Author: Media Point

Осмото коло го означи и крајот на натпреварите во календарската 2022 година. Лидерот на табелата е од Македонска Каменица Со максимални осум победи, во исто толку одиграни натпревари, кошаркарките на Баскет Кам 2011 ќе презимат на првото место во Првата лига-жени. Девојките од Македонска Каменица успеаја да го задржат стонастотниот ефект во овој прв дел од првенството откако на домашен терен беа подобри од искусниот состав на Гризли Баскет (65:56). Два бода со кои избраничките на тренерот Златко Гоцевски ја задржаа предноста во однос на првиот конкурент за првото место – екипата на Вардар. „Вардарки“ победија во Струга (76:63), но…

ПОВЕЌЕ ...

Синоќа настана зимската краткодневица, односно моментот кога Сонцето во своето привидно движење стигнува до својата најјужна точка. Зимата официјално почна, што значи дека од денеска северната хемисфера ќе има подолги денови и денови со повеќе дневна светлина. Минатата ноќ на северната Земјина хемисфера беше најдолга, а денот најкраток. По краткодневицата, деновите ќе стануваат сѐ подолги, така што до крајот на годинава зајдисонцето ќе се помести и ќе има пет минути повеќе дневна светлина. Што е зимска краткодневица? Датумот на зимската краткодневица, сонцестој или солистициј, најкраткиот ден во годината на северната хемисфера, обично се совпаѓа со првиот ден од зимата. Но…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска во Македонска Каменица започнува асфалтирањето на втората фаза од улицата “Миле Јаневски Џингар”. Од општината најавуваат дека, со изградба на нови улици и патишта, ќе продолжат и во текот на 2023 година. Со тоа поголемиот дел од инфраструктурните проблеми на граѓаните на Македонска Каменица ќе бидат решени.В Увид во денешните градежни активности и во текот на работата за реализација на тековните инфраструктурни проекти извршја градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и Влатко Димитровски, директор на ЈП Камена Река. Претходно, ЈП Камена Река го уреди поврзувањето на овој дел од градот со нова фекална и атмосферска канализација, како и…

ПОВЕЌЕ ...

СОНЧЕВО СО ЛОКАЛНА ОБЛАЧНОСТ Температурата ќе достигне до 11 степени Во Македонска Каменица наутро ќе биде студено со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност Времето утре изутрина ќе биде студено, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот ќе сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Tемпературата ќе се движи  од 5 до 11 степени.

ПОВЕЌЕ ...

КИЦ Романса Македонска Каменица најавува Предновогодишно Стенд ап Шоу со популарниот Бојан Велевски. Четврток, 22. Декември 2022 година. Почеток 19:00 часот. Дом на култура Македонска Каменица. Картите, со цена од 100 денари, веќе се во продажба. Истите можете да ги набавите во Домот на Култура, секој работен ден од 08:30 до 15:30 часот.

ПОВЕЌЕ ...

Македонски државјанин од Виница викендов бил пронајден мртов во Софија, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на бугарското Министерство за внатрешни работи. Како што објави медиумот, станува збор за 26- годишниот С. С. од Виница кој бил пронајден починат во близина на шопинг молот „Парадајс“ во центарот на Софија. Од Министерство за надворешни работи (МНР) соопштија дека преку македонското МВР веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и дека се во комуникација со надлежните органи во соседна Бугарија. „Известуваме дека Министерството за надворешни работи, веднаш штом доби информација за починат наш државјанин, С. С. во Република Бугарија, преку Амбасадата…

ПОВЕЌЕ ...

Утрово во 3 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.М.(41) од село Цера, општина Македонска Каменица, соопшти МВР. Лицето било уапсено затоа што околу 02.15 часот во казино во Кавадарци физички нападнал вработен како обезбедување во казиното, додаваат од МВР и велат дека По документирање на случајот , против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Маж се заканувал со поставени бомби на неколку локации во Делчево, соопштија од Министерството за внатрешни работи. „Вчера вечерта околу 19 часот во ПС Делчево машко лице се јавило телефонски и упатило закана за наводно поставена експлозивна направа на неколку локации во Делчево. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени потребните проверки и утврдено дека станува збор за лажна пријава, велат од МВР.

ПОВЕЌЕ ...

По едно чудесно финале во Катар, Аргентина на пенали ја победи Франција и го освои Светското првенство, натпреварот по 120 минути игра беше нерешен, 3-3. Во 118. минута Франција доби уште еден пенал поради игра со рака. Мбапе постигна нов гол од белата точка, негов хет-трик на ова финале за израмнување на 3-3. Во 123. минута Коло Муани имаше огромна шанса да го донесе трофејот за Франција, беше сам пред Мартинез, но аргентинскиот голман го одбрани неговиот удар. 3-3 беше резултатот по 120 минути борба, пеналите го решаваа Светскиот шампион. Во пенал серијата Кингсли Коман и Чуамени не реализираа, Мартинез…

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалскиот тренер и поранешен фудбалер Синиша Михајловиќ почина на 53 години од леукемија, потврди семејството за италијанските медиуми. Михајловиќ беше југословенски ререзентативец и дел од тимот на Цевена звезда кој освои ја осовои титулата на Лига на шампиони. Михајловиќ играше за Борово, Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, беше тренер на Србија, а како тренер ги водеше Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг од Лисабон и Болоња. Кариерата како фудбалер ја започна во својата татковина, во тогашна Југославија. Роден е во Вуковар, а израснал во блиското Борово, каде ги направил првите чекори како играч. Се пензионираше во 2006.

ПОВЕЌЕ ...