Author: Media Point
Македонска Каменица, 06. Април 2023 година – Како што објави Шаховскиот клуб “Каменица САСА” од Македонска Каменица, на првиот тренинг од шаховската школа учествуваа десетина деца. – За наша радост, на шаховската покрај децата од Македонска Каменица, учествуваа и деца од соседно Делчево. Децата, на првиот тренинг, имаа можност за многу забава, радост и мудри шаховски потези, – стои во објавата од Шаховскиот клуб во Македонска Каменица Најдобрите деца од нашата школа, велат од ШК Каменица САСА, оваа година ќе учествуваат на официјалното државното првенство во организација на Шаховската федерација на Македонија.
Доцна синоќа полицијата уапсила 27-годишно момче од Пехчево во угостителски објект во центарот на Скопје, поради агресивно однесување кон полицајците, но и кон другите гости и вработените, на кои им барал да се легитимираат, лажно претставувајќи се како полицаец, соопшти МВР. „На 06.04.2023 во 01.30 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле П.Ѓ.(27) од Пехчево, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, a претходно агресивно се однесувал кон присутните во објектот, лажно се претставувал и барал од гостите и вработените да се легитимираат“, пишува во полициското…
На 05.04.2023 во 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Д.Р.(36) од Делчево затоа што околу 20.40 часот во семејниот дом на неговата сестра физички ја нападнал нивната мајка, која била со нарушена здравствена состојба. По комплетирање на случајот против Д.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. На 05.04.2023 во 13.30 часот во ОВР Кочани, В.М.(26) од с.Владевци, струмичко, пријавил дека околу 09.45 часот на Градската депонија во Кочани над с.Бели – патот кон ,,Пониква“, едно лице му се заканило со пиштол. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.…
Возило во движење синоќа по 19:20 часот се запалило на во СВР Штип на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на селото Крупиште. Според пријавата во СВР Штип, настанал пожар во патничко моторно возило „цитроен ц4 пикасо“ во движење, а управувано од Н.М.(42) од Штип. -Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема, соопшти штипската полиција, која направила увид. Лишен е од слобода возач на патничко моторно возило „фолксваген транспортер“, кој синоќа во 21.30 часот на регионалниот пат Делчево-Виница, во близина на Пекланска крстосница, на место викано .„Трло“, превезувал патници без соодветна документација.
Утре е Благовец (Благовештение) – Нека е за многу години, за здравје и спасение! Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка. Таков е и овој празник Благовештение. Со право го сметаат и за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи Господ Исус Христос се воплотил – зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка. Благовештението е истоименито со Евангелието. Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се нарекува на грчки јазик: Евангелизмос, а на старомакедонски црковно-словенски јазик: Благовештение. Составено е од два…
ГРАДЕЖНИОТ БУМ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗАПОЧНУВА ОД ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА Македонска Каменица, 06. Април 2023 година – Од Општина Македонска Каменица најавуваат дека започнуваат со градежна офанзива, која пред се ќе биде насочена кон одржлив развој на градот и руралните средини. – Еден од врвните приоритети е сериозно инвестирање во Индустриската зона преку градење на соодветна инфраструктура. Денес е објавен Оглас за јавна набавка и очекувањата се дека овој проект ќе биде финализиран до почетокот на месец септември, – истакна градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски Проценета вредност на проектот без ДДВ изнесува 9.129.589,00 денари.
Тренажниот процес во ФК Каменица Саса ќе го водат тенери од Македонска Каменица Македонска Каменица, 06.04.2023 година – По прекинот на соработката помеѓу ФК Каменица Саса и досегашниот тренер Љупчо Димитковски – Гањо, на одржаните состаноци на Собранието и Управниот одбор на клубот, донесена е одлука до завршувањето на натпреварувачката сезона клубот да продолжи да работи со тренерите Сашко Мицевски, Дејан Јаневски и Стојче Анакиевски како тренер на голмани. Станува збор за тренери од Македонска Каменица, кои и досега беа ангажирани во спроведувањето на тренажниот процес во клубот. Сите се поранешни фудбалери и тренери на ФК Каменица Саса, со…
Македонска Каменица, 05. Април 2023 – Вчера, во Спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, со почеток од 18:00 часот, започна Турнирот во мал фудбал Рудник САСА 2023. Во пријатна спортска атмосфера и преполни трибини, вработените во Рудник САСА, одиграа четири ефективни и интересни натпревари во рамки на 1. коло од турнирот. Администрација со 5:3 беше поуспешна од САСА Транзициони проекти, Машинско со 2:1 ја совлада екипата Рудник. 4:2 беа доволни за убедлива победа на Флотација над екипата на Хоризонт 910, а без победник и без постигнати голови, заврши натпреварот помеѓу минатогодишниот победник екипата на Електро и Хоризонт…
АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТВАРААТ СМС ПОРАКИ КОИ ПОВИКУВААТ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРИЈАВА ОД УЈП Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https: ujp-gov.mk/potvrda. ГРАЃАНИ, НИКАКО НЕ ОТВАРАЈТЕ ЈА ОВАА ЛАЖНА ВЕБ СТРАНИЦА, БИДЕЈЌИ ОД ВАС БАРА ДА ПОПОЛНИТЕ ПОЛИЊА СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, ПОДАТОЦИ ОД ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА, И ДА ПРИКАЧИТЕ СЛИКА ОД ВАШАТА ЛИЧНА КАРТА. Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница може да предизвика нивна злоупотреба. Веб страница е лажна, не e во сопственост на Управата за јавни…
Љупчо Димитковски – Гањо, не е веќе шеф на струката на второлигашот Каменица Саса. Тој се раздели со клубот каде што беше прв тренер веќе шест месеци, поточно од септември минатата година кога го наследи Варадиновски на клупата на тимот од Македонска Каменица. Во моментов тимот на Каменица Саса се наоѓа на 13.место на табелата во Втората лига на Македонија. Да потсетиме дека Димитковски во минатото беше тренер и на Тиквеш, Хоризонт Т, Детонит и други клубови.
