Author: Media Point

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во семејна куќа во Виница, во сопственост на неговиот дедо, осомничениот кочанец држел наркотична дрога марихуана и психотропна супстанца метамфетамин. Најголемиот дел од дрогата ја криел во барабанот на мешалка за бетон поставена пред влезната врата во подрумските простории на куќата. Во неколку наврати  дрогата неовластено им ја продавал на зависници од Виница.

ПОВЕЌЕ ...

ПРОНАЈДЕНИ ЧОВЕЧКИ КОСКИ И ОБЛЕКА ВО КОЧАНСКИ ДОЛ КАЈ ОРИЗАРИ 20.03.2023 – Жител на кочанската населба Оризари вчера претпладне, додека изведувал земјоделски активности на својот имот, забележал остатоци од облека и човечки коски, по што веднаш ја известил Полицијата. Од СВР – Штип го потврдуваат настанот, но не соопштуваат дали се работи за остатоци од постар датум. -На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР – Кочани било пријавено дека во нива на место викано Кочански Дол биле пронајдени човечки коски, облека и обувки. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни – Кочани. По…

ПОВЕЌЕ ...

На 18.03 2023 во 22.25 часот во СВР Штип, 48 – годишна жена пријавила дека пред околу три месеци, С.М.(32) од Теранци, општина Чешиново-Облешево ја вознемирувал преку социјалните мрежи за да биде во љубовна врска со него. Според пријавеното, на 17.03 2023 во дворното место на ЈЗУ Здравствен дом Виница, С.М. и го земал мобилниот телефон и го скршил, а истото го направил и на 18.03 2023 околу 20.00 часот пред семејниот дом во Виница. За случајот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, информираат од СВР Штип.

ПОВЕЌЕ ...

Скопски ЖКК Вардар нема рецепт за победа против ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица Во рамки на 14. Коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија, во Скопје со почеток од 17:00 часот, се сретнаа екипите на ЖКК Вардар и ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица. Натпреварот заврши со 65:73 во корист на екипата од Македонска Каменица. Резултат по четвртини: 26-26, 19-14, 17-18, 3-15. Разиграната Сања Адамовска беше најкорисен играч во редовите на Баскет Кам со 16 поени, 14 скокови и 6 асистенции (индекс 31). Со по 17 постигнати поени ја следеа, секогаш одличните Елена Тасевска и Марија Николов.…

ПОВЕЌЕ ...

Започнуваат натпреварите во футсал за вработените во Рудник САСА Македонска Каменица, 17. Март 2023 година – Денеска, во просториите на Рудник САСА, во присуство на претставници од сите 9 пријавени екипи, беше извршена ждрепка за претстојниот турнир во футсал. Натпреварите, како и минатата година, ќе се одиграат во Спортската сала “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица. Распоредот со термини од натпреварувањето и почетокот на турнирот дополнително ќе бидат објавени. Оваа година ќе се натпреваруваат екипите на: Флотација, Машинско одржување, Хоризонт 990, Администрација, Саса – Транзициони проекти, Електро одржување, Рудник, Хоризонт 910 и екипата на Технички служби Зголемениот интерес за…

ПОВЕЌЕ ...

Велешанка која е лице со посебни потреби, при паркирање на своето возило кое имало лепенка дека е за инвалидни лица, на место наменето за оваа категорија граѓани, од страна на вработените во ЈП „Градски Паркинг“ не само што уредно си го платила паркингот, туку и заработила блокатор на едно од тркалата, само затоа што била од друг град. Еве што напиша таа на својот Фејсбук профил: „Денес сум толку изреволтирана,толку дискриминирана,толку очајна што воопшто живеам во оваа наша никаква државичка,ај да кажам и зошто. И покрај сите предизвици и спрепки што ми ги нанел и нанесува животот,наместо ова наше…

ПОВЕЌЕ ...

Сите видови на осигурување никогаш поблиску до Вас – Сава Осигурување Македонска Каменица Канцеларијата на Сава – Осигурување се наоѓа на главната улица во Македонска Каменица, веднаш спроти Поштата. Кај нас можете, брзо и едноставно да ги регулирате законските обврски за регистрација на вашето возило. Да добиете зелен картон за вашето возило и патничко осигурување за вас и вашето семејство при патување во странство. Имајте сигурност на вашиот дом и имоти преку широкиот опус на поволности кои ги нудиме во областа на домаќинското осигурување. За олеснет процес на регистрирација на возила нудиме полиса за автоодговорност на рати. Полисата веднаш ја…

ПОВЕЌЕ ...

22-годишно момче од Кочани е приведено во полиција откако во неговиот дом биле пронајдени две ќеси со марихуана. Од полицијата информираат дека уапсениот П.Ѓ. е задржан во полициска станица и дека за случајот е известен јавен обвинител. „Денеска (15.03.2023) полициски службеници од СВР Штип-ОВР Виница лишен е од слобода П.Ѓ.(22) од Кочани. При претрес во дом и други простории во Виница, каде што тој престојува, извршен со наредба од Основен суд Виница, пронајдени се и одземени две ќеси со марихуана, бела прашкаста материја, дробилка, дигитална вага, предмети со остатоци од прашкаста материја и поголем износ на пари“, велат од МВР.

ПОВЕЌЕ ...

Бесплатни гинеколошки прегледи во Македонска Каменица Во општина Македонска Каменица од 20.03.2023 година започнува со работа мобилната гинеколошка амбуланта во паркот кај Дом на културата во Македонска Каменица. Ќе се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места во општината, со цел превенција од рак на грлото на матката. – За бесплатен ПАП тест заинтересираните жени можат да се пријават на телефонските броеви +389 33 412 010 и +389 70 254 650, а термините за преглед се секој работен ден со почеток од 10 часот, – стои во соопштението од текстот, упатено до нас, од Црвен Крст – Делчево…

ПОВЕЌЕ ...

На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани. Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со експлицитна содржина. Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лап топ компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава. СВР -ШТИП

ПОВЕЌЕ ...