Author: Media Point

Денеска, учениците од прва година присуствуваа на презентација на тема: „Петардите ги уништуваат празниците“. Координатор на активноста беше доктор Васка Гоцевска. – Целта на оваа кампања е да се запознаат и едуцираат учениците од средните училишта за ризикот од употребата на петарди и другите пиротехнички средства, да се подигне свестта за сериозноста на овој проблем и да се спречат сите несакани повреди предизвикани од нив, во новогодишниот период, – стои во соопштението од текстот објавен од СОУ “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица Оваа презентација е дел од кампањата под мотото „Петардите ги уништуваат празниците“, спроведена од Универзитетската Клиника за…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска официјално ќе биде пуштена во употреба делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани. На пуштањето во употреба, како што е најавено, ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

ПОВЕЌЕ ...

ЈП Камена Река ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради отстранување на поранешен дефект на главната водоводна линија, во прекин е снабдувањето со вода во Суво Маало (над Цинкара). Екипите на ЈП Камена Река работат на санирање на дефектот, со што продолжува системското решавање на проблемите кои предизвикуваат постојани загуби на вода за пиење од водоводниот систем. Според добиените информации, станува збор за релативно краток прекин во снабдувањето со вода кој ќе трае од три до четири часа во текот на денешниот ден.

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва за влез во Македонија на граничниот премин Табановце се чека и по повеќе од три часа. На преминот се излезени голем број незадоволни патници, но и полицајци и цариници. Во тек е полициска акција во која се приведуваат полицајци и цариници, а нивните колеги се излезени во нивна одбрана. МВР за утре најавува повеќе детали. „Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваме заедничка акција на ГП Табановце. Утре ќе имаме детали“, е краткиот одговор од МВР. ОГЛАС: Се продава земјиште погодно за изградба на објекти за домување во Македонска Каменица Очевидци…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска во попладневните часови. триесетгодишниот К.Ј од Кочани се фрлил од круната на брана Гратче, во длабоката бетонска платформа. Се претпоставува дека се работи за самоубиство. Полициски службеници извршиле увид на лице место, при што било констатирано дека лицето починало веднаш по падот. За мотивите и причините допрва ќе се истражува. ОГЛАС: Се продава земјиште погодно за изградба на објекти за домување во Македонска Каменица

ПОВЕЌЕ ...

На 27. декември фудбалската федерација на Русија ќе донесе одлука дали ќе излезе од капата на УЕФА. Русија поради инвазијата во Украина е под санкции па руската репрезетнација како и руските клубови имаат забрана за настапи во ФИФА и УЕФА натпреварувањата. Доколку руската федерација се одлучи за ваков потег ќе остане под голем знак прашалник што ќе биде со рускиот фудбал во иднина, нешто за што е свесно и раководството на фудбалската федерација. ОГЛАС: Се продава земјиште погодно за изградба на објекти за домување во Македонска Каменица „Оваа одлука сигурно ќе влијае на тоа како рускиот фудбал ќе се развива…

ПОВЕЌЕ ...

Flightradar е популарна страна каде може да се следат авионските летови, сега може да го следите и движењето на санката на Дедо Мраз. Летот на „Дедо Мраз 1“ е со регистрација „ХО-ХО-ХО“, и тип на авион „санка“. Истиот полета од северниот пол, каде ќе се врати откако ќе разнесе пакетчиња низ цел свет. ОГЛАС: Се продава земјиште погодно за изградба на објекти за домување во Македонска Каменица Тој лета многу побрзо од останатите авиони, за да може неколку пати да се врати на Северниот пол, да земе подароци за да ги разнесува на децата. Содржината е преземена од lokalno.mk

ПОВЕЌЕ ...

Се продава земјиште во Македонска Каменица погодно за изградба на објекти за домување Земјиштето е со вкупна површина од 2500 м2, внатрешно поделено на 4 парцели (841/6; 841/7; 841/8; 841/9). Според вашите потреби за градба, парцелите се продаваат заедно или одделно. Земјиштето се наоѓа над Полициската станица во Македонска Каменица, во близина на Карадачко маало. Земјиштето има излез на земјен пат, кој на само 30 метри се вклучива на асфалтна улица. Има чист имотен лист и сите потребни услови за изградба на индивидуални објекти за домување. Цена по договор. Телефон за контакт: +389 70 525 861

ПОВЕЌЕ ...

Нов скандал ја “тресе“ кочанската болница. Семејство кое 50 години живее во Канада, за празниците дошло во Македонија, но наместо празнична атмосфера, преживуваат голгота. “Оставете број, ќе ви се јавиме ако умре”, со овие зборови биле “примени” Фредерика и нејзиното семејство во болницата во Кочани, каде моментално е сместен сопругот на Фредерика, пренесува ТВ24. Таа тврди дека немаат информација за тоа каква е состојбата на пациентот и дека нејзиниот сопруг е сместен на интерното одделение во кочанската болница, каде со возило на брзата помош бил префрлен во понеделникот. Кога успеале да го видат, глетката била страшна. „Пациентот претходно имал проблеми со…

ПОВЕЌЕ ...

ОВР Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани, ќе поднесе кривична пријава против С.А.(41) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член  394 – г од Кривичниот законик. Според пријавеното, во текот на 2022 година, на социјалната мрежа фејсбук таа објавувала содржини со кои повикувала на омраза. Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица.

ПОВЕЌЕ ...