Author: Media Point
Семејството Улас е единствено по тоа што одат на сите четири, а одењето им е исто како на мајмуни. Уште повпечатливо, нивниот модел на одење никогаш не бил забележан кај анатомски недопрени возрасни лица. Одењето на сите четири е многу голем напор и се смета за неподносливо на долги растојанија, но само така можат да се движат браќата и сестрите Улас. Курдско семејство од Турција стана многу популарно кога Би-Би-Си сними документарен филм за нив. Семејството било откриено кога на виделина излегле документите на турските научници, а научниците ширум светот биле фасцинирани од начинот на кој оделе членовите на семејството…
СЕ ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ НА АТРАКТИВНА ЛОКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Деловниот објект има површина од 50 m², надворешен дел (тераса) од 40 m² и магацински простор од 20m². Објектот се наоѓа на главната улица во центарот на Македонска Каменица (поранешно Балкан Лукс). Објектот ја има најфрекфентната локација во градот, погодна за вршење на повеќе видови на угостителски, трговски и други дејности. Цена по договор. Телефон за контакт: + 389 71 252 649; +389 71 831 797;
Поради сообраќајна незгода, затворен е експресниот пат од Штип до Кочани, поточно од клучка Три Чешми до клучка Пробиштип.
Вчера околу 11 часот пријавено е дека на магистралниот пат А-3 кај село Очипала, делчевско од трактор со полуприколка, управуван од И.П.(44) од с.Очипала, додека тракторот се движел по патот, сопатникот во полуприколката Љ.П.(72) од с.Очипала паднал на коловозот. Љ.П. се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде му е укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Делчево. Izvor: mkd.mk
Санките на Дедо Мраз веќе се наполнети со подароци и елените се во хангар во очекување на дозвола за полетување, па додека ние ги броиме деновите до пристигнувањето на добриот старец, ви нудиме неколку интересни факти за него… Називите Санта Клаус и Дедо Мраз не биле синоними до XVI век; Во најраните фотографии Дедо Мраз носи зелена наметка; Потеклото на Санта Клаус е вкоренето во холандските приказни за Синтерклас (Свети Никола); Холанѓаните сè уште го одбележуваат денот на светителот и разменуваат божиќни подароци на 6 декември; Потеклото на Дедо Мраз доаѓа од средновековни приказни во кои тој подарил подарок за…
Сметан за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Пеле помина две децении на фудбалските терени како најдобар стрелец на бразилскиот клуб Сантос и на бразилската репрезентација. Пеле, бразилскиот крал на фудбалот кој освои рекордни три титули на светските првенства и стана еден од најпопуларните спортисти на 20. век, почина денеска на 82 години. Легендарниот фудбалер се лекуваше од рак на дебелото црево од 2021 година, а изминатиот месец го помина во болница поради компликации. Смртта ја потврди неговиот агент Џои Фрага. Сметан за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Пеле помина две децении на фудбалските терени како најдобар…
Македонска Каменица, 30.12.2022 година – Техничарите за дизајн на облека во четврта година при СОУ “Миле Јаневски Џингар” во соработка со ДООЕЛ “Текстил-М” од Македонска Каменица изработија марами за вработените во училиштето. Со тоа, учениците кои посетуваат практична настава во оваа модната конфекција “Текстил М”, со изработката на подароци упатија новогодишна честитка за професорите и вработените во каменичката гимназија. Училиштето на својот официјален налог упати благодарност до учениците и професорките, за успешно реализираната идеја, честитајќи им ги Новогодишните и Божиќни празници на вработените во Текстил- М, со желби за поуспешна соработка и многу заеднички активности во Новата 2023 година.
Празничен бонус за вработените, новогодишни пакетчиња за децата и пакети за социјално ранливите групи во заедницата од Рудник САСА Македонска Каменица, 29.12.2022 – Покрај поддршката што ја дава во текот на целата година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници рудникот САСА обезбеди пригодни подароци за различни групи граѓани од локалната заедница, со цел сите да можат да ја почувствуваат празничната атмосфера. Сите деца од предучилишна и училишна возраст во општината Македонска Каменица добија новогодишни пакетчиња, а за 150 социјално ранливи лица и семејства од заедницата САСА обезбеди пакети со прехранбени и хигиенски производи. Исто така, за вложениот труд…
Двете непоразени екипи во младинското кошаркарско првенството во М12 категорија (жени) приредија вистинска драма во меѓусебниот дуел одигран вчера во Делчево. Во трилер завршницата ЖКК Баскет Кам М12 успеа со 37:35 да слави против ЖКК Патриот Делчево. За огромната желба и мотивираност за победа во соседското дерби и изедначеноста по квалитет говорат и двете продолженија на натпреварот. Со вчерашната победа најмладата екипа на ЖКК Баскет Кам останува единствена непоразена екипа во категоријата. Кошаркарките од Македонска Каменица до 12 годишна возраст, како и сениорскиот тим на ЖКК Баскет Кам ќе презимат како есенски шампиони на Македонија.
Екипата од Македонска Каменица не ја одбрани титулата во сениорска конкуренција, но затоа триумфираше во Купот и Суперкупот на Македонија. И новата сезона ја почна извонредно, по првата полуетапа се наоѓа на првото место, единствена без ниеден пораз. Противкандидати на Баскет Кам за призннието за најдобра женска екипа во сениорски лиги беа шампионот Бадел и Вардар. Наградата ја прими претседателот на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица, Јордан Цветановски.
