Повеќе информации за причината за несреќата од полицијата најавија во текот на наредниот ден.

ПОВЕЌЕ ...

Повисоки плати за функционерите – луксуз во време на криза Бројни реакции по одлуката на Уставниот суд: претседателот Стево Пендаровски бара да се стопира зголемувањето на платите на функционерите, Муцунски најави дека ќе ги донира средствата. ПОЛИТИКАСЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Повисоки плати за функционерите – луксуз во време на криза ДТЗ пред 50 минутипред 50 минути Бројни реакции по одлуката на Уставниот суд: претседателот Стево Пендаровски бара да се стопира зголемувањето на платите на функционерите, Муцунски најави дека ќе ги донира средствата. https://p.dw.com/p/4PWZJ РЕКЛАМА Судиите се „почестија“ себе си и останатите функционери со повисоки плати, предизвикувајќи бројни реакции и незадоволство во јавноста. Додека здравствените…

ПОВЕЌЕ ...

Денес во 16.21 часот повторно се стресе Штип. Земјотрес зо јачина од 3 степени е регистриран на четири километри од Штип. Пред неколку дена со ист интензитет имаше уште еден земјотрес.

ПОВЕЌЕ ...

Зибери ќе се фати во костец со присилната наплата и со брзите кредити кои ги „дерат” граѓаните За да има јавноста јасна претстава за што зборувам, ќе илустрирам со еден пример. За земен кредит од 9.000 денари, за доцнење со неговата исплата, навистина како во рекламите, не се наплаќа камата, меѓутоа се наплаќаат огромни трошоци. Така, за конкретниот пример, на име достасан надоместок наплатени се 2.026 денари, за надоместок за доцнење дури 58.846 денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомена од 5.900 денари, долгот достигнува сума од 75.772 денари, што е  износ за осум пати…

ПОВЕЌЕ ...