Author: Media Point
Дефанзивецот на турскиот прволигаш Демирспор, Јован Манев родум од Кочани, е пред шанса да дебитира за сениорската репрезентација на Македонија, откако дополнително беше повикан за настап на понеделничкиот пријателски дуел против Фарски острови. Тој треба да ја пополни празнината на стопрската линија по заминувањето на Муслиу и повредата на Зајков. „Среќен сум што добив покана од селекторот и ќе се потрудам во првата средба за А-селекцијата да ја оправдам довербата. За мене ова е исполнување на сонот. Сега е време да се докажам и во најдобрата македонска селекција“, изјави Манев за „Штипски асови“. Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови…
Македонска Каменица, – Во среда, на 29. Март, со почеток од 10:30 часот, во просториите од Домот на култура во Македонска Каменица ќе биде одржан настан по повод вклучување на жителите на Македонска Каменица во процесот на градење на програмата за одржлив економски развој. На настанот ќе бидат бидат преставени потенцијалите на општината за развој на бизниси од областа на земјоделството и туризмот, кои би можеле да бидат поддржани во следните фази на проектот. Програмата има за цел да поттикне креирање на бизниси во нови сектори преку нивна поддршка во форма на едукација и бизнис советување, пристап до финансии и…
Делчево, 27. Март 2023 година – СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ж. (63) од с.Тработивиште, делчевско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. – На 19.02.2023 околу 14.00 часот во дворното место на нејзината семејна куќа во с.Тработивиште, 63 годишната М.Ж. предизвикала пожар, кој поради ветрот се проширил во околината на имотите и дворовите на соседите. Била опожарена површина од околу 1,5 хектари, а биле доведени во опасност и куќи на соседите. Извор: Билтен на МВР
Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија во Домот на култура во Македонска Каменица Во организација на КИЦ Романса Македонска Каменица, минатиот петок беше отворена изложбата на дела изработени во рамки на Лесновската ликовна колонија 2022. Отворањето на ликовната изложба беше со почеток од 12:30 часот, во фоајето од Домот на култура во нашиот град. Изложбата пред присутните каменичани ја отвори Сандра Мијалковска, директорка на Домот на култура “Злетовски рудар” од Пробиштип. Далечната 1992 година започнува приказната наречена ,,Лесновска ликовна колонија“. Од тогаш, до денес Ликовната колонија прераснува во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег на Пробиштип. Стотици…
Македонска Каменица беше домаќин на Седница на Советот за развој на Источен плански регион Македонска Каменица, 27. Март 2023 година – Денеска, во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица се одржа десеттата Седница на Советот за развој на Источен плански регион. – На седницата се усвоија годишните извештаи за работењето на Центарот и за спроведувањето на Програмата за развој на Источен плански регион за 2022 година, – стои во објавата за денешниот настан од Општина Македонска Каменица Исто така, како што стои во соопштението за јавност од градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, беа усвоени и завршните…
ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ДО НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ, СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ И ДРУГИ ФОРМИ НА ЗДРУЖУВАЊЕ – КОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА ЗА 2022 ГОДИНА Општина Македонска Каменица упати Јавен повик до невладините организации, здруженија на граѓани и фондации, спортски клубови, како и други форми на здружување – корисници на средства од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2022 година да достават финансиски извештај за искористените средства кој, како што стои во текстот од Јавниот повик, треба да содржи неколку задолжителни делови: Наративен дел – Во наративниот дел корисниците на средства потребно е да ги опишат реализираните активности…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе започне да дува силен ветер од северен правец кој ќе продолжи и во текот на ноќта што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминуваат во слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде…
Масовна тепачка на ракометното дерби Вардар – Пелистер кое во моментов е прекинато во скопската сала „Јане Сандански“. Големото дерби ја исполни салата буквално до последно место, па игла нема кај да падне во пресметката на Вардар и Пелистер за тронот. Пет минути по почетокот на мечот, во салата беа пуштени навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ и почаа на сите страни да „летаат“ димни бомбу и столчиња. Полицијата не можеше да ги раздвои двете групи. Натреварот беше прекинат кога димните бомби почнаа да паѓаат на теренот. Извор: republika.mk
На 25.03.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Виница од ЈЗУ Здравствен дом Виница било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(48) од Кочани со тешки телесни повреди. Имено, околу 12.40 часот на регионалниот пат Виница-с.Лески се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Б.С. и мотоцикл управуван од возач кој го напуштил местото на настанот. По превземени мерки бил пронајден мотоциклистот и било утврдено дека станува збор за Р.С.(29) од с.Лески-виничко. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.
Андреј Врабчев, кој е кандидатот за пратеник од граѓанската квота на коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија на претстојните избори на 2 април, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 ја претстави неговата идеја за изградба на нова брза пруга со Македонија. Врабчев предлага железничко поврзување меѓу Благоевград и Кочани, која би била централна артерија, а со оваа пруга и сите околни градови. -Линијата Благоевград – Кочани ја дополнува линијата Ќустендил – Ѓуешево и има огромен потенцијал да го врати регионот во крстопат. Има конкурентска предност е што сврзува многу населени мести, додека линијата Куманово – Ќустендил тоа не може…
