Author: Media Point
Кочанец на туѓо име нарачал над 30 производи од 20 фирми, регистрирал и 4 мобилни броеви СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С. (37) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во временски период од 03.10.2022 до 21.11.2022 пријавениот, без знаење и дозвола на П.Д. од Штип, ги обезбедил и искористил неговите лични податоци и телефонски број и извршил онлајн нарачки на разни производи од 20 правни лица на 34 производи, кои од негова страна не се подигнати. Покрај ова пријавениот, повеќе пати се обидел во име на оштетениот да се регистрира на…
Првоаприлски маскенбал на дечињата од “Бамби” на 31. Март во петок! Дојдете да ги поздравиме дечињата! По повод Светскиот ден на шегата, во петок на 31. Март од 10:00 часот, започнува традиционалниот Првоаприлски маскенбал на дечињата во детската градинка “Бамби”. За маскираните дечиња е планирано дефиле под маски со многу музика, забава и дружба долж улиците во централното градско подрачје. Централниот дел од дефилето под маски ќе биде на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. (MediaPoint ќе присуствува на настанот, каде заедно со дечињата ќе го изработиме најшареното и највесело видео по повод Меѓународниот ден на шегата и детската смеа) Дојдете…
Старо новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ го објави и списокот на членови на новиот Управен одбор. Во наредиот четиригодишен период во работата на федерацијата ќе помагаат: Димитар Ефтимовски како потпретседател, потоа Ѓорѓе Војновиќ, Илија Мерџановски, Владимир Арсовски, Блаже Костадинов, Игор Мицевски, Алтин Малиќи, Аднан Шариќ, Амир Абед, Слободан Трајковски, Виктор Петрушевски, Бранислав Стојановски, Мустафа Ливарека. Членови на ова тело се и Стојмир Дејановски, како претставник на Прва лига-мажи и Јордан Цветановски, претставник на Прва лига-жени. Исто така, во новиот Управен одбор влегуваат Енвер Мифтари, претставник на Втора лига-мажи, Владимир Огњановски, претставник на Младинските лиги, и Александар Јончевски, претставник…
На 25.03.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Делчево, 20-годишна девојка пријавила дека М.З.(23) од Делчево, со кого претходно била во љубовна врска, ја уценувал и ѝ се заканувал дека ќе објави експлицитни видео материјали кои ги имал направено додека биле заедно. По комплетирање на случајот против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава. Извор: Билтен на МВР
БЕКТЕШИ НАЈАВИ ЕВТИНА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈА ОД ПРВИ ЈУЛИ Време зa читање: Можно е граѓаните повторно да користат евтина дневна тарифа на струја, и тоа од први јули. Владата и регулаторите работат на тоа, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши. „Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од први јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори, каде пиковите главно се преку ден“, рече тој. И, додаде, би можело да има вишок на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај до октомври.…
Денеска, со почеток од 10:30 часот во Културно Информативниот Центар “Романса” се одржа јавен консултативен процес со граѓаните на Општина Македонска Каменица, каде беше претставен проектот „Одржлив економски развој на Македонска Каменица“, имплементиран од PrimePoint Partners. На настанот присуствуваа повеќе од 50 претставници на локалното население, владини и невладини институции, локални претпријатија, земјоделци, занаетчии, претставници на образовните и научните институции кои, ги споделија своите идеи за проекти за долгорочен развој на општината. Програмата, како што истканаа од PrimePoint Partners, има за цел да поттикне креирање на бизниси во нови сектори преку нивна поддршка во форма на едукација и бизнис советување,…
Земјотрес со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во 2:41 часот на 72 километри источно од Скопје. Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе-Штип и е почувствуван од населението во Штип и околината.
Културно-информативниот центар”Романса ”Македонска Каменица распишува ликовен и литературен конкурс на тема ”Чекориме по патеката на мирот”. Конкурсите се распишуваат во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Средното општинско училиште во Македонска Каменица кое го носи името на херојот од нашиот град, Миле Јаневски Џингар. Право на учество на ликовниот и литературниот конкурс имаат учениците од прва до четврта година при СОУ ”Миле Јаневски-Џингар”од Македонска Каменица. Учениците може да учествуваат со изработка: цртежи, слики, скулптури и литературни дела. Бројот на ликовни и литературни дела за учество не е ограничен. Најдобрите дела ке бидат наградени со вредносни ваучери: • Прва…
🚘 Се продава 𝙊𝙋𝙀𝙇 𝘼𝙎𝙏𝙍𝘼 1.9 𝘾𝘿𝙏𝙄 🚘 📌 Возилото е во многу добра состојба. Носи мотор на Fiat. Произведено во 2006 година. 📌 Регистрирано е до 14.03.2024 година 🇲🇰 📌 Од опрема поседува алуминиумски бандажи, електрика на ретровизори и прозори, клима, команди на волан и останата стандард опрема за овој модел. Сменето масло во мотор со сите филтри. 📌 Возилото, неодамна е увезено од Италија 🇮🇹 ✅ Цена по договор 🚗 📲 Контакт телефон: +38970351580 * За повеќе информации за возилото кликнете на фотографијата подолу ⬇️⬇️⬇️ https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4455403 (Маркетинг објава)
Македонска Каменица, 27. Март 2023 година – По повод Меѓународниот ден на театарот, денеска во детската градинка “Бамби” во Македонска Каменица беше прикажана детската театарска претстава Љубопитната принцеза. Во театарската претстава учествуваа Владо Дојчиноски, Пируника Киселички, Дубравка Киселички и Давид Илиќ. Драматуршката и сценската адаптација на претставата е направена од Шенка Колозова. За да ја погледнете фотогалеријата од денешната театарска претстава кликнете на фотографијата подолу
